1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мистерии...

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од shajla, 2 октомври 2010.

  1. shajla

    shajla Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Иако мислиме дека сме најпаметните суштества на нашава планета Земја често пати сме се нашле во ситуации да прочитаме или слушнеме некои нерешени мистерии и феномени кои сеуште неможеме да си ги објасниме... Го разгледував форумот и забележав дека нема тема: Мистерии, поради тоа ја отворив...
    Дали некогаш некаде сте прочитале некоја мистерија која ете ви оставила впечаток?

    Некоја појава на некое чудовиште, некоја необична смрт итн... нешто што ви оставило впечаток и сакате да го споделите...
    Нека оваа тема послужи токму за тоа!
    Поздрав до Вас...

    еве нешто од мене...
    Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :

    На ден 26-ти Мај 1828 година во Нирнберг чевларот по име Георг Вајхман здолгледува млад човек на некои 15-20 години како целиот во партали, куцајќи и пуштајќи неразбирливи крици му се приближува. Вајхман го прашува човекот дали е се во ред, да не му се случило нешто, но како одговор добива само неодредено мумлање - кога младиот човек му дава писмо адресирано - До капетанот на 4-от ескадрон, 6-ти коњички полк, Нирнберг.
    Сожалувајќи се на младиот, прегладнет и очигледно дезориентиран човек, Вајхман решава да се обиде да му помогне. Го носи дома, му дава јадење и гледа дека со детето нешто не е во ред, панично се плаши од разни предмети и бега од светлото...
    Единствено нешто кое го добиваат како одговор од непознатата особа е - Вајс нихт, не знам ништо. По некое време чевларот го пронаоѓа капетанот на 4-от баварски ескадрон Весениг кој зачуден го отвара писмото и чита во него дека името на детето е Каспар Хаузер, дека е роден во 1812 и дека за цело време од неговиот живот бил затворен во некој подрум под земја каде еднаш дневно има контакт со светлоста (кога му носат храна), никогаш не бил пуштен надвор од подрумот каде друштво во 16-те години робија му прават стаорците и неколку дрвени играчки. Се наведува и дека бил несакан плод на нечија страст и дека најдобро би било баш капетанот Весениг да се погрижи за него и да го запише во воено училиште.
    Весениг, немајќи намера да се грижи за Каспар го носи во полиција каде случајот треба да се разјасни. Каспар го сметаат за имбецил бидејќи не може да состави една разумна реченица. Ставен е во затвор, каде е очигледно дека Каспар е навикнат на самување и мрак. Дури и неговата конституција е чудна како некој кој цел живот го поминал во ниска ќелија, подгрбавен.
    Неговата судбина интригира неколку луѓе кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата. Со првите контакти со луќето, Каспар ги демантира тврдењата дела е ментално заостанат - напротив, за многу брзо време учи да чита пишува, а по некое време е под старателство на Георг Фридрих Даумер, професор и филозоф. Тука се случува целосна преобразба на Каспар кој за неколку месеци од неписмен и нем достигнува да чита филозофски дела и да разговара со својот ментор Даумер. Што претставува незабележана брзина на интелектуален развој во познатата историја. Каспар зе неколку недели учи да црта, ги слика првите пејсажи, се занимава со компонирање, ги употребува и десната и левата рака (амбидекстер) и ја пишува својата автобиографија.
    Во неа кажува дека не знае ни кој е, ни кој му се родители, ни од каде е, ни како се нашол во Нирнберг. Знае дека живеел во подрум, дека некој му подавал храна низ некаков отвор, дека одвреме навреме водата која му ја давале имала чуден вкус по што заспивал, дека немал видено човечко лице се до денот кога се појавил во Нирнберг, ниту кој му го дал писмото во кое се бара од тотално непознат човек (капетан Весениг) да се грижи за него (!?)...

    Оваа автобиографија го прави славна личност низ цела Европа во тоа време. Јавноста се интересира за бизарната судбина која го снашла Каспар Хаузер.
    Градот Нирнберг распишува награда за оној кој би дал информации со кои ќе се разјасни мистеријата, но никој таа награда не ја подигнува. Не постои никакво семејство Хаузер. Се отвара и истрага која по некое време заглавува, бидејќи не можат да се одделат фактите од шпекулациите кои тврдат дека Каспар е од кралско потекло од оваа или онаа династија.
    Малку по малку Каспар се надева да дојде до нормален живот, но на 7-ми Октомври 1829 се случува обид за негова ликвидација. Каспар е најден со голема рана на главата предизвикана од чекан. Обидот за убиство се случува во куќата на неговиот ментор Даумер.
    После ова се јавуваат луќе кои сакаат да му помогнат, Анселм фон Фојербах и англискиот милионер Лорд Стенхоуп, кои решаваат да го заштитат животот на Каспар. Најмен е платеник да го чува Каспар, но се е залудно.
    На 11-ти Декември 1833 Каспар Хаузер е заклан недалеку од својот нов дом.
    Убиецот никогаш не е пронајден.

