1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мистерии...

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од shajla, 2 октомври 2010.

  1. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски

    Високо над Богомила, постои место Чепрез, A НАД НЕГО СОЛУНСКА ГЛАВА!!!! девојката зборува за солунска глава, не за чепрез
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски


    оффффф.......немора се да се гледа девојко, можеби е добро скриено,па си испуштила да го видиш :D :D а дали веруваш дека ридот на криволак е најголемото складиште за оружје во Македонија?? и дека ридот се отвара и под него е се со магацини и подземни тунели??? па кој го видел тоа??? никој АМА ТАКА Е!
     
    На Istata od vcera, Bitter-Sweet, Anacid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    МАКЕДОНСКИ МИСТЕРИИИ

    Чудна сила уриваше се што ќе почнеше да се гради на темелите на старата црква


    По земјотресот, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели

    Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква.
    Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви, вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат 'Света Богородица', христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски.
    Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштавало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството.
    "'Света Богородица' беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата.
    Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација. "И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка.
    Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо - поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето.
    "Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и 'рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето.
    "Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на 'Света Богородица'. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели 'тука е мојот дом'. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски.
    Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква.
    "Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата 'Света Богородица', и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме .

    Покасно или утре ке има уште нешто,сеа малце касно е да баратам низ нетов

    Teкстот погоре е малце постар,но нема врска,кога прв пат го прочитав останав со подзината уста,а имаше и други доста интересни текстови за места кој не ни сме знаеле ваљда дека се толку мистериозни.
     
    На Евгениј на, Bitter-Sweet, Draginja и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Имам читано многу мистерии но и мене најголема мистерија ми се пирамидите. Како успеале луѓето со тогашната технологија да ги кренат тие камења и толку прецизно да ги постават. Во видеото кое ке го ставам има убаво објаснето дека пирамиди има и на Марс и тоа многу поголеми од оние на Земјата, нивната поставеност овозможува комуницирање мегу планетите. Дали порано имало тука вонземјани??? Наужниците се запрепастени од сумерските записи на кои го пишува името на докторот кој со генетска модификација го создал човекот..
    Најголемата пирамида се наоѓа во Тибет и е околу 6666 метра висока. таа може да направи човекот да остари наеднаш или да остане вечно млад. Руска експедиција тргнала на пат околу планината пирамида. Експедицијата траела 24 часа а тие се вратиле со долги коси и нокти ко да биле таму две три недели.
    На Хималаите мегу Индија и Кина се наоѓа Белата пирамида. ППрв ја забележал некој пилот во минатиот век. Тој сакал да слета таму но не можел да го приземји авионот во нејзина близина. Се наоѓа на иста географска ширина како и Кеопсовата. Кога ке сеспојат пирамидите на Земјата прават точна мрежа.
    Повеке има воп следното видео (превод на српски)
    http://fakulteti.mk/news/11-07-17/tajni ... enata.aspx
     
    На Katiija, Alanna и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Марија Селеста (Mary Celeste)

    Марија Селеста е брод направен во 1861 год, во Нова Шкотска.На 7 Октомври 1872 натоварен со алкохол и со дестет член екипаж испловил од Стејтен Ајленд , Њу Јорк кон Џенова Италија. На 4 декември 1872 бродот Марија сСелеста е забележен од друг брод DEI GRATIA и екипажот на овој брод забележал дека Марија Селеста се движи кон Гибралтар но дека застранува од к*рсот, т.е не се движи нормално. Пратиле мало бротче со нивен екипаж да доплови до Марија Селеста да видат што се случува...
    На бродот Марија Селеста немало никој, на масата стоел недојаден појадок, три шолји со чај, нити биле спуштани чамци за спасувања, алиштата кои биле испрани биле обесени да се сушат, мачката која била споственост на една од жените од екипажот спиела, а немало никој , ни трага ни глас од десетчлениот екипажна Марија Селеста.

    се извинувам ако има ваква тема :$
     
    На Bitter-Sweet и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мене ме интересира како тоа на старите народи им биле познати планетите од нашиот Сончев систем, кога првиот телескоп бил создаден во 17-ти век и со него виделе едвај само некои од сателитите на Јупитер? Значи зборувам за жителите на Месопотамија, Египет или стара Кина неколку милениуми наназад? Не сугерирам американски теории со НЛО инволвирано во приказната туку немам претстава со помош на што ги откриле? За мене ова е мистерија, би била благодарна ако некој знае да ми разјасни...
     
