Малце ми беше чудно на почетокот, додека да се снајдам што како Е само едно не ми се допаѓа, претходно имавме преглед на темите каде сме коментирале и кој последен коментирал, сега или јас не знам да најдам каде е тоа или пак нема. Ако може помош малце околу ова
Преку се` друго би преминала освен преку бојата! Како за мали девојчиња ми е бре, само уште цуцла фали да се нацрта. Опциите у главном се океј, олеснето е постирањето фотографии линкови итн, иако е се некако збутано. Но, како што кажав...Преку се` би прошла освен преку бојата! Затоа мој предлог, (ако се случи светско чудо администраторите да ја отворат темава), е да розевава боја ја заменат со виолетова. Сметам дека истата е суптилна, женствена, а и не верувам дека би пречела некому...
И јас мислам дека бојата треба да се промени, пред се бидејќи на фемина има и Машки членови и мислам дека и на нив треба малце да мислиме, сепак розевата боја некако не ми одговара за машките членови. И предлог имам Имињата на Машките членови да бидат напишани со друга боја, а не со розева
Се снаоѓам некако,ама чудно ми е додека да се навикнам. Ми се допаѓа тоа што има известувања иако многу потсеќа на фб заедно со тоа пораките на профил.Смајлињава се катастрофа и никако неможам да ги најдам бидејќи се различно распоредени. Бојата ми е океј,сепак ова е женски форум,нели ? Само известувањата кога стигаат би требало да се повоочливи,во друга боја а не во црвена. Ќе се навикнеме некако.
Срцки, а не мислете дека малце претеруваме? Сакавме нова платформа, еве ја. После толку време чекање, еве ја конечно. Добро, разбирам дека на секој нема да му се допаѓа се, но треба да се радуваме дека конечно направија нешто ново. Е сега бојата. Што ви е толку важна? Јесте дека малце изгледа детски, но јас веќе не ни ја приметувам каква боја е. И да стават црна, сеедно е. Тоа што е важно е дека сите сме тука повторно и пак ќе си се дружиме. Дали била розова, дали била портокалова, не е толку важно. Само уште четот да ни го направат, и се ќе биде топ. ПС- Не сакам некој да се навреди за ова што го кажав, не ми е таква намерата.
Одлична многу подобра од претходната а не сум отворила нова тема одамна и ги немам видено новите додатоци таму.
денес ја откривам Америка ова де Македонија по втор пат. Гледам се зафркавате со следбеници ама никако да сфатам зошто. Дури сега разбрав за што се работи.
Па убава е новата платформа,слична со кајгана и црнобело ...Новите опции се баш добри,новите смајлиња исто ...се на се убаво е....можеби премногу розева боја али тоа е... патем да нема нова опција за промена на корисничко име?
Мене ептен ми прави мерак што после толку време, конечно почнаа да нè читаат и да ни посветуваат повеќе внимание. Еве гледам дека сега и преку мобилен е многу попрегледно за разлика од почетокот (дури и од претходната платформа), што значи дека нè послушале. И конечно се мрднавме од таа мртва точка. Искрено не ми фали минатата платрофма, ама ич. Некако здосадена ми беше. Eдинствена (мала) замерка ми е бојата. Мислам дека поубаво би дошло доколку ја има таа бебешка сина боја (поточно како што беше порано - на таа боја бевме навикнати), наместо розева. Ама сепак на подарен коњ, забите не му се гледаат. Во глобала ми се допаѓа.
Многу ми се допаѓа новата платформа како и новите опции и емотикони. Малку ми беше чудно додека да се навикнам, но сепак супер е
Ne znam ama mene prethodnata mi bese da se izrazam poednostavna za koristenje.Jas pretezno od mob.se vklucuvam i sega mi e mnogu nepregledno.Dali e do navikata ili ne vremeto ke pokaze...ima i nekoi pozitivni novini,primer izvestuvanjata sto ti stigaat.Sepak MI NEDOSTIGAAT CVEKENCATA
Мене ми се допаѓа,што ние фемининките имаме повеќе опции за да си ги ограничиме мислењата според видливоста( кој може да гледа итн.) Јас сум сретнала форуми скоро исти како овој, така да немам проблем со пристапноста и снаодливоста. Искрено.
mnogu e dobra samo na pozadinata da se stavi nekoja boja zasto bolat oci inace se drugoto e super i nema makedonska podrska ? hahhaahhaha
Не е лоша,само што мене ми треба доста време додека се снајдам што и како,така да сеа за сега уште сум Алиса во земјата на чудата,се ми е ептен измешано
Дечки, бе... Со оглед на тоа што форумов не е апликација, туку го отвараме како веб сајт - функционира фантастично. Има баш мобилна верзија. Со претходната платформа малку потешко функционираше, со оглед на тоа што отвараше десктоп верзија, па сè мораше да се зумира. Сте отвориле воопшто други македонски веб страници од мобилниот?! Десктоп верзијата не ја прикажува на мобилниот, не пак некоја специјално прилагодена.