    Дали се работело за садистички експеримент, стварање на табула раза од 17 години, или нешто сосема друго. Менталните супер способности на Каспар Хаузер се исто така причина за шпекулации околку неговата судбина и смрт.
    Тајната никогаш не е разјаснета.

    На неговиот надгробен споменик во Ансбах стојат зборовите -

    На ова место
    од непознати причини
    еден непознат човек
    беше убиен од друг непознат човек.

    На ова место лежи
    загатката на нашето време
    Место и време на раѓање - непознато
    Причина за смртта - непозната.
     
    На Istata od vcera, Arthur, Bitter-Sweet и 9 други им се допаѓа ова.
  2. shajla

    shajla Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Исчезнувањето на едно село

    Фотографиите од авион или сателит веќе долго време покажуваат дека на светотот постојат илјадници осамени места. Можно е повеќето од нив да се напуштени бидејќи земјиштето повеќе не може да им пружа храна на своите жители или пак поради тоа што пресушиле изворите. Но, многу места се напуштени без видлива причина и тоа под многу мистериозни околности. Поставувачот на замки Џо Лабел честопати работејќи го посетувал ескимското село во Северна Канада, оддалечено околу 300км од градот Черчил.
    Но, кога во ноември 1930 година повторно се приближил во селото, се било поинаку од обично. Ниедно куче на лаело, не се појавил ниту еден човек, а насекаде имало само морбидна тишина.
    Изгледало како сите жители да го напуштиле селото за само неколку минути. Лонците над огништата биле полни со јадење, во некои од колибите поставувачот на замки пронашол и детска облека во која се уште стоела игла за шиење, а немало никакви траги од борба. На брегот од езерото плутале кајаци, а најнеобично од се било тоа што кучињата биле врзани но изгладнети. Во колибите тој ги пронашол наполнетите ескимски пушки, а познато е дека ниеден Еским не оди никаде без својата пушка и пес...
    Лабел ја известил канадската полиција, а потоа и воената полиција која со сите сили го истражувала овој мистериозен случај на исчезнување на цело село... Го пребарале секој километар во пошироката околина но не пронашле ништо...ниту тела ниту било каква трага. По неколку недели се откажале од потрагата, а овој случај во нивните документи е опишан како необјаснив.
     
    На Istata od vcera, QueenElena, khaleesi1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. shajla

    shajla Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Број на мобилен што ја зазвонува смртната мелодија

    Бугарскиот број на мобилен. +359 888 888 888 бил трајно исклучен откако по статистика се открило дека секоја личност која што го има користено бројот во последните 10 год е почината. Последниот сопственик бил застрелан пред некој Индиски ресторан во главниот град на Бугарија-Софија.
    Владимир Грашнов поранешен Извршен Директор на Бугарската мобилна компанија- Мобител, бил првиот корисник и умрел од рак во 2001г. Имал само 48 год.
    Потоа бројот му бил доделен на шефот Бугарската мафија Константин Димитов. Кој бил застрелан и убиен во 2003 во Холандија. Имал само 38 години.
    Димитров го имал со себе бројот кога бил застрелан додека бил на вечера со позната манекенка, објавил весникот “Дејли Меил”.
    Потоа ексклузивнот број го користел бизнисменот Константин Дишлиев кој бил убииен во 2005. Дишилев бил замешан во шверцот со кокаин пред да биде убиен. Мобилниот и смртоносниот број биле со него вечерта пред убиството.
    Бројот сега е суспендиран од употреба. Сите што се обидуваат да зазвонат на истиот го слушаат гласот на операторот кој вели “Корисникот е надвор од мрежно покривање’’
    A портпаролот на Мобител изјавил- ” Немаме коментар. Не дискутираме околу приватни броеви’’.
     
    На Istata od vcera, Draginja, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Мене овоа ми изгледа на абдукција од вонземјани хаха
     
    На Draginja, anagjorgjievska1, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    „Мери Селест“ или „Небесна Мери“ бил американски трговски брод кој бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлансткиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.
    Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот триаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и така наречени бродови-духови.
     
