Уште пет денови ! Како ќе биде и како ќе издржам ?! Дали ќе се подготвам добро? Се надевам дека нема да погрешам и дека се ќе биде во ред .
Serafima, секако мила дека ќе биде се' во ред. Незнам за што се работи, ама верувај ти ја давам сета среќна на светов. Се' ќе заврши добро! Иначе мене мисла која ми се врти цел ден е, кои хулахопки да ги носам утре , и дали воопшто ќе решам нешто на хемија тестот, составен само од задачи, хемиски формули, реакции и разни други срања у боја.
Низ соседиве се `крие` крадач на мачки. Моиве најубави слатки и средни по раст маченца си ги чувам скоро 6-7 месеци и несакам да ми отидат така..да бидат украдени.Обично кога излегувам дома сабајле во 7 сум целата заспана можно е да заборавам да ги внесам внатре за да не ми ги украдат..Леле мора да ми текне да ги пикнам внатре а не на тераса да ги оставам.
Господи Боже те молам нека ми заврши работното време побрзо не можам да издржам денес! и прашањето колку е часот постојано ми се врти секоја секунда, 20 пати помислувам на него додека се смени минутата