1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мистерии...

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од shajla, 2 октомври 2010.

  1. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    според мене е нерешена мистеријата за принцезата Дијана негде прочитав дека авионската несреќе била наместена за да може она да си живее спокојно без папараци и дека си го сменила и името :/
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    За живот во шуплината на Земјата, еден дел, се спомнува во книгата „ Сонот на Орион“, мислам дека споменав тука низ темиве, како и тоа дека живееле луѓе со висок раст.Сега, книга, како книга, може да биде и неавтентична.Повеќе е тоа како мит, иако скоро, мислам, до пред некое време, дали во Србија или околу, пронајден е скелет на човек со висок раст, енормно висок, потоа мислам дека и уште еден скелет беше пронајден, само не ми текнува точно каде.Доста интересно, сосема друга слика дава на нештата.
     
  3. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    интересни се ајде некој нека стави уште
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
  5. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Еве ви неколку мистерии.


    Криминалните ТВ серии знаат да нѐ направат зависни од истражувањето и решавањето на нерешени мистериозни злосторства. Во секоја ТВ серија каок CSI и Закон и ред, злосторникот се наоѓа и правдата е задоволена.

    За жал, тоа не секогаш се случува во реалниот свет. Всушност, многу често се случуваат нешта кои полицијата и законот не можат да ги објаснат. Така сѐ до денес се останати нерешени мистерии како примерите во следната листа.

    Уранг Медан
    [​IMG]

    Во јуни 1947 брод кој патувал низ Малачкиот Проток почнал да испраќа вознемирувачки пораки до неколкуте брода во околината. Пораката велела: „Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот, се мртви. Веројатно и целиот екипаж е мртов.“ Потоа, по извесна пауза пристигнала и последната порака: „Јас умирам“.

    [​IMG]

    Американскиот брод „Силвер Стар“ ја примил пораката и тргнал на помош. Кога се качиле на палубата, виделе дека сите од екипажот на Уранг се мртви, секој со замрзнат израз на страв на нивното лице. Рацете им биле испружени како да посегнувале по нешто. Го врзале бродот со намера да го довлечкаат до пристаништето, но потпалубата на Уранг се запалила и морнарите од Силвер Стар ги пресекле јажињата точно навреме пред да загинат и тие во ужасната екплозија која следувала. До денес не е познато што се случило со Уранг Медан, или ако знаат, не ни кажуваат.

    Каролин Валтер
    [​IMG]

    Во 1867 г. Каролин Валтер од Фрајбург, Германија починала на нежни 16 години. Нејзината сестра најмила скулптор на нејзиниот гроб да постави нејзина скулптура во природна големина. Изминатите 148 години некој остава ист вид букет под раката на скулптурата.

    Децата Содер
    [​IMG]

    На Бадник 1945, пожар во нивниот дом го разбудил семејството Содер. Џорџ и Џени Содер успеале да избегаат заедно со четири од нивните деца, но петмина останале во куќата и изгореле. Потоа не биле најдени нивните тела во урнатитните, што е неверојатно, бидејќи куќата изгорела премногу брзо за телата на децата да бидат целосно кремирани.

    [​IMG]

    20 години подоцна, на нивната адреса пристигнала фотографија без повратна адреса. Фотографијата била на Луис, едно од децата кои погинале во пожарот. На позадината од сликата пишувало „Луис Содер. Го сакам брат ми Френки и малите момчиња. A90132 или 35“. Содерови покренале истрага, но без резултат. Умреле без да дознаат што навистина се случило со нивните деца.

    Хинтеркаифек
    [​IMG]

    Во едно мало баварско село близу Минхен, 63-годишниот Андреас Грубер, неговота сопруга Сесилија, ќерката-вдовица Викторија Габриел, нејзините две деца Сесилија и Јозеф, како и слугинката Марија Баумгартнер, сите биле мистериозно убиени. Тоа се случило во 1922г. и убиецот никогаш не бил откриен.

