Овде како што гледам во известувањата и онака само неколку дена наназад се има преглед, после самите се губат. Мене поентата ми беше дали може да се направи некакво проширување и со нотификациите за нови одговори како што можело со означувањето. Зашто и без тоа со 20 мислења на страна малку се измени и прегледноста на форумов, па уште и известувањата да не се по редослед... А за надгледување теми, сигурно логично е да надгледувам некоја со послаба посетеност, инаку тие најактивните и поновите постојано ти се пред очи и нема потреба од тоа. Мислам, ОК, вие си знаете какви опции имате на располагање.
UPDATE: Работиме на опција за избор на потемна позадина по желба. Сега нема ограничувања. Таблет? Пробај landscape и би требало да се појават. За жал недостасува тоа копче, а признавам дека беше многу корисно. Ќе проверам дали би можеле набрзо и тука да имплементираме таква опција.
Досадна ќе станам Како да направам да не ми се гледа мојот онлајн статус и мојата моментална активност? Во приватност тие треба да бидат штиклирани или не?
А зошто можам да ги читам мислењата на сите членови, воедно и моите, кога не сум логирана??? Вчера читкав нешто, не бев логирана и по грешка, случајно стиснав на мислењата кај една членка и ми ги отвори. Идам кај други, пак ги отвара, одам кај моите, и нив ги отвара. Можеби некој веќе пишал за ова погоре. Не знам. Ама мене воопшто не ми се допаѓа. Така може кој сака да ни ги чита мислењата. Ова требаше дури построго да се направи, да не може да ги гледа мислењата секој член што има помалку од 50 мислења (пример), а не на изволте да се сите наши мислења на буквално секој. Не, не, не е во ред ова. Променете нешто. Другото си е ок. Немам замерка, се' си е функционално и на дофат.
Не си досадна. Кој пита не скита. Оди на твојата иконка горе десно и најдолу имаш „Покажувај дали сум онлајн“. Одштиклирај го. И да знаеш од кај тебе секогаш ќе се гледа дека си онлајн, ама ние нема да можеме да видиме. Можеш да го промениш тоа самата мислам. Се зборуваше пред некоја страна ама еве: Одиш на твојата иконка горе десно па „Приватност“, и штиклирај си. Инаку дојдов да кажам дека многу ми се допаѓа новото иконче на фемина. Супер е.
Сега директно реклами и на форумот ќе има? Што е работата со подарокот од ДМ? Наградна игра за најсладникави рецензии?
Па, не би рекол дека се реклами. И порано биле подарувани производи, едноставно сега одлучивме тоа да се случува почесто поради големиот интерес. Сите светски женски медиуми подаруваат производи, еден куп блогерки пишуваат рецензии, па сметавме дека е исклучително позитивно истото да го организираме и на Фемина. Создадена е посебна категорија за целта, па доколку не сте заинтересирани, едноставно прескокнете ја. Меѓу другото, дури и кога би имало реклами, не гледам зошто тоа би било чудно. Дури и најголемите странски форуми (па и друштвените мрежи како Facebook, Twitter, Instagram) се издржуваат со помош на реклами.
@mihajlo , кога си веќе тука, сакам да прашам како можам да пребарувам мои мислења во одредени теми? Порано одев на моите мислења, па во лентата го пишував името на темата и ми излегуваа мислењата, сега не можам да се снајдам. Има решение за ова?
Знам дека во приватност се подесува за тоа кој, што може да гледа од твојот профил. Ама конкретно за ова што јас го кажав, нема опција дали сакаш или не сакаш, туку на сите им се гледаат мислењата. Мене сите ми се штиклирани на "само членови". И вчера проверив и еве сега повторно. Значи не е до тоа. Туку воопшто не постои избор за овој проблем, барем јас не најдов. И мислам дека треба и тоа да го средат. Секој член поединечно треба да си одбере дали сака или не.
@Lella кога ќе влезеш во темата кликни на барај, штиклирај пребарај ја само оваа тема и внеси го твоето корисничко име во Испратено од членот.
Абе како мислења во тема може да се видат, ама да ти оди некој кај тебе на профил не може да ти пребарува. Не може ни профилот да ти го отвори ако не е регистриран.
Може и гостин да ти ги пребарува мислењата Еве сега се исклучив, таму каде што беше штиклирано, одштиклирав, се одјавив, најдов некое мое мислење и кога кликнам на бројот на пораки право ме носи на листата со сите мои мислења... Тоа не можеше на старата платформа...
Фала Реин, ете кај се криел зајакот. Луѓе, што зборувате инаку? Не знам за вас, ама кај мене, кога ќе се одјавам ниту на @Daydream, ниту на @Sky-butterfly ниту на @tinka-mace профилот не се гледа. Немајте гајле, се’ си работи.
@Lella не зборувам за профилот, да, тој не се гледа, ама кога си одјавена и кликнеш на бројот на пораките, значи тоа долу што ти под аватарот пишува бројот на пораки, право покажува сите мислења на членот.
Токму тоа се обидувам од сабајле да кажам. Се гледаат сите мислења на сите членови, без да се логираш.
Одштиклирано е то, значи кај вас не се гледа дека сум онлајн, само јас гледам? И не ми се допаѓа тоа што не можам да си го видам мислењето, пред да го испратам
@Adi888 пред да го испратиш мислењето кликни на повеќе опции и имаш таму Преглед. И да, само ти гледаш дека си онлајн.