    На Draginja, Bunny2, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Не е некоја претерана мистерија бидејќи народите од Блискиот Исток имале добра развиена архитектура,знаеле математика ,астрономија итн.итн. значи најмалиот блок од тие камења тежел по 1 тон самите тие граделе посебни кранови и мостови од кој материјал сеуште не е познато бидејќи секој органски материјал користен не останува така да со сигурност не се знае што користеле и имале точно определен план и распоред како се ределе тие камени блокви

    Притоа она што го гледаме сеа не е ни одблиску како што било тогаш.....Тогашните пирамиди биле обложени со еден вид денешен гранит и премачкувани со фирниз (метални оксиди + ленено масло) што му давало неверојатен сјај буквално како огледало на сонце најпросто кажано

    Со тоа му се овозможувало вечност на владетелот во локацијата "Кадешто Сонцето Умира"

    A тоа што сега некој нема попаметна работа па наоѓа милион гачки и триста глупости да прави мистерии и теории на заговор и што уште не тоа е веќе друго...мора некако да се задржи вниманието на гледачот
     
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски

    Ауууу се наежив и ме фаќа страв :x
     
  9. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    1855 година, односно јануари и февруари таа година се запаметени по многу острата зима. Секако таа зима не е причината поради која сега ќе пишуваме, туку петокот, 9 февруари. Тогаш во округот Девон, во Англија , низ десетина села, практично низ сите дворови, шетало некакво суштество кое оставало големи стапки во облик на копита.

    Сите жители од селата почнале да ги следат стапките кои постојано продолжувале да се појавуваат. Можеби ќе си помислите дека тие стапки би можеле да бидат на јарец, но во овој случај не било така едноставно. Карактеристично било тоа што стапките всушност се појавувале во еден ред, а не една стапка по друга.

    Исто така со помош на мерење е утврдено дека чекорите во сите села се потполно правилни и дека делжината помеќу еден и друг чекор е сосема идентична.

    Постоеле бројни теории за потеклото на стапките во тоа време, од магаре со една нога до јазовец. Во почетокот на осумдесетите години, актуелен бил случајот на колеж на голем број овци во трлата. Ѕверка во облик на мачка “лудувала” низ истиот тој регион и според некои деталји подсеќа на многу стара ѕверка. Во новиот случај се мисли дека тоа е 99% некој вид на мачка која категорично се разликува од стариот опис.

    Еве го видеото

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... hS7uuWbEy8
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    И на Скопска Црна Гора имало некоја железна врата... Никој не смеел да ја отвори, цело време ја чувал некој човек кој што престојувал во некој манастир на оваа планина.
     
    На Istata od vcera и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  11. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
    Мистериозниот хотел Децебал


    Хотел Децебал е стар 150 години. Тој се наоѓа во романскиот град Темишвар. Се вели дека под него се крие римско богатство, кое го чува духот на жената во долг бел фустан.

    До сега сето тоа било само урбана легенда, но откако е снимена силуета како ги гледа посетителите, се чини дека на идните гости нема да им биде сеедно после овие сведоштва.

    Хотелот во текот на изминатите неколку години, се преуредува, па покрај него во него во ноќта се „плеткаат“ многу ловци на наследство на Римјаните, кое според легендата се наоѓа под темелите на хотелот. Мештаните веруваат дека тој дух на жена облечена во бело го чува она што се наоѓа под хотелот.


