Воглавно ми се допаѓа, и мене ми фалат цветчињата... А со понатамошно користење сигурно ќе имаме дополна и на добрите и на лошите страни!
ОМГ..не се имав уклучено можеби 1 месец..и сега уклучувам Фемина ии како во друг свет да влегов.. Иначе преубаво е напраено..боите,тоа што има известување па дури и тоа што има опција за правење на анкета..многу е помодерно од порано..но сепак ми недостигаат цветчињата кои стоеја под нашиот ник..некако празно мие без нив ама сепак се останато е супер..па дури и новите смајлињаСупер сте
Луѓе јас немам нови мислења во полето Форум Има Означи ги сите како прочитани Пребарај го форумот Надгледувани категории Надгледувани теми Непрочитани мислења.. а вчера имав,денес немам Мистерија или?
Штиклирала јас или не дали да ме покаЖува онлајн, мене едноставно ме покаЖува и крај. Средете си го тоа.
И јас мислев дека ме покажува ама само ти се гледаш дека си онлајн, другите не те гледаат како да си онлајн. Јас уште не можам да се навикнам на оваа барбика боја, кога отварам фемина како да влегувам во некој барби свет. Може треба некоја опција секој да си бира боја на платформава. Без навреда, ама баш не ми се свиџа.
Без да се најавам си го отворив профилот и ми ги покажува сите мислења, како е ова можно, па порано имаше повеќе приватност сега може кој и да го отвори форумов(безразлика дали е зачленет или не) може да ми ги види сите мислења, приватност 0! И имам штиклирано се тоа да не ми се гледаат мислењата, само членови кои ги следам да ми ги гледаат ама очигледно не работи тоа така е ставено само како за украс.. И навистина од белава боја ме заболуваат главата и очите..
Нови мислења е променето во Непрочитани мислења, повеќе инфо тука: Технички проблеми Мислења за новата платформа Нема што да се средува, отсекогаш функционирала како што треба опцијата. Ако избереш да си скриена, самата се гледаш дека си онлајн, но другите членови не те гледаат. Пробај да се провериш од друг компјутер или од мобилен и ќе се увериш. Форумот има многу повеќе приватност од порано. Дури може да изберете пристап до вашиот профил да имаат единствено членови кои ги следите или пак со вас да можат да започнуваат разговори само членови кои ги следите. Моментално јас не можам да ти го отворам профилот ниту ако сум најавен, ниту како гостин. Навистина не сфаќам во што е проблемот. Како тоа да НЕ ти се гледаат мислењата? Никаде не постои таква опција, ниту пак има поента од такво нешто. Да не имаше нешто друго на ум? Сите достапни опции функционираат беспрекорно, ве молам без ширење на дезинформации. Според сите релевантни светски студии за употребливост направени досега, најпријатен за читање е темен текст на бела подлога, како што е впрочем и тука.
@mihajlo Направете да гледаме од кого е испратено последното мислење на секоја тема. Сега само тој што ја отворил го знаеме.
Мислам дека на сите што се бунат за белата боја (вклучувајќи ме и мене) им смета светлата (скоро бела) позадина. Бело на бело никако не бива. Еве слика отприлика да видите како би изгледало со малку потемна позадина. Или... уште поубаво да овозможите членовите сами да си ги бираат боите.
Ти благодарам Михајло за одговорот. Во иднина ако може да го задржиш трпението во одговорите за членките затоа што тоа се вика - грижа за корисници. Можеби си вложил труд со денови и сега ти е мака да одговараш на прашањата и желбите на твоите крајни корисицни и причина заради кои постои и се одржува форумот. Гледам си се потрудил да ни одговориш на поголемиот дел од нас и многу благодариме за тоа, ама во надразнет тон. Многу е важна благодарноста во терањето бизнис, имај го тоа на ум. Сфати го како желба да ти помогнат, а не да ти одмогнат и тоа е ок. И кога веке зборувате за боите, од друга страна да видиме што пишува за контрастот кој дречи од сите страни во розево и пријатноста за читање, каде бега фокусот на окото? Црно на бело во ред, ама розевото? Ако веќе се придржувате до некои истражувања, бидете во тек до крај. Голем контраст имате и уморува.