    На Bitter-Sweet, Sara123, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Мери Пинчот Мејер

    Мери Пинчот Мејер е уште една од многуте жени која што умрела поради нејзината поврзаност со Кенедиеви. Завршувајќи го своето образование на Brearli School и Vassar College, Мери се заинтересирала за комунизмот и била члена на американската лабористичка партија. Работењето за списанието Мадмоазел ја држело Мери во круговите на високото општество. Никој не бил изненаден кога се омажила за Корд Мејер, поручник на американската морнарица кој што се искачувал на скалата на успехот во 1945. До 1947 таа решила да ја напушти нејзината работа како уредник на Athlantic Monthly, за да стане домаќинка и мајка на три деца. Корд Мејер си осигурал место во CIA, и фактот што бил член на комунистичка партија не претставувал никаква пречка за тоа.Во раните педесетти, Мејер станал еден од главните оперативци на „Оperation Mockingbird“, тајна операција за обликување на јавното мнение со помош на масовните медиуми. Комунистичките склоности на Мери исто така можеле да бидат од полза за CIA, но поради нејзините бројни љубовни афери не можеле да сметаат на неа.
    Во 1956 смртта на нејзиниот среден син го поплочил патот кон разводот и ја отворила вратата за нови љубовни авантури, па така Мери немала никаков проблем да го продлабочи долготрајното пријателство со Џон Ф. Кенеди. И сега следува чудниот дел. Изгледа дека тогаш се јавувала тенденција кај жените од високото општество да влијаат врз политичките одлуки на значајните фигури во американската политика ползувајќи се со секс и LSD. Мери била член на оваа мала група, и нејзината цел била лично Џон Ф. Кенеди. Со оглед на тоа дека нивната врска се случувала за време на фијаското со Заливот на Свињите, можно е таа навистина да имала некакво влијание врз неговите одлуки.
    Мери била убиена на 12 Октомври 1964, единаесет месеци по атентатот на Кенеди. Нејзиното тело имало две прострелни рани, една во задниот дел на главата и една во срцето, направени од блиско растојание. По нејзината смрт нејзините најблиски упорно го барале нејзиниот дневник, кој што откако го нашле, го запалиле во присуство на двајца членови на нејзиното семејство, кое што изјавиле дека во него пишувало и за атентатот на Кенеди, но немало понатамошни докази кои што би го расветлиле убиството на председателот. Во 2001 Корд Мејер бил запрашан кој ја убил Мери. Тој одговорил „Истите кучкини синови кои што го убија и Џон Ф. Кенеди“.
     
    На Draginja, RiRii, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    фото духови
    За 160 год постоење на ваквите фотографии,може да се издвои голем дел на кои се прикажани духовите .Особено збунувачки се оние кои се видливи непознати лица или личности од семејството.Во таквите случаи фотографот додека слика не забележува ништо чудно,и сликата се појавува по вадење на филмот.
    Летото во 1925 пријателите на Lady Palmer ја сликале за нејзиниот роденден,по вадењето на филмот приметиле дека во позадина на сликата има двајца монаси.
    Мистериозните фигури и натаму се појавуваат редовно на фотографиите.Есента во 1990 год во Тирол, англичанецот Џорџ Тод за време на вечера се сликал со пријателите.Кога се вратил во неговиот роден град го извадил филмот и забележал дека на фотографијата има уште еден гостин.Мистериозна женска фигура која била насмеана и седела на масата до пријателите на Џорџ.
    За прв пат оваа чудна слика била објавена во британското списание "Бритиш Санди" во Октомври 1991 год.
    Ваквите слики ги прегледувал професионален фотограф и голем познавач на фалсификати од секаков вид,кој изјавил дека овие фотографии се вистински и доста оригинални.
    Но,можеби најпознатиот пример на добиени фотографии се случил во 1924 год на 2 декември кога американскиот танкер Watertown се упатил кон Панамскиот канал од Сан педро,Калифорнија.Одеднаш се случила трагедија.Поради протекување на бензинот двајца морнари умреле.Два дена подоцна жртвите Џејмс Кортни и Мајкл Микино биле спуштени во морските гробишта,а бродот продолжил да плови.
    Следното утро,капетанот забележал нешто необично во морето: гледајќи низ двогледот јасно ги видел лицата на двете момчиња кои се лулкаа на брановите,изгледало како да се забавуваат пливајќи малку понапред од бродот,обидувајќи се да не заотстанат од бродот.Алармирани од оваа мрачна визија,капетанот наредил да се додаде моментумот и да се доближат до луѓето.Наскоро им станало јасно дека фигурите во водата,несомнено биле мртвите тела на морнарите,кои еден ден претходно биле погребани во морските води.Вчудовиденоста на сите и менталната непријатност на тимот и понатаму продолжиле да ги гледаат мртвите морнари како лебдат веднаш до бродот,јога полека бродот се приближувал кон каналот морнарите исчезнале.Имаше исто така друг многу важен доказ за овој неверојатен настан кој се случил за време на патувањето.Капетанот Трејси за време на патувањето ги сликал телата што лебделе во близина на бродот.Пријателите и роднините на умрените гледајќи ја фотографијата се согласија дека тоа биле лицата на морнарите. :wasntme:
     