    Една средношколка по име Александра раскажала како духот го преплашил целото нејзино друштво , кое празнувало цела ноќ во една од хотелските соби, додека другиот сведок е Викторија Лован која вели дека духот на жената во бело го забележала на фотографија додека го фотографирала својот сопруг, за време на медениот месец додека престојувале во хотелот.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ^^Чудна мистерија а еве и некои од мене
    Остарела 50 години за неколку дена
    Виетнамката Нгујен Тхи Пхуонг која има 23 години остарела неверојатни 50 години за само неколку дена, и сега наликува на старица од 73 години.Имено, по алергиските реакции во 2008 година откако земала бројни препарати и лекови кои и’ биле препишани од лекари, нејзиното лице, врат и раце забрзано почнале да стареат и девојката сега изгледа како старица.
    Лицето ужасно и’ се збрчкало така што постојано ја чеша, како последица од лековите кои девојката ги пиела очајно за да може да ја надмине алергијата.
    Но, за жал лековите не дале никакви резултати, па посетила локален лекар, кој и’ препишал лекови за дерматитис. Но, од тие апчиња целото лице и’ потекло, а изгледот на кожата се влошил по што престанала да ги пие и се свртела кон традиционалната кинеска медицина.радиционалните препарати ја прекинале влошената состојба, но како за неа така и за нејзиното семејство биле премногу скапи за да може да си ги дозволи, па затоа ја прекинала и таа терапија.
    Пхуонг започнала да носи маска кога излегувала надвор, а откако нејзиниот сопруг во 2009 година ја изгубил работата, останале без основни средства за егзистенција и престанала да зема било каква терапија.
    Целата работа ја прифатила како божја волја и не се потрудила да ја подобри нејзината состојба.

    ____________________________________________________________________________________________

    Листа на проколонати места во светот
    Во светот постојат многу места за кои се смета дека се проколнати. Обично духовите, надприродните суштества, демоните или пак некоја виша сила која делува негативно се главните удели поради кои луѓето ги сметаат тие места за проколнати.
    Австралија
    Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.
    • Арадејл ментална болница е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.
    • Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.
    • Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.
    Англија
    50 Беркли сквер - е најопседнатата куќа со духови во Лондон.
    • Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.
    • Чилингемски замок, лоциран во Нортамбрија, Англија. Страда од духови повеќе од 800 години. Бројни духови се видени овде и се смета за најопседнато место во цела Англија.
    • Во Дорсет се појавува дух со секира, кој јава на коњ. Од очевидците е опишан како воин од камено време.
    • Замокот Виндзор — домот на британското кралско семејство. Бројни духови се видени овде, вклучувајќи го и духот на кралицата Елизабета I, и нејзината мајка, Ана Болејн, која е видена како трча низ ходниците врескајќи. Меѓу очевидците е и кралот Џорџ VI, потоа Вилијам Гладстон и Ендрју, Војводата од Јорк.
    Данска
    • За Замокот Dragsholm во Зеланд се вели дека е прогонуван од духот на Џејмс Хепберн, 4-ти Гроф од Bothwell, кој бил пет години затворен таму до неговата смрт во 1578 година.
    Јапонија
    Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е
    позната локација каде се извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.

    Канада

    • За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.
    • Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.

    Кина
    Автопат Туен Мун, Хонг Конг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.
    САД
    Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видео камера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.
    • Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.
    Хималаи
    Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.
    Шкотска
    Замокот Единбург - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.
    __________________________________________________________________________________________

    Ја знаеме ли доволно нашата Македонија?
    Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, снимаме скапи спотови, а всушност не е до рекламата, туку морам да забележам ние Македонците не сме баш добри домаќини.
    Зошто?
    Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово.
    Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете? Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу, а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив? Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае.

    Колкумина од вас биле на Беровско или Дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз?
    Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.

    Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите, а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија, некои познати но за некој малкумина ги знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.

    - Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

    - Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско.
    Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.
    Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

    - Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија.
    Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости.

    - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!

    - Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА"

    - Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
    како измислените пештери во господарот на прстените.

    - Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
    Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица. Дебарско.

    - Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.
    Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука..

    - Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

    - За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

    - Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско,
    а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

    - Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.


    - Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец..
    Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

    - Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.
    Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

    - Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

    - Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

    - Прва зоолошка на Балканот - е во Скопје.

    - 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние малку фалеше да ги потопиме со вештачко езеро...)

    - Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент купил карта од еден поп и се качил на Титаник.
    Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа, кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

    - Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот...
    останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia.
    Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

    - Македонија има 34 планини и 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа е Охридското кое е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

    - Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

    - Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

    - Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија..
    Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I...

    - Првата црква, првата покрстена во Европа - Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Дела апостолски 16.13 - " пишува: "Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни!"
    Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини..
    Токму црвената боја e сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња.

    - Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

    - Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.
    Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!

    - Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000.
    Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово
    и во други краишта на нашата земја.

    Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло.
    Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..

    Запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш...!
     
    На Istata od vcera, Mini90, love-14 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
  14. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Бермудски триаголник


    Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот Океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени.


    Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е да се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка но сепак мистеријата за бермудскиот триаголник станува се поголема и по нејасна од кои лугето копнеат да дознаат со каков над природен проблем треба да се соочиме!


    Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на бермудскиот триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида.
     
    На Bitter-Sweet и love-14 им се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Најсјајната ѕвезда на небото е Сириус.
    Има една или две ѕвезди кои се малку поблизу до нашиот сончев систем, ама ниту една од нив не е толку сјајна. Можеби затоа Сириус има централно место во сите митологии во античкиот свет.
    Ама можеби, чиста претпоставка, постојат и други причини за тоа.
    Оваа ѕвезда е оддалечена 2,67 парсеци, односно 8,7 светлосни години или во милји, педесет и два трилијони.
    Во 1844, Фридрих Бесел, германски астроном, претпоставил дека Сириус има невидлив близнак. Бесел поминал многу време во внимателни мерења на бавните движења на Сириус и забележа мало отстапување од неговата праволиниска траекторија. Бесел сметал дека ова може да го предизвика само гравитациската сила на некој негов невидлив сосед, ама не можеше да докаже. Во негово време, никој не успеа да направи телескоп со кој би се видел ѕвездениот систем на Сириус.
    Дури во 1862 година, американскиот градител на телескопи, Алван Кларк, користејќи еден од своите пронајдоци, за прв пат во човековата историја го видел бледиот придружник на Сириус, со што е потврдена теоријата на Бесел. Но дали тоа навистина бил прв пат?
    Во денешно време, се разбира, и двете тела ги гледаме многу јасно со помош на нашите масивни и моќни телескопи.
    Големата Ѕвезда, оригиналниот Сириус, значи оној Сириус видлив со голо око, го нарекуваме Сириус А, а неговата ѕвезда придружничка, тешкиот, невидлив Сириус – Сириус Б. Но ако Сириус Б е сосема невидлив за голо око, како може да постои африканско племе кое во последниве две илјади години има целосен и точен астрономски запис за него? -Племето се вика Догон.
    Живееле во местото кое е денес познато како Мали, а се наоѓа во Западна Африка.Според нивната античка усна традиција, сјајната ѕвезда Сириус е придружувана од исклучително тешко, многу темно тело, наречено По. Во овој момент, воопшто не е важно тоа што Сириус Б, едно бело џуџе – содржи исто толку материја колку и нашето сонце, ама во споредба со него е многу мало: едно малечко лажиче од оваа материја тежи скоро четвртина тон.
    Значи, се чини, членовите на племето Догон, не само што знаеле дека Сириус Б постои, што е доволно чудно самото по себе – туку знаеле и дека е ѕвезда со густа маса.И не само тоа, знаеле дека на секои педесет години, Сириус Б прави целосен круг околу својот брат близнак, Сириус А.
    Верувањата на племето Догон, ако тоа е воопшто и соодветна именка за нивните познавања од областа на астрономијата, за прв пат биле пренесино во светот во 1940тите години, и тоа на еден француски антрополог, ама знаеме со сигурност дека нивните теории се стари барем 1800 години, ако не и многу, многу постари. Членовите на племето Догон, користеле песочни дијаграми за да ги илустрираат движењата на небесните тела.
    Во денешно време, знаеме дека орбиталниот циклус на Сириус Б, или По изнесува точно 49,1 година – значи педесет години е сосема добра проценка за едно неолитско племе.
    Но, познавањата на племето Догон не застануваат тука. На пример, сметале дека Јупитер има четири месечини, и дека Сатурн има прстени. Е сега, исто како во случајот со Сириус Б, и прстените на Сатурн и месечините на Јупитер се невидливи за голо око, мора да имате телескоп, и тоа не било каков.

    Ова е извадок од книга. Една од моите омилени.
    Никогаш не ми е доста од овој дел.
    Многу ми е несфатлив и интересен за размислување.
     
