1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мис на светот 2011 (Miss World 2011)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lux, 6 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас скоро ништо не видов од ова, мразам вакви манифестации од типот на мис, и што сега избрале една меѓу тие одреден број избрани и што? Рогови ќе и пораснат? Ќе потрошат толку пари на неа и на организацијата а толку поважни работи треба да се направат во светов. Зошто таа бедна ебана манифестација не ја направат некоја манифестација од хуманитарен тип па да донираат средства така јавно, и да биде сето тоа исто толку гледано низ светот. За мене ми нема смисла одржување на оваа срање и тоа не докажува дека таа е најубава жена на светот, можеби некаде постои некоја сиромашна девојка која не ни слушнала за мис а не па да има пари и услови да се пријави на такво нешто а е најубава девојка на свет. Не велам дека не е убава оваа што ја избрале, но не велам ниту дека е нај убава на свет.

    п.с. А како тоа мисицава вежба за калуѓерка, парадирајќи по купаќи пред цел свет? Јака калуѓерка нема што.

    п.п.с Мир во светот (уорлд пис) :rofl:
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Нее 5 години учела за калуѓерка ама животот ја одвел во друга насока. Инаку тие што учат за калуѓерки несмеаат да излезат а камоли да парадираат по купаќи.

    Абе нема смисла ни оддржување на Еврвизија и дурги вакви манифестациии може да се искористи на други работи, ама ете некој има вишок пари и гледа само како да ги зголеми, а вака ако ги вложи на сиромашен народ ќе му пропаднат, себичен народ нема што, после зашто протестира народот против олигархијата.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Аааа јас па колку сум без осет, погрешно сум разбрала, животот ја однел во друга насока, од калуѓерка да парадира гола на писта. Ептен забегала и она. Абе свашта има по светов. :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Учела во манастир и сакала да биде калуѓерка, минато свршено време, а зошто? Зошто била сираче и има уште 12 браќа и сестри. Што може да биде желба на едно сираче кое живее и учи во манастир и нејзино семејство се калуѓери?
    Многу нормално, да биде како нив.
    А една од причините за победата сигурно е и нејзината биографија. Се фативте за тоа калуѓерка и се потсмевате а мене ми падна жал кога прочитав каква судбина имала.
    Реално во ова шоу убавината игра мала улога, во тој месец дена додека се претставуваат таму имаат уште неколку подизбори и разговори и преставувања кои ние не ги гледаме.


    А друго кажаа неколкумина дека не треба да се организираат зашто има поважни работи во светот.
    Има точно. Но не е мис свет само, има мис европа, мис универзум, мис бикини, мис америка, мис.... се тоа нека се забрани не викам не. Се трошат пари.
    Ама на друг канал вчера имаше циркуз наречен EMA Мusic Award да не беше тоа поучно и беа тоа фрлени пари со причина? Поучно беше сателитот наречен Гага која пееше на огромна сцена месечина?
    Или да не циркузот наречен Евросонгот е поучен?
    Или парите секоја година државите што ги фрлаат за славење Нова Година на плоштад, а тоа се милионски суми. Нели може една година тоа да се прескокне да нема прослава а тие пари ќе нахранат милиони гладни деца.
    Или тоа што за светско првенство во фудбал во Катар се градат стадиони над земја, под земја, во вода, над вода, уште стадион да лебди во воздух да изградат. Прочитајте колку милијарди чинат тие проекти.
    А и мисицата работи за хуманитарни организации а и дел од парите од изборов што се дадени одат во хуманитарни цели сепак, иако таа сума е помала од онаа сума потрошена на изборов. Ама да не даде синојка Бибер, Селена и Гага некој денар за хуманитарни цели?
    Комплексна тема е ова за париве сепак. А списокот на манифестаци кои немаат резон или колку се расфрлаа пари беспотребно е долг.
    Отсекогаш имало од крајност до крајност. Луѓето биле злобни, се и ќе остаат такви.
    Никогаш нема да има world peace и секое дете да е среќно и најадено. Никогаш за жал...
     
