Не видов некоја тема каде што може да се искажуваат мислењата за новата платформа, па направив една. Што мислите вие? Што ви се допадна, а што не на платформава? Мене ми се допаѓа што има известувања, трофеи и опција за правење на анкета. Не ми се допадна тоа што како и порано, категоријата „Дом“ е каша попара... Боите на форумов воопшто не ми се важни и не се бунам за нив. Спојлер ако може слични мислења да се пишуваат на некоја друга тема, нека оди темава во канта
Супер е темава. И јас мислев да направам. Ми се допаѓа тоа што има известување. Далеку е помодерна од предходната. Ама некако мие малце пренатрупена.
Мене мноооогу ми се допаѓа новава платформа, иако се плашев да не биде грда и да не неможам да се снајдам. Ептен позитивно и освежувачко ми делува кога ќе го видам новиов форум. Преубав е, само пофалби имам вредеше колку и да чекавме. Лајк!!!
Убаво ти текнало..во сите теми по нешто се пишува како била убава,розева,чуднаа..распрчано бешее..вака сега на едно место и готово..Да се знае!!Да има некаков ред!Браво,убаво ти текнало!
Мене многу ми се допадна што има известувања. Тоа го баравме цело време, и еве го конечно! Може малце смајлињата ми се чудни, но ќе се навикнам на нив. Сепак, одлична работа извршиле и вредеше чекањето.
Ми се допаѓа тоа што има известувања. Не ми се допаѓа тоа што нема чет. Тешко ми е за снаоѓање сега со овој панелот над мене. Многу ми е чуден. И тоа е.
Ми се допаѓа. Можеби е премногу розево, но се друго е во ред. Мислам дека е подобро без цветчиња, а и новите смајлиња се супер. Во главно сум задоволна.
Реков ја многу ми се допаѓа, очекував и бев ЗА нова платформа на форумов. Немам никаква замерка, веќе се накикнав. Супер си е се.
Мене лично ми е малку чуден форумов вака,но ќе се навикнам.Ми се допаѓа тоа што има известувања,но жал ми е што повеќе немаме цвеќенца.Друго,од телефон дека се вклучувам не е толку прегледно како порано,ама ќе се снајдам,сѐ на сѐ ми се допаѓа новиот изглед.
Мене ме поттикна да си направам нов акаунт зошто со стариот имав нешто проблеми со добивање на поштата, официјално Здраво Феминки
А цветчињата каде ни се? Па тоа највеќе ме радуваше зошто кога некоја феминка ќе добиеше некое ново цветче одма бре частеше низ темата ,,Цветчето'' (така ли се викаше таа тема? ) Те коктели,колачи мх мх . Шала на страна... Супер е,само ќе ми треба време додека се навикнам.
Многу ми се свиѓа, и бојата и известувањата и се . Сега дека ново ми треба време додека да се снајдам и да се навикнам, ама ќе биде . Кога ги видов емотиконите се пресмеав за ова
Mi se dopajga noviov forum i bojata,izvestuvajnata,opcite i recisi se,samo mali delovi megu koi i toa sto si bese fore desno za da pisuvame na makedonski a jas od tel e sega ne izleguva i mi ostanuva latinica
Супер е форумов, мене баш ми е жал за цветчињата така убаво ми го красеа делот под никот но за разлика што добивме известувања и поголема уредност тоа не е ништо.Се се е убаво само нека ја тргнат прекумерната бела боја многу ми ги замара очите.Инаку најдобри сте Фемина * морам да кажам фала за ова човечево многу ќе ми ја олесни работата
Мене ми е многу убава новата платформа, ептен е пофункционална и посредена. Ќе ми треба време да ги научам смајлињата, на другата можев мижејќи да кликнам на тоа што ми треба Единствено не ми се допаѓа тоа што аватарите се во форма на круг, поубави ми беа старите. Дали биле од лева или десна страна - сосема небитно. И фалат нови категории, ама тоа веројатно допрва ќе се средува
ми се допаѓа и на мене особено бојата , вака-така веќе се навикнав...не ми се допаѓа само што во неодамнешни активности го има и она кој каде стегнал like .
Ми се допаѓа новиот изглед, многу е пофункционална од старата. Фалат цветчињата, не велам не Се на се, поубава е