Одамна немам прочитано толку едноставни реченици кои кажуваат многу. Да не заборавите, повторно ке напишам - депресијата е болест.
Желбата за: 'Подобро утре' Ми дава надеж тоа што Imagine од John Lennon тлее во повеќе Македонци отколку што мислев...
Алал да ти е Рефке за напишаното, ме допре длабоко во срце, зашто многуууу добро, за жал, знам како е да немаш, му се тресеш и на денарот, зашто секој денар во таква ситуација е најважен... Затоа кеса купувам само кога имам купено повеќе работи, па поради тежината ми треба поцврста кеса. Инаку ич не ми чуе што ќе рече некој, си земам за помалку и за полесни работи од тие кесите за овошје и зеленчук. Ај уште нешто да кажам, минатата власт е таа што не донесе до питачки стап, ова со наплатувањето на кеси тие го направија, како и последниот денар на човек да му го исцицаат, какви ли не трошоци за народот измислија, затоа за нив ни на сон нема да гласам. А претходно убаво си беа бесплатни кесите, па никој немаше потреба да зема од тие за овошјето и зеленчукот, па некој да го оговара по форуми...