Неможам да поверувам колку е злобен светов,просто неможам да сфатам како ли јас сум сеуште таа со она добро срце и страв да не повреди некого.. Мило ми е јас сум цигарче. Ако ви кажам колку луѓе ми нанесоа длабока болка за овие мои 22години,ќе помислите дека животот ми е филм,дека измислувам за да привлечам внимание ама не.. Многу од вас ќе помислат дека мислам на болка од изгубена љубов,дека плачам за дечко кој ме напуштил,ама не.Само тој е вреден во целиов универзум,мислам дека само поради неговата поддршка сега не зборувам со психијатар. Доста ми е од оние стари изреки,господ гледа и враќа.Не,неможам повеќе,многу сум млада и мала во овој свет.Поминав се,од семејно насилство до спиење во влага и без дрва на -20. Од немање пари за леб,до запишување во продавници,до презир,до срам... Гледање како другите јадат а вие одбивате под изговор дека не сте гладни,а немате пари за да купите обична тетратка за испит,па им правите филмови на колешките како сте ги заборавиле парите и тие ви позајмуваат..... Лажење бидејќи немате пари за книги,па ја замолувате најблиската колешка да би ги позајми книгите за да ги ископира мајка ви бидејќи поефтино ќе ве чини ( а вие по цели ноќи пред компјутер пишувате лекции и прашање,ве болат прстите од тастатурата ама морате,ве чека колоквиум а книгите морате да ги вратите што побрзо бидејќи и требаат да колешка)... Незнам што да набројам друго,сакам да заборавам,ама неможам,ме јаде одвнатре... А вас и на луѓето од вистинскиот свет ви завидувам. Читам овде и во другите теми како се жалите за дечковци,како полагате.. Ќе созреете девојчиња,само се надевам на убав начин. Бидејќи јас созреав од солзи,од тага,и од ниски удари кои ми ги нанесе животов. Cigarce во Сдк .
Ozbilnazena"Сдк човечноста не се мери со диплома... Со моите години и работа поминав многу градови и села. Влегов во луксузни куќи на бизнис мажи и жени во кои ќе влезеш а не знаеш од каде да излезеш. Пробав медитеранска, кинеска, ма каква не храна. Има едно делче кое не се мери со ова. Но, уште ми е во мислите гостопримството без дигање, без јас сум тој сум, без лигавење, докажување покажување.. Уште А бев само пролазни жеден патник кој побара ладна изворска вод ми е во уста млекото тазе помолзено од тие стари но чисти раце. Уште ми е во уста гибаницата, тегнатото со пресна урда, уште ми е во мислите нејзината добра душа. Нејзиното гостопримство и од срце со многу љубов принесено на трпезата која не се мери ни со кралска.а. Не, не се мери со ниту една кујна... во тој скромен дом и корката леб ми беше вкусна. Не, не сум старо модна, само ценам човечност, а таа ја имаше и без диплома Немаше визит картичка но имаше насмевка која со пари не се купува. Таа ми подари неколку часовен рај а јас и подарив прегратка бакнеж во чело и ја избришав солзата која се стркала на нејзиното среќен пат чедо. Се друго материјално не е важно. И без визит картичка и помнам име, адреса и број, помнам како ја оставив со раката долго подигната додека мојот автомобил се скри во кривината. Задоволството беше мое Ozbilna zena во Сдк .Морам да признаам дека очите ми се насолзија.Ретко е денес толкава благодарност и да се цени човечноста.Ми ја враќаш вербата во луѓето така да знаеш .
Ете едвај и ја најдов темата од што фатила прашина, ама морав да го испофалам мислењево негде. Couldn't be more true, а и толку предобро кажано. Секоја чест Хипи