    На 1209, sanjaeva, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Живот во шуплината на Земјата!?
    Физичари од америчкиот универзитет Станфотд го израчунале хипотетичкиот број на разни универзуми кои настанале како резултат на Големата експлозија која создала 1031415 различити универзуми. Според нив овој експонент е многу близу до десетоилјадити помножок на бројот Пи, но се смета дека најверојатно се работи за случајност.
    Постои можност дека тие универзуми се наоѓаат едни во други, вклочовајќи ја и нашата планета. Исто така се верува дека внатре во планетата Земја се наоѓа уште еден свет. Ова ја претставува таканаречената теорија на шуплината на Земјата.
    Теоријата на шуплината на Земјата може да се следи во тек на историјата на човеконата цивилизација се до античкиот период. Древните мудреци верувале дека постои цел подземен свет со подземни живи суштества кои живеат внатре во планетата. На многумина ова им се чини како древна наивна перцепција на структура на светот.
    Во древна Грција, постои легенда за Тартар – злокобен подземен свет. Филозофот Анаксагор ( 5.век п. н. е. ), направил модел на постанок кои бил со рамна земја окружена со атмосвера и облаци. Тој пишувал за постоење на паралелен свет со свои луѓе, градови па дури и небески тела. Ако Земјата е центар на универзумот, каде тие луѓе живеат? Дали тие живет под замја?
    Хипотезата за постоење на шуплина внатре во планетета Земја подоцна се покажала како добра. Теоријата ја изградиле Галилео, Френклик и Тесла меѓу другите.
    Во тек на 1818 година, Џон Клевс Симс е одстранет од Конгресот, универзитетите и угледни научници добивале писма во кои тој се обидувал да докаже дека Земјата е составена од неколку концентрични свери со отвори близу половите.
    Советскиот академик В. Обручев ја изнел теоријата за џиновскиот метеорит кој паднал на Земјата во древните времиња. Според неговата теорија метеоритот ја пробил земјнината кора и направик шуплина внатре во планетата.
    Американскиот истражувач Цирус Тед вели дека површината на Земјата може да биде внатрешна кора на свера. Оваа теорија станала позната како “хипотезана конкавна шуплива Земја”. Според таа теорија сите ние живееме на внатрешната површина на земјината кора.
    Ајде да претпоставиме дека постои подземен свет и постојат некои кои живее во тој свет. Тогаш на што тие суштества може да личат? Може ли тие да се мистерозни суштества чие постоење или непостоење го збунува човештвото со векови?

    Wow,многу е интересно,гледав еден филм за вакви луѓе и ги замислувам сцените тука.... :lol:
    Ама саматa помисла е возбудлива...
     
    На Valerin и Draginja им се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Преткажувањата на Баба Ванѓа почнаа да се остваруваат. Знаејќи во каква економска криза е поголемиот дел од Земјата, брзината со која Кина расте на секој план како и почетокот на изградбата на новото вештачко сонце укажува сепак на точното претскажување на Баба Ванѓа.
    Баба Ванѓа (Вангелија Пандева Димитрова) е родена на 31 јануари 1911, а потекнува од Македонија од Струмичкиот крај. Еден ден кога била мала додека се шетала по поле започнала бура во тој момент се онесвестила и паднала на земјата, а кога се разбудила видот и бил изгубен. После неколку дена приметила дека има дарба и моќ да им помага на луѓето. На почетокот комшиите и доаѓале дома и ја прашувале за маките што ги имале, а она им кажувала што да прават. Набргу се раширил гласот за неа низ цела Бугарија и пошироко. Можела да пронајде изгубена личност, знаела каде расте некое растение, во некој дел од земјата каде што никогаш не била, што лечи одредена болест. Можела да застане на некое место и да види што се случувало на тоа место стотина години наназад.
    Се омажила во Бугарија и го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Се преправала дека ги знаела тајните за Александар III Македонски. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.
    Таа ја знаела точната дата на својата смрт (11 август 1996) и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

    Исцелителски способности
    Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

    Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.

    Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.

    Претскажувачки способности
    Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

    Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

    Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа. Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за Руската нуклеарна подморница Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа. Таа ги предвидела и нападите на Кулите-Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.

