Мисли кои ме измачуваат

Дискусија во 'Канта' започната од anabela90, 10 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabela90

    anabela90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Најпрво едно големо ЗДРАВООО на сите !!!
    Прв пат пишувам на форумов и би сакала да не ми замерувате на некои грешки кои ќе ги направам ненамерно.
    Имам 20 години, за 6 месеци полнам 21 година. Во врска сум со момче речиси 5 месеци, знам дека не се многу, но и поради тоа мислам дека се соочувам со еден проблем.Претходно не сум имала врски подолги од два месеца и сега некако ми е чудно сево ова.

    На почетокот на врската мислам дека се заљубив во него, но после третиот месец, неможев да поднесам дека имам дечко и постојано ме водеше мислата дека подобро е да раскинеме, дека не го сакам и сл.

    Тој период беше ужасен за мене, паднав во депресија, не одев 2 недели на факултет.

    Постојано ми се наметуваше мислата ''ЗАШТО НЕ ГО САКАМ, А ТОЛКУ Е ДОБАР И ПРЕКРАСЕН СПРЕМА МЕНЕ''.
    Барав совети од некои пријателки и секоја од нив со слични или различни мислења. Некоја од нив ми велеше дека е само период и дека ке помине, истото и на нив им се случувало, имало периоди кога премногу го сакаат нивниот партнер и периоди кога неможат да го поднесат нивното присуство.

    Исто така и мислење од моја братучетка кое многу ме загрижи, а тоа е дека сум го одсакала дечкото и подобро ке биде да раскинеме.

    Сеуште сме заедно и кога е во моја близини ми е преубаво со него, но сеуште ме измачуваат тие мисли.

    Доколку има некое мислење ќе ми биде добредојдено.

    Однапред Ви благодарам .....
     
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    За 5 месеци да почнат да те измачуваат мисли и да не можеш да поднесеш дека си со него не е минлив период, туку според мене не го сакаш дечкото. Јас би разбрала во 5 години врска да се почувствуваш некогаш така, дури и во 5 години не би разбрала ама ај пак подолг временски период и монотонијата може да си го направи своетож ама во 5 месеци мислам дека не.
    Ако навистина го сакаш партенрот нема да се нервираш и запаѓаш во депресии туку со нетрпение ќе го очекуваш секој момент кога треба да се видите и нема да мислиш на ништо друго.
    Затоа, јас мислам дека ти не го сакаш и тебе ти е измачување оваа врска!
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Прво добро дојде...Второ не си морала нова тема да отвориш...
    Ти си навикната на кратки врски...Значи интересот ти трае кратко.Брзо се заситуваш и се замараш сигурно со тоа како ти е со него,каков е тој,дали ме интересира итн.Тоа е, тоа те уморува и затоа не трае подолго врската.Не си даваш шанса.Мора да се опуштиш,да си даваш волја и да си упорна во било што...Посебно во врска со дечко ако не пробаш нема ни да знаеш како е да си подолго со некого.Престани многу да мислиш и опушти се.Ќе видиш како само по себе се ќе оди како треба.А со тоа и врската ќе потрае подолго.Не можеш да се натераш со сила да засакаш некој ама па можеш да си дадеш шанса да се случи тоа.
    Биди упорна,не слушај други што ти зборуваат...секој е различен и со различни перцепции,размислувања и искуства.И пак ќе повторам најважно е ОПУШТИ СЕ!
     
    На anabela90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anabela90

    anabela90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Можеби и е тоа, ама тоа што ми е убаво со него неможам никако да го издефинирам, дека не чувствувам ништо за него....
     
  5. anabela90

    anabela90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Ти благодама многу Јулие 77. И јас мислам дека вреди и треба да се проба, а и како што кажуваат некои, вистинската лјубов неможе да се појави за 4 месеци.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Епа ако ти е навистина убаво со него нема потреба да те измачуваат мисли во главата. Не си мала да се задоволуваш со кратки врски и да ти е чудно ако врската е малку подолга. Можеш да започнеш веќе и подолга врска, само не се замарај и оптеретувај со мисли, туку препушти се на чувствата и уживај ;)
     
    На anabela90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    здравоооо!!!
    хм.. како да почнам.... |( епа вака...сакам да ми кажете дали можат чуствата да се променат само поради некоја кавга и во момент на нервоза и лутина.... |(
    бидејки јас и мојот дечко имавме караница и од сето тоа што му го кажав тој беше бесен и мн нервозен....и кога требаше да зборуваме тој рече дека сака пауза да направиме бидејки вели дека неговите чуства му се сменети...и не сакаше ни да ме гушне....и таа вечер јас бев со другарките, тој со неговите другари...и кога си отидов дома тој ми се јави и зборувавме пак но мн налутено и мн грубо....
    сакам да знам дали можат чуствата да се променат само од една караница... |(

    (сега сме пак добро, нема веке пауза ништо) :) ама сакам да знам од некои ваши искуства!
    :* :* :*
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.563
    Зависи од кавгата и од изречените навреди и добиени повреди. Ама чувствата не се менуваат преку ноќ, туку се талозат и кога ќе пукне се прашуваме како дошло до тука, па кога подлабоко ќе размислиме нештата толку време пукале по сите „шавови„ а кога ќе се потроши и последната закрпа, или дефинитивно крај или пауза, па преиспитување на чувствата.
     
