Сепак се' уште може да се гледаат мислењата. Кога ќе се кликне директно на било кое корисничко име, се појавува црно мало прозорче каде што ги пишува општите податоци за членот. Пораки, допаѓања, аватар, последна посета, прво регистрирање и трофеи. Тука дава опција за да се видат мислењата, односно може да ги отвориш пораките. Пробај и ќе видиш. Сте средиле ама половично, ова можеби сте го заборавиле.
- Дозволете промена на ник. Новите членови имаат избор кој нам не ни беше достапен, пр. можат да бираат кирилица/латиница, при зачленување ги предупредувате дека не е дозволена промена понатаму откако ќе се зачленат... дајте барем една можност и после пак забранете. - Тргнете го она Најактивни нови теми од почетна. Ако треба нешто да стои, тоа треба да бидат општо најновите започнати теми, а не најактивните нови, најактивни се обично оние кои ги отвориле тролови или пак оние од типот бракови, разводи, спиела со вујко му на швалерот или не знам како. Срамота е за имиџот на форумот да стојат такви малоумни глупости со денови, не ми е јасно како не забележувате. - Може и да се врати на старо периодот за редактирање, од половина час на час. Другото е ОК, немам замерка.
Македонија не влезе во ЕУ, ама фемина доби нова платформа. Аферим! Можда па и не е толку нов, само јас прв пат го гледам. Познато ми е функционирањето на платформава и други наши и странски форуми ја имаат истава или пак слична, само мене малку ме зачудува што целата посветеност и напори останале на разлепшување на форумов во буквална а не преносна смисла на зборот. Можда не го расчепкав детално, но од толку колку што успеав да разлистам категориите се исти непроменети, нема ништо ново, освен ДМ катчетп што е навистина за пофалба, ама не мислам дека е доволно. Барем јас очекував некоја поинаква промена освен целосно разрозевување и дотерување. Очигледно сеуште најголема грижа ни е приватноста, без разлика што таа приватност значи дека сега непознатите нема да можат да ни ги читаат постовите за која боја на лак од каде да ја купат и колку. Искрено сметам дека треба многу да се прошири форумов, да се избришат или спојат многу теми и да се поделат поубаво во повеќе категории. Затоа што вака испаѓа како старата добра поговрка- vuk dlaku menja ali cud nikad. Али убави сме, стварно сме поџиџани вака. Да не биде само кривење лице и стварање на брчки, ми се допаѓа новото катче на Дм, давањето поклони за резензии, светски потег. Корисни се нотификацииве, али најдраго од се ми е што нема ограничување на пораките, убаво што и тоа сте го усвоиле. Залудно потрошено време. Продолжете да работите уште повеќе на подобрување на форумов не само од естетска смисла, зашто без разлика на се, знае да биде едно фино виртуелно прибежиште не само за кога треба да ги налакираме ноктите, туку за многу посуштински работи од тоа
Mene starata platforma mi beshe podobra, koga go vidov ova kje dozhiveev shok, ista Kajgana samo shto Kajgana e poinakov forum i odgovara da funkcionira taka, Femina ne e tolku aktivna. Se cuvstvuvam kako forumot da e ponazaden otkolku porano. A shto znachi copyright 2010-2014, dali vo 2015 forumot kje bide tehnichki zastaren?
Тоа не беше сменето бидејќи админите не обрнуваа внимание. По правило треба секоја година да се менува.
Можеби оние кои ме следат заприметија дека послабо сум на форумов од порано. Лично мене, некако новава платформа многу ме заморува во очите, зошто е пренатрупана и многу ситници има на неа. Иако, има нови работи кои се добредојдени. Она што го заприметив е, дека не се расчистени некои форумски имиња кои се атрактивни, но зафатени, па некои немаат ниту едно мислење (изгледа колку да се зачленат за да чепкаат низ членовиве). Тука може да се дадат некои ограничувања, на пр. без 50-100 мислења да не можеш да `ровариш` кај членовите, или без некој минимум да им се бришат профилите.
Порано кога кликнувавме ми се допаѓа се менуваше бојата. Сега можеш да кликнеш по грешка и да не забележиш. Мислам дека треба да преземете нешто тука. Ќе видиме за еден месец. Ако не го сменат ќе те цитирам за да те потсетам
Откако се смени платформата поретко "висам" на форумот, бидејки потешко се снаоѓам и тоа ме заморува, многу детали и ситници.. Сега почнав да се навикнувам... Мноогу ми фали старата платформа!
Абе ако не го сменат нив цитирај ги, шо мене. Не сум ти јас крива што животот ти зависи од тоа која година ќе ја пишува таму.
Ќе те цитирам да ти покажам колку ништо не знаеш и пак се буташ тука да одговараш кога никој ништо не те прашал