    Таа зборувала за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

    Предвидувања:
    2006 – Муслиманите ќе измиослат нов страшен вид на оружје. Сите ќе почнат да се приготвуваат за војна, да собираат резерви од оружје, храна, лекарства, вода и анти-гасови, ќе почнат да бегаат во планините, во шумите, во пештерите итн.

    2008 – Конфликт во Хиндустан. Ова ќе биде една од причините за третата светска војна.

    2009 - Светска економска криза. САД ќе ослабне.

    2010 – Ќе започне трета светска војна. Војната ќе почне во ноември 2010 г. а ќе заврши во октомври 2014 г. Ќе почне како обична(со конвенционално оружје), потоа ќе биде применето на почетокот атомско а потоа и хемиско оружја.

    2011 - Како резултат на радиоактивни отпадоци на северната полутопка нема да останат ни животни ни растенија. Потоа муслиманите ќе почнат хемиска војна против преостанатите живи европејци.

    2012 - САД ќе се подели на 5 самостојни држави.

    2014 – Поголемиот дел од луѓето ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести (последици од хемислата војна)

    2016 – Европа ќе биде речиси без население

    2018 – Кина ќе стане нова светска велесила. Земјите во развој од експлоатирани ќе се претворат во експлоататори.

    2023 – Малку ќе се измени орбитата на Земјата.

    2025 – Европа се уште ќе биде малку населена.

    2028 – Ќе се создаде нов извор на енергија (најверојатно ова ќе биде контролирана термонуклеарна фузија). Гладот постепено ќе се надмине. Ќе стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

    2033 – Поларните луѓе тонат. Се зголемува нивото на Светските океани.

    2043 – Светската економија ќе процвета. Европа ја водат муслиманите.

    2046 – Ќе може да се пресадуваат сите органи. Замената на органите ќе стане еден од најдобрите методи на лечење.

    2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје – климатско. Нагло застудува.

    2076 – Блескаво општество (комунизам)

    2084 – Обновување на природата

    2088 – Нова болест – стареење за неколку секунди!!!

    2097 – Брзото стареење е победено.

    2100 – Вештачко “Сонце” ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

    2111 – Луѓето ќе станат киборзи (живи роботи)

    2123 – Војни меѓу мали области. Државите нема да се вмешаат.

    2125 – Во Унгарија ќе пристигнат сигнали од вселената

    2130 – Колонии под вода

    2164 – Животните се претвараат во полулуѓе

    2167 – Нова религија.

    2170 – Голема суша.

    2183 – Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независност од Земјата (како на времето САД од Англија)

    2187 – Ќе се запре ерупцијата на 2 големи вулкани.

    2195 – Морските колонии целосно ќе снабдуваат и со енергија и со храна.

    2196 – Целосно мешање на азијатите и европејците.

    2201 – Термонуклеарниот процес на сонцето забавува. Ќе застуди.

    2221 – Во потрага по вонземјани, човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

    2256 – Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

    2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите. На Марс му се заканува комета.

    2271 – Повторно ќе бидат изменети физичките “константи”

    2273 – Мешање на жолтата, белата и црната раса. Нови раси.

    2279 – “Енергија од ништо” (веројатно од вакуум или од “црните дупки”)

    2288 – Патување во времето. Нови контакти со вонземјани.

    2291 – Сонцето се гаси. Ќе се преземат обиди за да се запали пак.

    2296 – Се изменува силата на тежата. Почнуваат да паѓаат старите вселенски бродови и станици.

    2299 – Во Франција – партизанско движење против исламот.

    2302 – Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на Вселената.

    2304 – Ќе биде откриена е тајната на месечината

    2341 – Нешто страшно се приближува кон од вселената кон Земјата.

    2354 – Хаварија од едно од вештачките Сонца доведува до суша.

    2370 – Голем глад

    2378 – Нова раса што брзо се развива.

    2480 – Ќе има 2 вештачки Сонца. Земјата е во самрак.

    3005 – Војна на Марс. Ќе се наруши траекторијата на планетите.

    3797 – Во ова време на земјата ќе загине се живо, но човештвото ќе најде сили за нов живот во друг ѕвезден систем.
     
  19. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Се има нешто случено од ова цитираното? :?:
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Ја имам слушнато приказната...