Овде можете да оставите цитат од мислење кое сметате дека е убаво, опширно и паметно напишано. Мислење кое ви оставило убав впечаток и од кое може нешто да се научи. Нешто како на пример ова... Ми има оставено впечаток уште од кога се зачленив на форумов. Повелете
Нешто слабо цитати на темава, мислам дека не е до толку тапа форумов Еве нешто друго од мене, чисто колку да ја освежам темава и да ставите и вие по нешто. Значи, да напоменам, секогаш кога ќе прочитате некое мислење што е убаво и содржајно напишано, што се согласувате со него ставете го овде. Да знаеме што вреди на форумов и во ова посебно катче да се издвојува. Тоа ми беше првичната замисла.
Здраво Драги Мои! Одамна немам коментирано на форумов но Нама е причината одново да се јавамОна што таа во моментот го преживува јас го поминав пред една година а траеше деветнаесет години! Зошто и Како?Виновна се најдувам себе си па и секоја жена, ќе прашате зошто?Затоа што жената сака внимание,трпение,некој да биде постојано до нејзе и да и помага и наравно да и каже дека ја сака.Затоа што жената кога дава ,дава а очекува и возвраќање И затоа што жената кога е напуштена и осамена реагира бурно,нападно и сака да докаже и покаже дека и е потребна нежност и љубов Ама во машкиот свет тоа не функционирало така Колку понападно и поагресивно се однесуваш толку стануваат коркачи и се оддалечуваат од тебе а за обврските да не зборуваме тие се од примерната мајка и сопруга.Зошто реков се беше до пред една година,затоа што оттогаш се се смени комплет.Се уморив од-дојди си!Каде си?Децата веќе се големи не ми треба помош за нишање и хранење(не ја ни добив таа помош) и помирена со сето тоа јас разбудив уште еден мој дел а тоа е жената во мене, не само мајката и сопругата.Се сменив комплетно,се оддадов на работата,на децата но и на мојот изглед.Гардеробата и начинот на облекување ја променив за 1000 посто!И гледај чудо-мојот сопруг почна да станува она што копнеев 19 години(Ја сметам и врската пред бракот)стана внимателен,полн со разбирање и така натаму....Значи можело ако не му кукаш,не го молиш и мислам тука ни е грешката затоа што ние имаме чуство на поврзаност кое господата мажи ги дави и затоа не сакаат приврзаност.И сега си имам маже како што отсекогаш сум сакала-меко,внимателно но јас останав истата ,да не му придавам внимание и да не го молам а сепак тој е тука! Мажите секогаш сакаат да освојуваат,освоеното не им е интересно а пак сопругата само една добра шема!И точно е тоа дека треба да бидеш курва во креветот без наводници!А за неверствата не се замарајте и нестареете него бидете жена и ќе видите што ќе се случи Кога шеташе тој а јас од работа си идев право дома наравно заради децата беше друго но сега и јас можам да шетам и да пијам кафе со колегите и одам по семинари е сега нешто не скокотка Затоа колку можете не покажувајте колку ви треба,и задржете си дел од вашата интима и приватност само за себе затоа што имате право на тоа и на крајот уште би додала бидете сите она прекрасно суштество што го створил Бог а тоа е ЖЕНА.Најтопли поздрави до сите вас! [/quote] vesne a
Го барав, го најдов. Ми остави голем впечаток уште тогаш кога го прочитав мислењево и мислам дека вреди да се постира и овде