И само ќе надополнам дека секој секаде е заменлив и немојте да се жртвувате премногу, а да ви страда времето со најблиските. Работете, барајте си го своето поставувајќи повисок критериум (имајте свое јас на интервју и не се појавувајте онаму каде не ви ја кажуваат платата од старт*), најглавното - бидете секогаш флексибилни за промена ако некој пробува да ве трупа со обврски. Ако имате желба за работење, никогаш нема да сте без пари во вас. *немојте да се вовлечете во магични кругови на селекции кои немаат крај.
Скроз си во право за ова. Само секаде е истото, предизвици и борба. Пакувај куферите можеби важеше за пред 10 години.
Иако е за нешто конкретно, тие конкретни моменти ако се земат како пример, мислењево можи да е општа водилка:
Конкретното никогаш не може да биде општо, ниту како пример. Општото воедно, не значи и конкретно. @theowndemon