    [​IMG]

    Пред убиствата, семејството забележало некои „чудни појави“ во текот на таа ноќ. На снегот се појавиле чудни стапки, а од поткровјето се слушале застрашувачки звуци. Исчезнал и комплет клучови од куќата. До следното утро сите биле убиени. Единствениот траг кон убиецот бил копачот со кој биле убиени жртвите, како и огништето кое го топлело целата ноќ. Според полицијата, пред да си замине дури ги нахранил и животните во домаќинството.

    YOGTZE
    [​IMG]

    Пред да умре во 1984г., Гунтер Штол постојано ѝ велел на неговата жена дека „тие“ го следат. Таа никогаш не му поверувала ниту пак ја интересирало кои се „тие“. Ноќта кога умрел, било со неговата жена кога наеднаш извикал „Jetzt geht mir ein Licht auf!” (Сега сфатив!) и на столот напишал YOGTZE. Се качил во неговата кола и заминал.

    [​IMG]

    Околу 3ч. наутро, неговото тело било најдено во неговиот Волксваген во еден ендек веднаш до патот. Бил целосно гол. Уште почудно, аутопсијата открила дека повредата се случила пред сообраќајната несреќа, и бил прегазен од друга кола на некое друго место, а телото подоцна било наместено во положбата во која било најдено. Многу прашања во врска со овој случај останале неодговорени.

    Бенедето Супино, човечкиот факел
    [​IMG]

    Во 1982г. младиот Бенедето Супино читал стрип кога одеднаш избувнал во пламен. Како и неговите херои, се чинело дека и тој имал натприродна моќ. Но за разлика од неговите херои, тој не можел да ја контролира. Чаршафите ќе се запалеле додека спиел, а електронските уреди престанувале да работат во негово присуство. Научниците не можеле да откријат зошто му се случувало ова.

    Инцидентот кај преминот Дјатлов
    [​IMG]

    Во 1959г. девет искусни планинари решиле да се искачат по падините на Урал во Русија. Нивните тела биле најдени оставени на мистериозен начин кој до денес ги остава вчудоневидени истражувачите. Нивниот шатор бил скинат одвнатре и босоноги стапки во снегот воделе ко шумата, кадешто две од телата биле најдени облечени само во нивната долна облека.

    [​IMG]

    Истражувачите нашле уште пет трупови во снегот помеѓу кампот и местото кадешто биле најдени другите две тела. Два месеци подоцна биле најдени и последните четири тела во длабока провалија на 75 метри оддалеченост, облечени во облеката на другите тела.



    Превземено од Мотика
     
    На Arthur, elimkd, Alanna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    http://www.strogopovjerljivo.com/211/316-lacerta-dokumenti-intervju-sa-reptilom.html
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Луѓе со висок раст се спомнати и во Библијата. Тие се наречени Нефили и според некои толкувачи на Библијата тие биле производ на ангелите кои се материјализирале во високи луѓе и имале односи со жените и од нив се родиле нефилите - силни луѓе со висок раст.

    „Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.“ (Битие 6:4, Библијата)

    После овој грозен настан на сексуална изветопереност, Господ го праќа потопот на Земјата.
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Интересни се многу :D:D
     
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    На elimkd и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    ^
    Ова најсериозно?
    Кој почина на последниот негов гол, 14 Март 2015? :rofl:
    Добро е што е мидфилдер, инаку...:D
     
    На RainbowButterfly и Draginja им се допаѓа ова.
  11. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    5.992
    СЕКОЈА ЧЕСТ !
     
    На Arthur и Dark artist им се допаѓа ова.
  12. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    5.992
    Јас да ви дадам информација тоа на врвот е воена база...а за тоа со убиствата сакам да видам факти и нормално можиш да си планинарш но немаш пристап до базата и не сммееш да сликаш
     
  13. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    А тоа што живета суштества под моρињата и имаат лиκ κаκо човеκ? Дρуг пат ќе ставам κлип.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.