    На Arthur, Bitter-Sweet, Draginja и 3 други им се допаѓа ова.
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    интересно цела се наежив додека го читав ова
     
    На Arthur и Vaga03 им се допаѓа ова.
  9. katence-britney

    katence-britney Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Се возев во боз и една жена почна да ми раскажува...

    Високо над Богомила, постои место Чепрез, а над него Солунска глава. Тука може да се стигне само со хеликоптер, местото е заградено, и полицајците кои го чуваат местото имаат бенифициран стаж (еден ден им се смета за ден и пол). Тие имаат забрана да контактираат со блиските додека се таму на неколку години. Што се случува никој незнае. Полицајците не смеат да ка=ат, па по излегувањето сите до сега или биле убиени, или се самоубиле.........
     
    На Istata od vcera, Arthur и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Враќајки се дома од некоја прослава околу 3 по полноќ 24 февруари 1957 познатиот американски актер Тели Савалас (Коџак) останува без бензин на автопат далеку од неговиот дом. Некое време чека да помине друг автомобил и со автостоп евентуално да го префли до најблиска бензинска пупма. Савалас не дочекува ниедедн автомобил туку силен дожд. Решава да тргне да бара бензинска пупма. По неколку стотини метра среќата му се насмевнува, слуша звук на автомобил зад него, иако со исклучени светла што му се чини глупост на Савалас. До него застанува црн Кадилак чиј возач го прашува Савалас дали може да му помогне. Актерот прифаќа и влегува во колата иако му е нелагодна целата работа со тип кој вози без светла во тоа време на ноќта.
    Савалас му кажува на возачот да го префрли до најблиската пупма. Тој се согласува и вози. Савалас се обидува да започне неврзан разговор но човекот не одговара ништо освен на прашањето 'Каде возиш во ова време?' на што добива одговор - 'на крстосницата на мојата судбина' . Савалас по ова не се обидува да прави муабет помислувајќи дека возачот е луд или пијан.
    Стигнувајќи до првата бензинска Савалас посегнува по својот новчаник и со ужас се присетува дека го оставил на прославата. Од нелагодната ситуација го ваѓа чудниот соговорник кој му дава пари за бензин и конечно проговорува да не се грижи кога ќе може ќе му врати.
    Савалас кој утрото треба да оди во студио да снима, не може да си дозволи да отсуствува од снимање бидејќи се уште е на почеток на кариерата и ги прифаќа парите. но пред тоа ја запишува адресата и името на човекот кој двоумејќи се сепак му кажува кој е и каде живее. По неколку дена, Савалас сака да се оддолжи за услугата и се појавува на дадената адресата. Звони и ја прашува жената која му отвора дали тука живее Хари Аганис. Жената прашува во што е работата и Савалас објаснува зошто доаѓа. Жената почнува да се оденсува хистерично и му вели на Савалас да си оди. Актерот заинтригиран од целата ситуација и ја дава на жената членската карта од синдикатот на актерите, објаснува кој е и го опишува Хари Аганис, нејзиниот сопруг кој му помогнал. Жената во солзи му дава слика од својот - покоен сопруг - и Савалас го препознава типот кој му позајмил пари. Исто дознава и дека Хари Аганис загинува во 1954 година во сообраќајна несреќа на истата делница од патот каде го сретнал. Хари Аганис враќајки се од годишнина на матура се судира со камион и загинува на самото место.
    Тели Савалас до својата смрт во 1994 година раскажува за овој случај не можејќи рационално да објасни што се случило во таа ноќ, и во два други наврати кога возејќи подоцна по тој ист пат се разминува со црн кадилак кој вози без светла.
     
