Освен тоа што кога се уклучувам преку телефон е ужасна, несредена, буквите се преклопуваат, другото си е ок
Убаво е.Дотерано е.Розово е се .Смајлињава се закон. за овоа се превртев од стол.Го нема она смајли што се крсти.Како и да е ми се допаѓа во глобала.
Кажав оти ми е ОК новава платформа. Се согласувам со velesanka за мобилната верзија. Кај мене генерално ОК се гледа, освен тој футер/банер горе (како ли се викаше правилно, дечко ми спие да го прашам ) е натрупан, па треба да се зумира. Еве како изгледа од мобилен:
Полека - полека се навикнувам. Дизајнот е топол некако, ама е премногу збутано. Премногу. На претходната платформа се си беше на дофат на рака. Овде има премногу бутање. Се’ уште не можам да се снајдам. Тоа што ги нема цветчињата навистина ми пречи. Колку и да не ми беше гајле какво ќе имам, тие се препознатливи знакчиња, не требало да ги тргнат. Она со следењето, не им требаше, ниту статусите. Наместо тоа да обрателе внимание на правење поткатегории. Чатот мора подитно да се врати. Не ми се допаѓа што ги смениле имињата: пораки, разговор, допаѓања, дискусии. (мислења, ЛП, ѕвездички, теми...) Оној кој го правел дизајнот ептен направил феил, зар не знаете дека меѓу розова и црвена боја нема контраст? Едвај приметувам дека имам известување или ЛП. Она „нов“ не ми се допаѓа, и не разбирам зошто е толку потребно. Кружните аватари како на инстаграм не ми се допаѓаат. Кога ставам аватар сакам да се гледа целиот, а не само дел од него. Лентата горе престанува да ми пречи, иако веројатно подобро би било без неа. И на одговорот долу се навикнав, иако, секако, подобро ми е на посебна страна да оди. А и има еден куп технички проблеми, еве конкретно еден што најмногу ми пречи: Зошто ми дава известувања за секој одговор во темите кои сум ги разгледала. Отидов во пребарувања и таму отштиклирав да ми стигаат известувања на темите. Ама пак иста песна. Се надевам дека ќе поправите. Мене ми е подобро без поддршка, бидејќи често ми се мешаат и не можам да се снајдам, а и не преферирам да пишувам од мобилен, ама гледам дека на другите им треба, така што би било добро да се стави. А верувам и дека ќе поправите. Тоа, засега.
Мене ми е супер Човечињава некако многу чуни ама ако Сега по модерна ни е фемина, голем лајк за новостите, е сега уште активни теми да откријам дали има и ако има каде се и то Има време ќе не навикнеме
Следењето и предходно го имаше, т.е. да додадеш пријатели и непријатели. Сега има да се следи и да се игнорира.
Да знам. А, да, ќе кажував. Многу имаат прашувано што значи тоа? Не ми е лоша намерата, само како може да не сте слушнале досега, па насекаде го има, сите социјални мрежи функционираат со тоа.
За промена, ми се допаѓа што не се рефрешира страната при секој лајк. Можеш на раат да си гледаш „Слики од вашите миленичиња“ Исто така, убаво е што имињата ни напишани со розово, а не со сино.
Јас веќе се навикнав Убава е,но малку е пренатрупена и не ми се допаѓа што сликите не излегуваат како порано туку треба да кликнеш на нив па да се отвори голема слика.И да,многу ми е сличен на кајгана,али шта је ту је
Најдобро од се е што ти стигаат нотификации каде што си тагнат. Секоја промена тешко ни оди на почетокот но сите се навикнуваме, супер е. Ми се допаѓаат и новие смајли, и не ми се допаѓа тоа што нема чат.
Ми се допаѓа многу. Ептен ни е женствен форумов сега Малку време ќе ми треба да се привикнам, али битно супер е, немам замерки.
Се согласувам дека е чудно малце на почеток, али ми изгледа многу подобро во однос на претходната. Особено ми се допаѓаат смајлињата, ептен се кул