Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мислења за новата платформа

Дискусија во 'За форумот' започната од Papillon.Papi, 30 октомври 2014.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Бојата на форумот е добра и баш е пријатно за читање, мене ми се допаѓа, баш заради тоа што сакам светли бои, бидејки светлата боја го отвара окото на гледачот, веќе ако се навлегува во детали.Воопшто не претставува тоа некаква тешкотија при читање, а и ако сака некој да чита, ќе чита и нема воопшто проблем да му прави бојата, позадината каква е.Прочитав, била премногу розева, воопшто и не е премногу розева.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    148.111
    Пол:
    Женски
    зошто бројот на мисленја ми останува константен,а пишувам нови?
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    А, ви стасува ли вас нотификација кога некој ќе ве означи со @? :$

    Мене ми нема досега стасано, а гледам неколку пати ме означуваат, треба или не треба да стаса? Или тоа е само директен линк за да се знае, на пр, за кого се прави муабет, кој се цитира и слично?
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене некогаш ми стигнува, ама некогаш не.
    А имам приметено дека не ми стигнува нотификација за поздравите кога се означени феминки одма една по друга. Да не има тоа врска? :?:
     
    На cresa-jagoda, Lella и Doozy им се допаѓа ова.
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ Има со тоа дали некој друг те означил на истата страна, затоа кога го отвораш известувањето пишува можно е да има уште мислења по ова.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464

    Еве ова сакам да го кажам, без да се најавам може да си ги отворам мислењата. :(
    jj.png
     
  7. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    Tinka-mace така ти покажува затоа што најверојатно не си направила измени во приватноста на профилот. Оди на Приватност>Лица кои можат да... >Ги гледаат податоците на мојот профил и одбери Членови или Само членови кои ги следам. Така, кога нема да си најавена, а и било кој друг гостин нема да може да ти го гледа профилот и активноста.
    Worried.bt ако пишуваш во некоја од темите во Кафе муабети, мислењата пишани таму не се бројат. Така беше и на старата платформа.
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Еве вака ми е моментално, кажете ми што да направам, кое да го отштиклирам или...?
    kkkk.png
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    @tinka-mace добри ти се подесувањата. Не може да ти се гледа профилот, ама мислењата не може да се скријат целосно. Сепак, ова е форум, место за дискусија и би немало смисла да не може да ти се гледаат воопшто мислењата.
     
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Јас не пишав(или барем не мислев :D) да не ми се гледаат мислењата целосно, туку сакав да прашам зошто така ми прави, а се е добро направено за да не ми се гледаат мислењата за тие кои не се најавени или зачленети на форумов... :angel:
     
    На Mihajlo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mihajlo

    Mihajlo Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    20 ноември 2008
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Машки
    Последното мислење се појавува десно во листата со теми:

    last-post.jpg

    Изборот на сивата нијанса е направен на IPS дисплеј од висока класа кој ги прикажува боите со релативно висока точност (ΔE ≤ 2). Од една страна не сакавме форумот да делува темно/сиво, а од друга страна се трудевме да има доволно голем контраст помеѓу белите полиња за содржина и сивата позадина. Затоа се одлучувме токму за оваа нијанса. Избраната палета на бои е тестирана и на повеќе од пораспространетите екрани на мобилни уреди (iPad, iPhone, Samsung Galaxy) и изгледа добро.

    НО, постојат еден куп различни екрани за компјутери/лаптопи и практично е невозможно да се оптимизира контрастот за сите нив. Мнозинството од сите широко распространети компјутери користат дисплеи со TN матрици кои се инфериорни во правилното отсликување на боите. Погледнете го вашиот монитор одгоре и ќе изгледа многу посветло (контрастот ќе исчезне); погледнете оддолу и ќе изгледа многу потемно (контастот ќе биде засилен).

    Забелешките се земени предвид и ќе се обидеме да избереме нешто потемна нијанса која би претставувала подобар компромис.

    Btw, ми падна в очи Сафарито. Ако не се лажам, на поновите Мекинтош компјутери има без исклучок дисплеи со IPS матрица, па не би требало да имаш проблем со контрастот. Може да те замолам да споделиш кој модел го користиш? (може и во приватен разговор)

    Известувања за означувањето добиваат само првите 5 означени форумџики во секое мислење. Ова ограничување постои за да се спречи спамирањето. Сепак, можеби би било добро да зголемиме до 10.