    На gjoker4e, Arthur, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Еве и за неколку личности што исчезнале мистериозно :?:

    Перси Фосит, 1925
    Кога британскиот археолог и истражувач Перси Фосит заедно со неговиот најстар син Џек и пријателот Рели Римел се упатиле во џунглите на Бразил во потрага по скриениот „златен град“, кој би можел да помисли дека би можело да се случи нешто лошо? Како да не се случувало порано кога луѓе ќе се впуштеле во ваква авантура да исчезнат и никогаш повеќе да не се слушне за нив. Се случиле неколку непотврдени забележувања на исчезнатите и следувале многу противречни известувања и теории кои што го објаснувале нивното исчезнување, но и покрај загубата на преку сто животи во повеќекратните мисии кои што следувале по оваа, како и наоѓањето на некои од предметите на Фосит, нивната судбина останува мистерија.

    Амелија Ирхарт, 1937
    Овој случај лесно би можел да се смета како еден од најпознатите случаи на исчезнувањео во историјата, којшто и се случил на 39 годишната авијатичарка и на нејзиниот навигатор Фред Нунан, и кој што останал извор на шпекулации до ден денешен. Во една од последните етапи на надлетување на светот, парот го напуштил Лае, Нова Гвинеја и се упатил кон Хауланд Ајленд, по што никогаш не биле видени, ниту пак се чуло за нив. Се разбира, најверојатното објаснување би било дека тие едноставно се изгубиле и дека им снемало гориво, присилувајќи ги да слетаат во морето – опасен и веројатно фатален потфат за тешкиот авион со два мотори којшто таа го управувала. Теоретичарите на заговор оттогаш излегувале со претпоставки дека таа била заробена од Јапонците кога летала близу Маршалските острови на тајна шпијунска мисија за претседателот Рузвелт, додека други пак мислат дека таа се скрасила на некој друг напуштен остров заедно со Фред. Дури и во текот на седумдесеттите имало такви кои што верувале дека таа е се уште жива, и дека успеала да се врати во Америка каде што го продолжила својот живот под друго име.

    Харолд Холт, 1967
    Не се случува секој ден да исчезне главата на некоја држава – во овој случај премиерот на Австралија – но токму тоа се случило едно неделно утро во декември 1967 година кога премиерот отишол да плива, и оттогаш никогаш повеќе не бил виден. Се разбира, веднаш била организирана масовна потрага, но и покрај тоа што била изведена најголемата таква операција во Австралија, неговото тело никогаш не било пронајдено. Се слушале многу гласини околу смртта на Холт вклучувајќи ги тука тврдењата дека тој извршил самоубиство или пак дека си ја лажирал смртта за да избега со својата љубовница. Неговата смрт дури станала и инспирација за многу урбани митови во Австралија, како на пример на пример неверојатната приказна дека бил киднапиран од кинеска подморница или пак дека бил грабнат од НЛО. Но најверојатно, педесет и деветгодишниот премиер кој што и така не бил со најдобро здравје, едноставно бил повлечен во водите крај плажата која што била озлогласена по своите опасни струи, и останатото е како што велат – историја
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    21
    Тоа за Чеплес е лажга, бидејќи сум била таму повеќе пати на излет и нема полицајци или слично. Барем јас не сум видела
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Абе од кај излезе ова за Чеплес????? Ние од факултет треба да идеме таму, а секоја генерација била и ништо вакво немало. Сега си останав збунето..... :o :o :x
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Како прво нема врска дека неможе да се стигне само со хелихоптер,како второ ова се глупости некој убаво те подлажал :) Пред некое време бев таму и нема ништооо
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Мистеријата на Кеопсовата пирамида
    - Пирамидата е точно поставена спрема страните на светот
    - Таа се наоѓа во центарот на Земјината маса
    - Меридијанот кон што проаѓа низ Гиза го дели морето и контитентите на Земјата на два дела со еднаква големина.Овој меридијан, е најдолгиот меридијан кој што се протега од Север на Југ и претставува нулта точка за мерење на должината на Земјината топка.
    - Аглите на пирамидата го делат регионот на делтата на реката Нил на две исти половини
    - Пирамидата е совршен геодетски стожер и точка за правец
    - Трите пирамиди од Гиза се изградени со помош на Питагориниот триаголник,во сразмер 3:4:5
    - Односот помеѓу висината и обемот на пирамидата одговара на односот помеѓу пречникот на кругот и обемот на кругот.
    - Со помош на пирамидата може да се пресмета волуменот на кругот и неговата површина.
    Таа е споменик на квадратурата на кругот.
    - Пирамидата е џиновски песочен часовник.Сенките која што таа ги создава од средината на Октомври па до почетокот на Март ја прикажуваат годишната сезона и должина на годината.Должината на камените плочи кои што се наоѓаат околу пирамидата,одговараат на должината на сенката во еден ден.Со набљудување на сенката на камените плочи може точно да се одреди должината на годината на 0,2419 делови.
    - Нормалната должина на квадратната основа дава 365,342 египетски лактови.Бројот е идентичен со бројот на делови од тропската сончева година.
    - Растојанието на големата пирамида од средината на Земјата е исто како и растојанието од Северниот пол и со тоа одговара на растојанието од Северниот пол па до средиштето на Земјата.
    - Ако основната површина на пирамидата се подели на два пати тогаш се добива бројот Pi=3,1416.
    - Вкупната површина на четирите страни на пирамидата одговараат на квадратурата на висината на пирамидата.
    - Врвот на големата пирамида се поклопува со Северниот пол и нејзиниот обем одговара со должината на екваторот,а додека пак врвот и обемот се сразмерно оддалечени еден од друг.Секоја страна од пирамидата ккоја што е измерена одговара на четвртина од секторот на северната полутопка или квадратура на сферата од 90 степени. (Обемот на екваторот изнесува 40.076,592 km,а обемот на Земјата пресметан на пола изнесува 40.009,153 km).
    - Нагибниот агол на големата пирамида исто така е подесен од пладневното сонце до крајот на Февруари,па до половината на Октомври да не направи никаква сенка.Тоа има своја причина: богот на сонцето Ра им дал знак на луѓето...
     
