Секој да го прочита мислењево и да го памти Долг пост кој со внимание го прочитав Убаво е @theowndemon што си решила да го пишеш ова
Многу добро и реално кажано. Обично новите верзии ги критикуваат како се површни и вулгарни, а старите приказни се како нешто свето, веројатно поради носталгија. Сѐ е во ред со почитување на глумците и дека тоа време реално е отсликано, но страшното е што некои поуките сериозно ги разбираат и и за во денешно време ги сметаат за соодветни вредности - посебно оние за жената покорна домаќинка.
Не дека ми е омилена @Rama туку е навистина членка која треба да ви служи како пример на многу членови. Без разлика на нејзиното размислување, секогаш се труди својот став да го изнесе на начин без да навреди некого и без да се испокара со некои членови. Целосно се согласувам со Рама
@cresa-jagoda Рама е апсолутно срце, камо сите да беа ко неа. Инаку идев за ова: Јас викам, ако основата на твое мислење е базирано на не почит и не почитување на слобода на говор и основни права, не очекувај почит назад и после да кењаш дека застапувам уствари почит, слобода на говор и човекови права. Не можиш да бараш тоа кое не почитуваш самиот. Така да амин, да шириме вака пораката да знат кој дел не можат да спинуваат!
Џоланке, секоја чест за напишаново. Нека стои тука, за сите сегашни и идни родители да прочитаат колкава одговорност носат зборовите „мамо“ и „тато“. Одговорност, разбирање и емпатија кои треба да траат со децении.