1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мистерии

Дискусија во 'Канта' започната од ocila, 17 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Остарела 50 години за неколку дена
    Виетнамката Нгујен Тхи Пхуонг која има 23 години остарела неверојатни 50 години за само неколку дена, и сега наликува на старица од 73 години.Имено, по алергиските реакции во 2008 година откако земала бројни препарати и лекови кои и’ биле препишани од лекари, нејзиното лице, врат и раце забрзано почнале да стареат и девојката сега изгледа како старица.
    Лицето ужасно и’ се збрчкало така што постојано ја чеша, како последица од лековите кои девојката ги пиела очајно за да може да ја надмине алергијата.
    Но, за жал лековите не дале никакви резултати, па посетила локален лекар, кој и’ препишал лекови за дерматитис. Но, од тие апчиња целото лице и’ потекло, а изгледот на кожата се влошил по што престанала да ги пие и се свртела кон традиционалната кинеска медицина.радиционалните препарати ја прекинале влошената состојба, но како за неа така и за нејзиното семејство биле премногу скапи за да може да си ги дозволи, па затоа ја прекинала и таа терапија.
    Пхуонг започнала да носи маска кога излегувала надвор, а откако нејзиниот сопруг во 2009 година ја изгубил работата, останале без основни средства за егзистенција и престанала да зема било каква терапија.
    Целата работа ја прифатила како божја волја и не се потрудила да ја подобри нејзината состојба.
    [​IMG]
    ____________________________________________________________________________________________

    Листа на проколонати места во светот
    Во светот постојат многу места за кои се смета дека се проколнати. Обично духовите, надприродните суштества, демоните или пак некоја виша сила која делува негативно се главните удели поради кои луѓето ги сметаат тие места за проколнати.
    Австралија
    Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.
    • Арадејл ментална болница е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.
    • Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.
    • Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.
    Англија
    50 Беркли сквер - е најопседнатата куќа со духови во Лондон.
    • Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.
    • Чилингемски замок, лоциран во Нортамбрија, Англија. Страда од духови повеќе од 800 години. Бројни духови се видени овде и се смета за најопседнато место во цела Англија.
    • Во Дорсет се појавува дух со секира, кој јава на коњ. Од очевидците е опишан како воин од камено време.
    • Замокот Виндзор — домот на британското кралско семејство. Бројни духови се видени овде, вклучувајќи го и духот на кралицата Елизабета I, и нејзината мајка, Ана Болејн, која е видена како трча низ ходниците врескајќи. Меѓу очевидците е и кралот Џорџ VI, потоа Вилијам Гладстон и Ендрју, Војводата од Јорк.
    Данска
    • За Замокот Dragsholm во Зеланд се вели дека е прогонуван од духот на Џејмс Хепберн, 4-ти Гроф од Bothwell, кој бил пет години затворен таму до неговата смрт во 1578 година.
    Јапонија
    Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е
    позната локација каде се извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.

    Канада

    • За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.
    • Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.

    Кина
    Автопат Туен Мун, Хонг Конг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.
    САД
    Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видео камера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.
    • Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.
    Хималаи
    Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.
    Шкотска
    Замокот Единбург - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.
    __________________________________________________________________________________________

    Ја знаеме ли доволно нашата Македонија?
    Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, снимаме скапи спотови, а всушност не е до рекламата, туку морам да забележам ние Македонците не сме баш добри домаќини.
    Зошто?
    Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово.
    Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете? Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу, а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив? Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае.

    Колкумина од вас биле на Беровско или Дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз?
    Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.

    Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите, а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија, некои познати но за некој малкумина ги знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.

    - Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

    - Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско.
    Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.
    Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

    - Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.
    Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости.

    - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

    - Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА"

    - Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
    како измислените пештери во господарот на прстените.

    - Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
    Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица. Дебарско.

    - Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.
    Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука..

    - Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

    - За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

    - Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско,
    а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

    - Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.


    - Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
    Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

    - Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.
    Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

    - Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

    - Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

    - Прва зоолошка на Балканот - е во Скопје.

    - 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние малку фалеше да ги потопиме со вештачко езеро...)

    - Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент купил карта од еден поп и се качил на Титаник.
    Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

    - Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот...
    останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.
    Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

    - Македонија има 34 планини и 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа е Охридското кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

    - Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

    - Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

    - Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија..
    Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I...

    - Првата црква, првата покрстена во Европа - Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Дела апостолски 16.13 - " пишува: "Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни!"
    Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини..
    Токму црвената боја e сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња.

    - Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

    - Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.
    Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!

    - Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000.
    Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово
    и во други краишта на нашата земја.

    Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло.
    Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..

    Запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш...!
    ___________________________________________________________________________________
    Што мислите вие за овие мистерии?
    Ако најдете други споделете ги.
    Ако е дупла и не привлекува дискусија слодобно можете да ја избришете
     
    На bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.