Здраво како сте? Ги гледав сликите од темите за фотографии со облека(знаете на што мислам) и на вистина има некои кои имаат прекрасна облека. Па зошто да не направиме мис Фемина, и за ова сликите ќе бидат скратени за да се зачува приватноста ќе се гледа само телото со облеката. Ако се согласувате кажете па кој што сака нека се пријави Ако има заинтересирани билката нека ја стави темава во скриено катче за да не пишат некои манијаци да нема проблеми Ќе гласаат сите што сакат,но само по еднаш,но најпрвин кажете што мислете за ова. Оценувањето ќе биде за -облека -физички изглед (но без некои непријатни коментари ќе ве молам ) Па ако сакаат сите и ако темава не претставува некој проблем нека има натпревар.
Здраво, добри сме. Прво, не знам како ова би можело да се изведе, сите би требале пак да ставаат слики и како ќе се состави една листа според која ќе може да се гласа? Второ, некако бесмислена ми е темава. Или едноставно не ми се допаѓа... Ама ајде, ако некако успее, секако би гласала
Не ме сфативте тие што сакаат да учествуваат нека постават слики можат да бидат истите од другите теми, но како и да е ако не им се допаѓа на никој темава билката нека ја заклучи се надевам не направив некој проблем.
не ги разбрав критериумите?облека и физиЧки изглед но без лицето?јас би гласала за најблагородна лиЧност на форумов која со своите постови допринела за другите Членови да се Чуствуваат подобро тоа е ANATH(секоја Чест) а за мисс малку по теШко дека ке моЖеме да избереме сепак ова е виртуелен свет
Хахахаха! Сериозно ова???? Уф се пресмеав. Ако остане темава ќе гласам Уствари не си сигурна Спојлер Ама чисто сумњам, пошто тешка глупост ми е
Да тоа е добра идеја за карактер,но гледам не сакаат многу па билката слободно нека ја заклучи темава
Искрено мислам дека на овој форум се вреднува мислата, креативноста, начинот на изразување, експресијата на духот, желбата да си помогнме еден на друг, а не облеката и физичкиот изглед, затоа сите сме со аватари и кориснички имиња,а вакво нешто може да се реализира како идеја на фејсбук(ако некој до толку сака да се изрекламира). Убавината на една личност се гледа преку душата.Идејава не ми се допаѓа,искрено ми делува евтино,како некој да се става во излог и да се продава. Од мене толку,благодарам
Да. А,темава случајно да не е ставена во "МОДА И УБАВИНА",а не во "Психологија"? Може да има да се гласа девојка што е најдобро облечена, тоа ќе биде интересно.
Засега не планираме да организираме онлајн избори за убавина, но ако се решиме на таков чекор во иднина, тоа веројатно ќе биде на повисоко ниво (со јасни правила и критериуми, награди и сл.), а не преку тема на форумов. Темава ја заклучувам.