    Форумот има опции за максимално да го скриете вашиот профил и коментарите на профилот, опции за да ограничите кој може да ви праќа приватни пораки, опции за да оневозможите другите членови да ја следат вашата активност (допаѓања, следење на нови корисници). Да, други корисници можат да ги гледаат вашите мислења, но тоа едноставно е начинот на кој функционираат интернет форумите.
     
    На Lella, Doozy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Тогаш можете да преземете нешто и околу известувањата за надгледувани теми? Јас по таа логика тргнав, зашто доаѓа нотификација за само едно непрочитано мислење, не и за останатите. Чисто за увид мене би ми се допаѓало за сите нови мислења да добивам известувања.
     
  13. Mihajlo

    Mihajlo Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    20 ноември 2008
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Машки
    Доколку одредена надгледувана тема е прилично активна, а вие не сте се најавиле неколку дена на форумот, лесно може да се случи да се напишат 200-300 мислења во темата. Во таков случај би добиле 200-300 известувања само за една тема и тоа за 2-3 дена. Тоа е претерано и непрактично, па токму затоа известувањата функционираат вака:
    1. Избирате да надгледувате одредена тема.
    2. Кога некој ќе напише мислење, веднаш ви праќаме известување за да знаете дека има нова содржина во темата.
    3. Сè додека не дојдете да ја прочитате темата, не ви праќаме повеќе известувања, бидејќи веќе сте известени дека во неа има мислења кои не сте ги прочитале.
    4. Откако ќе ја прочитате темата, повторно ви праќаме известување веднаш штом некој прв напише мислење. И потоа во круг.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    35.397
    Пол:
    Женски
    iMac имам. Дисплејот му е IPS и имам контраст, ама според мене позадината е сеуште многу светла. Како и да е, сметам дека би било убаво да постои можност членовите сами да си го прилагодат дизајнот според сопствените потреби (доколку платформава овозможува такво нешто)
    Инаку, далеку од тоа дека дизајнов е лош, меѓутоа овие критики (да ги наречам така) треба да придонесат тој да се подобри и да биде колку што е можно поприфатлив и подопадлив за повеќемина членови.
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Јас неколку дена ја разгледував новава платформа, и ми смета само то шо не нема Активни теми како на старата платформа, така некако ми беше поубо, вака треба се да барам по темите.
    А многу добро е то шо кога некој те цитира, ти лајкна ти стига во известувањата, браво за тоа.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    @Adi888 има активни теми, оди на 7ма страница од темава, Михајло има објаснето за Непрочитаните мислења и последни мислења.
     
    На Gordana10 и Adi888 им се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Фала @RainBow :D
    Инаку имам прашање јас уште едно :angel:
    Пораките не се ограничени до 100? знам дека на старата платформа не можеше од 100 нагоре, а гледам кај мене в пошта имам преку 100 овде во новата...
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    @mihajlo Еве јас како гледам

    Screenshot_2014-11-09-21-55-20.png
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да прашам дали уште ја има кратенката што постоеше порано - да може да му се прати лп на одреден член директно од постот кој што го напишал, затоа што јас веќе не ја гледам.
    Разгледував мислења во темата Фемина инстраграм и сакав да прашам за рецепт во лп, ја барав кратенката за лп, нели порано кога кликавме на неа веднаш се отвореше прозорче за порака со наслов од темата каде што е постот и со постот во цитат, ама сега тоа не го видов.
    Доколку го нема сметам дека треба да се додаде, затоа што некогаш е многу попрактично така да се започне разговор, отколку да отвараме целосно нова порака, па потоа да се враќаме на темата за да го копираме цитатот.
     
    На sweet-cherry и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Moira, чим гледаш од мобилен, можеш и на самото тоа кај што ти пишува кога е напишано последното мислење да кликнеш на тоа, ќе ти го отвори последното мислење, ќе можеш така да видиш од кого е последното мислење :) Може и така, баш сега се уклучив од мобилен, на тој начин го отвара последното мислење, може да се види исто и од кого е.Може и имаш проверено така :)