    На ma4e-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Neiskusna1

    Neiskusna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site
    Imam edno prasanje -dali bi stapile vo brak so decko (veke vo vrska 6 godini) koj e vo golemi dolgovi !
    Mi vika te sakam mnogu a veke istite tie 6 godini kriese od mene deka imaat takov problem ! Mi vika deka nivniot problem se resava a od mene bara pari na zaem ?!
    pomos ve molam
    [mod-kirilica:1idiik2y][/mod-kirilica:1idiik2y]
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.904
    Неискусна, ако се од коцкарски долгови јас ти препорачувам да го напуштиш тој човек.
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Неискусна, јас колку што разбрав се работи за семејни долгови, не ми се допаѓа тоа што вика дека проблемот е решлив а од тебе позајмува и тоа што крие од тебе. Можеби криел за да не те изгуби ако дознаеш за нивните финансиски проблеми. Ако се коцкарски долгови се согласувам со Оффи бегај подалеку.
     
  12. Neiskusna1

    Neiskusna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Offspring не во долгови поради коцка ,ми вика дека поради семејни грески !
    Па да тоа него му е изговор ,не ми казал зосто се пласел дека ке ме изгуби !
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Доколку стапите во брак, ќе бидеш дел од тоа семејство, ти самата најдобро си знаеш дали сакаш да бидеш дел и од долговите,тој сега бара пари од тебе а како ќе биде понатака. Разгледај ја убаво ситуацијата, види дали постои излез од долговите, дали тие ќе се одразат на вашата финансиска состојба, дали и колку ќе треба да им помогнете на неговото семејство.... Тука има многу прашања, не можам да ти кажам ДА би се омажила, ниту НЕ, ти најдобро треба да го знаеш одговорот на прашањето што сама си го поставуваш.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.323
    Кажи му прво да се расчистат тие долгови, па после да мислите на брак.Извади се на тоа дека сакаш заедничкиот живот да ви почне мирно, а не во долгови, без разлика какви се.Вака ќе треба да си скратуваш од своите задоволства за да ги враќаш неговите долгови.Не викам дека е тоа лошо, ама да крие толку долго...Исто и би ти советувала да се осигураш дали се навистина семејни долгови.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.904
    Точно, се согласувам со Фемина90 дека треба да се осигураш. Можеби се коцкарски ама се срами да признае како што се срамел да признае дека воопшто има долгови. Неискусна, јас ти советувам да не му даваш пари на заем. Незнам каква е вашата врска, но јас се имам изгорено така и 5000 денари (од матурската) скоро ми отидоа во неповрат. Незнам колку бара од тебе, но немој.
     
  16. Neiskusna1

    Neiskusna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Vi Blagodaram na site sa sovetite sto mi gi davate ,ke moram dobro da razmislam !

    Offi , pa na nekolku pati mi ima pobarano po 100 evra,jas neznam kako ne mu e sram da mi bara drugi pari a veke starite ne mi gi vratil !
    [mod-kirilica:2j3bdnw4][/mod-kirilica:2j3bdnw4]
     
  17. Marge

    Marge Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    554
    Неискусна...морам да се умешам во муабетов...
    -прва работа-викаш дека ти вика дека те сака и ти незнаеш дали да се омажиш со него...туку така затоа што он ти вика дека те сака...а извини вака-ти него не го сакаш,не чувствствуваш нешто за човекот што си со него 6 години?
    -втора работа-не ми е јасно како може да бидеш со човек 6 години, а да незнаеш толку битни работи,мислам во долгови е човекот,не му умрела мачката....како не си го уведела тоа 6 години,али ај нема да се мешам овде
    -трета работа-кога мојот дечко би имал било какви проблеми, дали со долгови,дали со убиство (Боже сачувај) јас ке бидам покрај него за се и ке му помогнам како знам и умеам и кога ке ми побара 100 евра за да си ги реши проблемите јас ке му дадам 1000 ако имам и никогаш нема да ги побарам назад и да помислам-како не му е срам што не ми ги врати,туку ке бидам срекна ако тој може мирно да спие...неговите проблеми се и мои и обратно...ако ти го сакаш вистински тој човек ке седнеш и ке разговараш со него најискрено и ке му ја пружиш сета подршка и помош што можеш, а ако не незнам што се замараш со него...на крај краева животот е таков каков што е,на секој од нас може да му се случи тоа,па и коцкарски долгови да се,секој има свои падови во животот,али никој не успеал да се дигне од дното без луѓето кои го сакаат да бидат околу него и да го подржуваат....така да,јас искрено мислам дека треба ти да се преиспиташ и да размислиш што сакаш,дали сакаш и кого сакаш....позз
     
    На Bibko и ana-banana им се допаѓа ова.
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    Значи тоа што го кажа Марге е сосем на место..а ти всушност го сакаш ли човекот и како може 6 години да не почувствуваш дека човекот има проблеми не ми е јасно..јас со дечко ми сум 7 години па го знам како дише. и да не филозофирам повеќе советот од Марге ти е супер. поздрав
     
  19. Neiskusna1

    Neiskusna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Марге, потполно си у право ,но како можеш да му помогнш на човек кога он не сака сам да си помогне - он цело време криел вешто од мене , значи глумел цело време ! Он нема , бара на заем а живее како крал,купва,шета ....а на работа нигде не иде ! Он само у поголеми долгови може да улегне ! Ја многу пати сум му помогнала и никогаш не сум барала ништо да ми врати назад ,но сепак тој упорно криел !
    Изгледа колку си подобар -толку повеке мислат дека си глуп !
    поззз
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Извини вака девојко ама како можеш 6 г. да си со дечкото а да не приметиш некои работи, како тоа ти глумел, цели 6 г. глумел, не сакам да те навредам и да го подржам тоа дека си глупа, понекогаш љубовта е слепа, ама зарем немаше никој околу тебе да ти ги отвори очите и да гледаш малку од поинаков агол. И ако сега си сфатила дека е лажго, безработник како што викаш, манипулатор, зошто воопшто размислуваш на брак? И самата си се осигурала дека не е човек за тебе, а уште си со него.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.