1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мистер Бин (Mr. Bean)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од rossonerka, 10 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Мистер Бин е човекот кој успева да ги насмее луѓето без да каже ниту еден збор. :)
    Обично не сум љубител на британскиот хумор, но пораснав со Мистер Бин и неговите кратки филмови, а да не ги заборавиме и неговите два филма.
    [​IMG]
    Без да каже збор, само со неговиот мутав лик, неговите фацки, со неговото кадифено мече, куферчето, собата од 45та, секако да не го заборавиме мини куперот кој е легенда :lol: и неговите дешавки ги смее луѓето од 1984 година кога на 1 јануари е дадена првата пилот серија, а заврши со "Goodnight Mr. Bean" на 31 Октомври 1995 година. Вкупно 14 ипол часа се снимени од оваа серија. Роуан Аткинсон ја креирал оваа серија а воедно и одлично се снајде во улогата на Бин, јас дури и не го викам Роуан, тој за мене отсекогаш ќе си остане Мистер Бин :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Го сакате, не го сакате, омилен клип, ве засмејува, досаден е, ви се допаѓаат ли филмовите?
    http://www.youtube.com/watch?v=_Bh5-NwEiNc

    [​IMG]
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Баш сега брзо го гледав, многу ми е смешен :D Гледав една сцена каде што отиде на шишање, па берберот замина некаде, па тој се правеше бербер после :D На еден човек му го скрати опавчето од косата, и после наместо огледало за да се види од назад му покажа слика од друг човек со опавче :rofl: да побарам на јутуб сцени, па ќе ги ставам некои што ми се поинтересни.
    Исто и за мене секогаш ќе си остане мистер Бин, еден и единствен.
    Не знам како успева да ги прави тие фаци, како може така да го „гужва“ лицето, ама што и да прави ми е смешен.
    А за хуморот, мене пак омилен ми е британскиот :wasntme:
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Еј, Мистер Бин.

    Се сеќавам на моментите кога почнува епизодата, со музичето и кога автоматски сите се нацртуваме пред телевизор без разлика на тоа колку пати досега ја имаме гледано епизодата. Феноменален карактер и одлична серија, тоа е сигурно штом успеа да насмее секого од стар до млад.

    И јас си пораснав со него, порано многу почесто го даваа сега само понекогаш, на среќа се начекува некоја епизодичка. Како мала многу ми беше жал за него кога некој ќе го зезнеше, а овој душичка не сфаќаше. Или тогаш кога мораше гол да шета низ хотелот, умрев од мака и се жалев по дома, Мамо ма му смрзна пилето на Мистер Бин.

    Секоја чест на Роуан Атикинсон, таков глумец не се раѓа пак. Мислам дека ако само стои пред мене со саати ќе се смеам. Филмовите беа полн погодок, ретко кога филм според серија има толкав успех и е толку добар. Ваква серија еднаш и никогаш повеќе. За жал.

    Пс. А мечето бе???? Teddy, сум пекала за такво мече.
    [​IMG]
     
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Едно гоооолемо браво за темава :clap: Го обожавам човеков, како малечка памтам скокав од радост кога ќе начекав епизода.Имав едно меченце слично на неговово и на шала си го заспивав на ист начин :rofl: :
    2:25 мин.
    http://www.youtube.com/watch?v=2ajUewCO6zQ

    Иначе ептен треба да си опериран од хумор ако не те засмејува човеков :D
     
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    D'Legend! :up:
    Пораснав со комедијата на овој човек. :)
    Дефинитивно никогаш не може да ми здосади. :D
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Типов го обожавам.
    Иако по милион пати му ги имам изгледано сите епизоди, пак и пак ми е интересен и можам да го гледам.
    Не би можела да издвојам најинтересна епизода затоа што буквално сите ги сакам.
    Еден и единствен е. Ехх колку ми беше жал кога престана да снима.

    Се појавија едно време и цртани со него, ви текнува? Ама жива глупост беа.

    И долгометражните филмови му ги обожавам.
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Несакам да звучам, така како што ќе звучам.
    Ама најбољи е! Ѕвер е стварно! :muscle:
    Незнам само колку пати, му ги имам гледано овие исечоциве, и филмовите негови, и пак ми се смешни. Скоро сите ги имам купено на цедиња. Штета, што е во пензија..

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]


    Еве нешто смешно, не цензурирано. :P
    Видете му ја фацата на крајот. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 0K_xczwmgw
     
  8. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    http://www.youtube.com/watch?v=T9MAmWnOznI

    Легенда! Секогаш ме насмева, ете пр. денот да ми е уништен.. и да седнам да го гледам,
    ќе пукнам од смеа! :lol: :D

    Инаку мене цртаните не ми беа толку лоши, сепак 2/3 епизоди имам гледано. :)
    Али, нормално цртанот неможе да го споредуваме со сериите. :)
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Омилен ми е човеков.
    Јас му се поклонувам и му се восхитувам, алал да му е. :clap:

    Инаку омилена епизода ми е кога ќе треба да се поздрави со Кралицата на Англија, а прстот ќе му се заглави со патентот на панталоните. :D
    А исто така и филмот со него ми е интересен со таа сликата на Whistler's Mother. Абе комедии, кога паничи кои фацки ги прави.

    http://www.youtube.com/watch?v=NQevyIy8hzs
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.715
    Допаѓања:
    35.125
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Мистер Бин. Едвај чекав да го даваат на телевизија и да го гледам.
     
  12. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Мистер Бин, човеков го обожавам. :inlove: Легенда е, многу ми е смешен. :D
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    како помала секогас го гледав и сеусте го гледам :D :D пре интересен ми е :lol: :D
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Aууу, не постои поголем ѕвер од човеков! :rofl:
    Ништо поурнебесно не сум видела, по 100 пати сум ги гледала видеата и пак се газам од смеење ко ненормална. :D А фаците што ги прави се нешто најсмешно на сите времиња. :rofl:
    Со еден збор - легенда. :rock:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG] :rofl:

    Oвие ми се најсмешни. :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=C69v1fl5gP4

    http://www.youtube.com/watch?v=Q1ouawZuMx0

    http://www.youtube.com/watch?v=tvl83EHZQ7A
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.014
    Пол:
    Женски
    Има и серијал цртани филмови со него, јас како љубител на цртаните филмови, да си кажам. :D
    Врска немаат со онаа филмуваната верзија, ама интересни се сепак.
    Јас пораснав со Мистер Бин, дури татко ми купуваше касети за да ги снимаме епизодите и имаме добар дел од нив, a како мала, целодневното гледање Мистер Бин ми беше дел од дневната „маршута“ кога ги вртев касетите од видеорекордерот. :)
    Омилена епизода ми е онаа кога беше во супермаркет и си разгледуваше тавчиња, си пробуваше дали ќе му ја собере рибата што сака да ја купи, дар-мар им ги направи четките за миење заби и ... сум ја подзаборавила, одамна не ми е гледана. :lol:
     
  17. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    жал ми е што нема нови филмови :(
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    За Мистер Бин ќе кажам само еден збор ЛЕГЕНДА Е!
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.487
    Допаѓања:
    78.347
    Пол:
    Женски
    Човеков е легенда, сум паѓала од смеење.
     
  20. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Дај линк од таа епизода ако можиш. Некако неможам да се сетам на ова. Инаку, по сто пати да го гледам Mr. Bean интересен ми е. :)