Како дозволив да се изгубам себеси? Каде се изгубив? Кога се случи тоа? Зошто не приметив кога се случило?
Ми се вртат само некои лоши мисли... ми се врти во главата дека животот ми е за нигде... дека дечко ми ме лаже, не ми обрнува внимание, не ме сака доволно... се плашам од ова... Дека никогаш нема да бидам среќна итн... Пуст песимизам мој....
Да соберам храброст и да заминам на одмор сама, да се одморам, да си ги средам мислите и чувствата. Море,, коктели, забава ...
Што понатаму...иднината ме плаши, сегашноста не ми се допаѓа, некако не сум безгрижна како порано.... Се надевам дека брзо ќе помине овој лош период...
Мисли ли на мене,мисли ли на зборовите од вчера,зошто остана толку доцна и зошто не ми кажа дека ке си оди денеска..Ке се јави ли кога ке дојде,ке го направи ли тоа што јас се плашев да го направам..
Стварно некој седнува и ја чита темана Писмо до непреболениот или само туку така колку да си олеснат членовите служи
Ако оваа штикла е тука.. каде ли е другата? Не се Селам веќе преку глава ми е сакам тим чистачки патем зошто ми иде техно верзија на џингл белс у позадина!?
Мислата што ми се врти во главата е: Опушти се, не дозволувај животот да ти помине во ништо, исполни го најубаво што можеш! Ти ќе успееш во тоа што го посакуваш, само не се предавај!Биди храбра!