Би додал само дека луѓето честопати не се свесни дека позади тнр. „бранители„, „херои„ „патриоти„ и сл. стоеле и психопати, злосторници кои не биле многу подобри од напаѓачите (куп примери од II.светска војна и од Германија и од СССР и од САД и од Југославија и тн.) и тн. За разлика од нив современиве девојки со селфија можеби делуваат смешно и површно но барем не посегаат по убивање, сакатење и малтретирање на други луѓе.
А оние порано тоа од чиста мира го правеле? Досадно па во мисла биле дали да излезат со пријатели или да излезат со оружје и да убиваат? Колку е глупава споредбата погоре на сликата, толку и вашето бранење на девојките со уши на сметка на храбри жени од минатото. Чему споредба? Ко да немало и тогаш жени кои биле површни и тоа се огледувало во други работи соодветно на времето во кое живееле, или пак денес нема храбри жени кои менуваат свет на свој начин. Споредувајте соодветно.
Јаневски напиша: ↑ Религијата е древна експлоативна алатка за групирање и контрола на народот. Конкретно на темава, разликата е во тоа што, генерализирано, едните се интровертни другите се екстровертни. Секоја идеологија што го наказува човечкиот род, непотребно го продлабочува општествениот јаз и служи за остварување на индивидуални цели на некоја владеачка класа е општествен рак. Ние како луѓе не сме исти, не сме еднакви, но и не сме до толку кардинално различни, за некој да се поставува над некого како дар од Господ. Од темата Ислам и христијанство - една порака или различни религии?
Каранџи многу добро кажано. Сепак секоја чест за @Rama која имаше доблест да си признае дека згрешила.