Ќе заврши и ова патешествие. Ќе ја извојувам и оваа битка. Уште еднаш ќе си потврдам дека сум силна, ама дали ќе бидам среќна...
На твојег извора моја се душа напила, жедна твои година, и Сада мамурна пита где ке утеха, где ке младост нестала
Толку мисли ми се испреплетуваат, пишана верзија на мојот мозок моментално: "А, да си легнам? Или не? Ај па ќе си легнам, сабајле(не бе какво сабајле, 12 саатот) како утепана сум. Ај уште едно мислење ќе пишам, аааа еве интересна тема. Леле, 9ти месец, уште еден месец и факултет. Како изгледа првиот академски час? Што ќе биде со резултатите?Ама ќе се разочарам...Не ми се верува дека ќе станувам рано, а види ме сега, си стојам до касно. Ааа... мора да фатам биоритам, ќе навијам аларм. Ми заминаа мислите откако ги напишав, време е за спиење? Ајде, може. Утре ќе јадам крокети. Аман више од ПМС-ов, ме болат градите и само се прејадувам благо. Задутре ќе добијам, така ми гледа........."
Како некоу други луѓе одма сњ спијателуваат со некого, а мене не ми оди тоа така? Зошто ми треба сто пати да се видам со човекот за да почнам да го осеќам за близок? Постојано сум во контакт со луѓе и на крајот пак се осеќам ко да не правам пријателства? Што ми е стварно?
Единствена мисла ми е , за што попрво да почнам да мислам... Шолја какао, Бетовен и розев слон од боенка за возрасни.Боичките ми се топ. Луѓено кога завршуваат една работа , им олеснува па ослободени влегуваат во нешто друго. Јас чекам утре да заврши нешто, за да почнам да се секирам за другото нешто, ново Кое не знам каквбо е, како ќе мириса, изгледа, каква форма ќе има....Како бе така? Оти не е полесно, помалку заплеткано? А се спремаш за ова, некој период за на крај пак да биде несредено. Од тука па натаму, изменети термини, рокови, во глава и општо. Грандиозното чувство на страв присутно, дали е доцна, дали си испуштил оглас, рок, формирана група... А месецов септември, родендени, настани, дешавки капак и хаосов нов. ОК , септември е за промени. Какви било, да се десат. Ама многу се, многу дрма , мајке ми И дрма и драма.