Сега повеќе можам да кликам „ми се допаѓа“ бидејќи не ми ја лоадира цела страна повторно за еден клик. И повеќе кликам Известувањата се срцки.
Најмногу ми се допаѓа што има известувања, бидејќи порано ја отварав секоја тема дали некој ми вратил. Лајк ИТ
значи шо се дешава кога симона едно два до три дена ја снема и оп-фемина ја стросаа,како поклонче е машала ме густа многу вака стилот ова она јако е така..значи да ме нема работата и работите тргнаа на подобро
Ниту тоа што форумот е побрз, ниту тоа што има известувања и повеќе смајлиња не ми се утеха и не ми се доволни да заборавам колку прегледна беше претходната платформа, а сега е хаос. Пренатрупано е, премногу розево... пишав пред некој ден дека ќе се навикнеме со време, ама не ми се ни влегува на форумов сега толку често за да имам можност да се навикнам... Се на се, не ми се допаѓа.
Премногу ми се допаѓа Само што незнам за спојлер,знам како се прави али не ми се прикажува во мислењето
Не е лоша новата платформа. Малку ми е ко пренатрупана во споредба со претходната, ама ќе се навикнеме. Изгледа подобро и полесно се снаоѓав со старата. Не ми се допаѓа тоа што аватарите ни се во круг и позадината ми е многу бледа, останатото е океј.
знам знам али не ми се прикажува кога ке направам спојлер и ке кликам испрати одговор и не ми се прикажува
Јас у принцип сум особа што тешко прифаќа промени, особено на нешто на што сум толку навикната и зависна како што е Фемина, па првата реакција ми беше изненаџена и шокантна. Си стојам на мислењето дека старата платформа беше поуникатна, цветчињата баш ми фалат (да не се разбереме погрешно, како естетика и заштитен знак на Фемина), а и смајлињата беа подобри. Известувањата се супер и даваат поголема прегледност, она со трофеите и следбениците ми станува баш интересно, а и профилите колку и да ни наликуваат на Фејсбук, баш ме радуваат пораките. И да, лајкувањето е побрзо и подобро без рефреш на страницата. Четот со душа го чекам, а предлагам и да има како порано дел кајшто ќе ги пишува родендените на членките. И така, воглавно се` повеќе се навикнувам на новата платформа