Убавка е! Збор да нема, се потрудиле луѓето. Многу ми е јака и секси, зарад‘ розевото. Се модернизиравме, време беше.
Не е лоша, претходната многу повеќе ми се допаѓаше... имаше поубави елементарни смајлиња. Не разбирам зошто имаше потреба да се мeнува платформава кога сите категории останаа исти со истиот претходен хаос кој владееше? Планираат ли конечно да отворат подкатегорија Хороскоп за да не биде сè во Другата Наука? И планираат ли категорија Животни за да не се меша во Дом?
Па вака. За сите што велите дека барем сме се мрднале од мртва точка, не се согласувам. Кога веќе се прави нова платформа се прави за да се исполнат барањата на членовите, да се среди форумот и за нов дизајн секако. Она со средувањето на форумот никаде го нема, иако беше една од поважните работи. Ако не и најважна. А да не спомнуваме дека сега нема чет и поддршка, тоа е друго. Јас инаку се навикнувам полека полека, не ми е толку чудно како што ми беше првиот ден (лелее ) и морам да кажам некои од смајлињата ми се допаѓаат. @tinka-mace, кликни на твојата иконка горе десно, па на „Приватност“ и таму штиклирај си. *Исто така добро е што се зачувува мислењето ако одиш на друга страна. Некој прашуваше што е „Нацртот е зачуван“. Тоа значи дека ти е зачуван текстот што си го напишал во мислењето и ако по грешка кликнеш на друга страна тоа ќе ти остане зачувано кога ќе се вратиш назад.
Кај скриените мислења наместо зборовите СПОЈЛЕР би требало да направат да пишува: прикажи скриен текст . п.с. Ми недостасуваат и шарените копчиња во текстуалниот уредувач. Некако ми е многу црно-бело за доминантно женски форум. Како да е правен уредувачот од некоја што студира на машински факултет (незнам зошто, за маш. факултет имам толку црно-бела замисла). А линковите беа поубави со сина боја отколку со розова, премногу розова дојде.
колку ми е само хаотично, китено, кичесто, пуфкасто ... знам дека се е ствар на навика, ама така ќе биде веројатно некое време
Суперишка е. Ме интересира само што покажуваат „допаѓања“ и „поени од трофеи“ Далисе овие допаѓања кои некој ги дал или добил?
многу ми се допаѓа се во глобала .. по модерен, повеќе е организиран и е се е јасно , брзо се учи единствено нешто што имам замерка е тоа што луѓе кои не се членови можат да видат се , дури и се на твојот профил.. Едит: видов сега дека тоа може да се смени благодарение на мислењетo на Lella погоре .. супер е новава платформа
Баш е интересно, ме бендисват трофеите Охрабрувачки се хихи. Ми фалат цветчињата. Блиску бев до зелено ама...
ми се допаѓа.., модерна,лесна за снаоѓање.. розевата ми е омилена боја така да за изборот на боја.. одлично завршена работа
Ми се свиѓаат аватариве у крукче шо се. Ме потсеќаат на омотот од оние Моцарт куглици... една, за мене, многу драга работа.
Некој да ме просветли каде се Мои мислења? И како може да не пишува од кого е секое Последно мислење?