    На Iv531, Istata od vcera, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  16. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
     
  17. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    хехехехе на врвот Солунска глава дефинитивно се оди и пешки и ова што го прочитав беше најголемата глупост што сум ја прочитала, жената што ти го кажала тоа многу филмови гледа :D јас лично имам отидено и ни полицаец има ни бутур, си има на Чеплес прекрасен планинарски дом, може да се преспие таму и да се продолжи накај солунска глава....кој не бил,да отиде и да види која убавина е таму. ;)
     
    На Istata od vcera и thelittle17 им се допаѓа ова.
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    од сигурни извори нема ништо и полицајците се ок ;) ;) ;)
     
  19. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    За време на анализата на филмските снимки од атетнатот врз Џозеф Кенеди во 1963, била забележана мистериозна жена. Таа на себе имала кафен мантил и шамија врзана на главата. Токму шамијата која ја носела во стилот на руските баби е причината зошто оваа мистериозна жена го добила прекарот Бабушка.
    На сликите на Бабушка и се гледа грбот и изгледа како да држи нешто пред нејзиното лице, за што се верува дека било камера. Таа се појавува на повеќе слики од таа сцена. Дури и по пукањето, кога повеќето луѓе се разбегале таа останала на истото место и продолжила да снима. Кратко потоа била забележана како се движи од Источната до Елм Стрит. ФБИ јавно побарал од жената да се јави во полиција и да ја предаде снимката која ја снимила тој кобен ден, но тоа никогаш не се случило. Во 1970 година жена со име Беверли Оливер се појавила и тврдела дека таа е Бабушка, жената од фотографијата. Но, нејзината приказна содржела многу контрадикторности, и бидејќи немала убедливи докази нејзината приказна се смета за измама.
    Сепак таа во 1994 година ги објавила мемоарите во кои се содржани настаните од тој ден - денот на атентатот врз Кенеди. Во нив се тврди дека филмот и бил одземен од Федералниот агент Реџис Кенеди и никогаш повеќе не и бил вратен. До денес никој со сигурност не знае која е дамата наречена Бабушка или што правела таа таму. Уште понеобично е одбивањето да истапи и да ги приложи своите докази. Во 1991 е снимен филмот ЈФК во кој Бабушка ја глуми актерката Лолита Давидович.
     
    На Istata od vcera и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  20. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639

    Имам прочитано дека ако направиш пирамида од картон на пр. и ставиш парче сирење точно на средина дека нема да се расипе така лесно,исто како во фрижидер.Има некоја моќ...
    Исто знам дека Наполеон кога влегов во пирамидата во Гиза му наредил на водачот да го остави сам во големата сала,а кога излегол од таму бил многу исплашен.Не стигнал на никој да каже што видел,а пред на умре на островт Св.Елена на некој човек му кажал дека видел нешто што го исплашило премногу...
     
    На Istata od vcera, Draginja и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.