    На pink4ever, Monna.Monna, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Нашава мисица не ми се допаѓа, па зарем дотолку бе неможеме да избереме нешто според стандардите кои со години гледаме дека победуваат, има толку убави девојки во Македонија што просто се нервирам што праќаме.
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Росонерка во право си се согласувам со тебе, ама на тие стадиони во Катар ќе се игра фудбал што го гледаме и ние а и цел свет. А ова Мис на светот ќе се одбере мисица што ние барем тука ќе ја видиме еднаш во годината и тоа на изборот, и после 2-3пати на некое интервју и тоа е тоа. Секоја година истото, и што фајде имаме ние од тоа? Ништо.
    Сите овие големи, милионски проекти и според мене се џабе и непотребни, зошто се доказ на збес. Евровизијата нас не ни мења ништо со неа или без никому ништо, наградите за најдобри песни, сценски настапи и слично, наградите за најдобри филмови, доделувања оскари, номинации и останати збеснувања се огромно хиперболизирање на истите настани, правење спектакли и преувеличување на проектот само за да се вртат пари. Не викам да не постојат големи случувања, ама не мора до толку да се фрлаат огромни суми на нив, додека голем процент од светот гладува.
    Да се вратам на темава конкретно, муабетот ми беше од Мис на светот немаме ама баш никаков ќар тоа се случува еднаш годишно и толку, истото важи и за сите останати избори за Мис, а од друга страна пак толку пари летаат за ништо, ама баш ништо. Сакав само да споредам конкретно примерот со стадионите дека на нив пак колку-толку ќе гледаме фудбал за повеќекратна намена се бар знам ќе ги гледам и ќе знам корисни се, а не ова ти си Мисица браво, алал да ти е шоуто како шоу завршува за брзо време и тоа е тоа. Е затоа не ги сакам таквите проекти за избор, додека пак другиве каде се вклучени објекти, недвижнини се веќе друг муабет, не може да се споредува баш така.
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па Плавуша не ги спомнав првенствата зашто тие се натпреварувања спортски и јас како спортски фан апсолутно ги подржувам.
    Прочитај уште еднаш зашто спомнав за Катар. :)
    Само погледни го на интернет проектот за какви стадиони градат. Тоа не се обични стадиони. Тоа се проекти од неколку милијарди долари.
    Зашто не изградат обичен стадион нормален? Мора сите да бидат wow нешто невидено?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Oвие проекти се расфрлање на пари.
    Инаку може јас и ти еднаш ќе ја видиме мисицава на телевизија. Таа колку што знам таа година си има програма што да работи и во кои хуманитарни организации ќе даде допринос.

    Еве значи во 2009та преку изборов Мис свет со донации и карти собрале 400 илјади долари кои таа година ги дале парите за исхраната, образованието и медицински проекти во Хаити.
    Знам дека дел од парите одат во хуманитарни цели и всушност организаторката преку изборов на убавина се труди да привлече внимание за хумани акции кои заедно со мисицата на таа година ги организираат.
    Прочитајте си за Julia Morley ако ве интересира таа е организатор.
    http://www.beautywithapurpose.com/

    И јас немам поима за нивната хуманитарна работа, ама ако собираат и донираат навистина пари, ете 400 илјади во 2009та, тогаш само ќе кажам браво.
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Се прашуваме зошто неможеме да избереме мисица која достојно ќе застане на светскиот избор рамо до рамо со венуцуека, индијка, порториканка.......и поркај тоа што имаме навистина многу убави девојќи. Одговорт е многу јасен-зошто не се пријавуваат, а зошто не се пријавуваат? и тоа е многу јасно бидејќи се свесни дека нема да го има истиот третман на подготовки како венецуелката или индијката итн. Па зашто да се пријави и да оди на тој светски избор само колку да се избрука. Мора прво да вложиш во себе и да осмислиш проект како да си ја претставиш земјата од која доаѓаш и себеси во најдобро можно светло. Ама се додека ние идеме на вакви избори со мислата само колку да се појавиме и без разлика на влијанието на политиката, Македонија секогаш ќе завршува на последните места за жал. И многу нормално дека ќе биде така, не може да се спореди подготовка од една или три години на некоја мисица и (не)подготовки од 10 дена. Мислам смешно.

    Се додека вака размислуваме подобро ич да не учествуваме не за друго туку греота за нашите македонки кои ни криви ни дужни ќе се осрамотат, а со тоа и јасен е каков имиџ прават на нашата земја.
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Стадионите си се феноменални росонерке, и Катар е многу специфична држава прво по облик после по сите убавини што ги поседува итн. а и знаејќи дека ќе бидат нешто така јас ги поддржувам зошто сепак остануваат како што реков недвижнини поддржувам до некаде ако веќе се фрлаат пари на вакви големи проекти бар да се фрлаат на нешто што ќе остане, а не на шоу што ќе помине тоа сакав да речам :)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Исто како што секоја година сме упорни на Евровизија, така и тука.Ем немаат пари за да ги спремаат, ем не се откажува онаа Лидија или како и да се викаше.Уште до пред неколку години се жалеше како сама финансирала и бараше пари од Владата :^) Само за нејзиниот Мис ќе одвојат сигурно :nod:

    Во контекст на ова со Катар, донекаде сте во право, ама ако така гледаме, тогаш ниту Дубаи, ниту Абу Даби, ниту ниеден друг град не треба да гради вакви луксузи, туку да ги дава во хуманитарни цели.И кој профит тогаш тие ќе го имаат.Катар е во фаза кога сака да се истакне на градежен план, за тоа има многу ангажирани луѓе, од обични работници до експерти.Ако се даваа парите во хуманитарни цели немаше да имаат 0.5% невработеност.И да не заборавиме сепак дека шеикот и нема малку пари дадено за различни хум. цели низ цел свет.

    Пак ќе речам, во право сте, но секој гледа за себе и низ призма на профит и тоа не може да се промени.Најголемиот дел од хуманитарците тоа го прават за сопствена реклама и промоција, а не од вистинска загриженост и сочувство.
     
    На rossonerka и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ Нема да му се скрши ногата на Роналдо ни Меси ако игра на стадион од 30 милиони долари. :D
    Не мора да градат стадиони од по 700 милиони долари.
    Иначе проектот чини најмалку 5 милијарди долари, а велат сигурно ќе е и дупло повеќе.

    А ако навистина даваат пари во хуманитарни акции организацијата на Мис свет тогаш нека се организира бе.

    Сепак различно мислење нели, ок ако така мислиш.
    Мене ако ме прашуваш тие пари што ги дала организаторката на Мис свет 400 илјади се колку една палма на Катар или евентуално колку еден ред седишта во стадионот. Епа ебате палмата и 10те седишта.
    Мое мислење е дека нема потреба во светот од расфрлање на пари, ама очигледно се има пари.
    Ама се има за луксуз.
    Не за сиромаштија.

    Ај до утре можеме да филозофираме кај да одат парите, кај да не одат, колку се манифестации беспотребни ... да се вратиме на првичната тема ;)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Meне ми е преубава :) заслужено победила :)
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    НЕ го гледав вчера. Ама денес ја видов победничката. Мене убавка ми е.
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Мене ми е мило за нашата што отиде, си се проби, успеа. Не е важно кое место освоила.
    Девојката е од сиромашно семејство, и не знам, некако се радувам што успеа во нешто. Мило ми е ептен. :(
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Сликите што ги постираше Rossonerka искрено ме оставија со подзината уста, прекрасни се! И сум ЗА градење на вакви стадиони. Не сте ни свесни колку ова ќе влијае на промицијата на земјата и на туризмот во Катар, само колку луѓе ќе одат таму да ги видат тие импонзантни современи објекти, а тоа значи и автоматски голем прилив на пари во таа земја. Луѓето воопшто не се будали што вложуваат во ова зошто си вложуват во иднината на својата земја. А добра работа на сето ова е и што за да се изградат овие објкети се вработени голем број луѓе па така е ова хуманата страна на сето ова. Најискрено и јас сакам еден ден да идам и да го видам ова.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^
    Бла бла бла.
    Сакаш само за информација да ја знаеш невработеноста на Катар која во 2010 е најголема до сега?
    Помалку од 0,5%. И тоа поради економска криза прв пат има процент на невработеност
    Тоа е земјата каде е бесплатна и нафтата, каде е бесплатна и електиричната енергија, каде е бесплатно образованието. Дури мислам дека и стан добиваат луѓето кои ќе студираат таму бесплатен по 18та година. А ако учиш во странство владата те плаќа.
    И прочитајте некогаш за Катар многу интересна земја, јас би сакала и без и со тие стадиони да ја посетам.
    Една од најбогатите земји во светот.

    Вие подржете ги расфрлањата на Катар за изградба на стадиони само. Јас сакам стадиони но искрено повеќе би сакала бар некое милионче да дадат ете во Африка. Ама тие НЕ. Тие сакаат луксуз како и вие. Браво. Вас ако повеќе ви значат полни очи со луксуз изгледа.
    Еве ви слика од Катар проект кој се гради ајде исплакнете очи. :?:
    [​IMG]


    А не ги подржувајте изборите на мис преку кои веројатно се собираат средства за хуманитарни цели.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Отворете си го линкот и читајте си колку пари собираат годишно
    http://www.beautywithapurpose.com/index ... ar-by-year
    Немам време, отворив 2009та, на добротворна организација 7 милиони долари за британска колумбија и 450 илјади долари на друга аукција за Хаити.
    2008 ма година дале 3 милиони за заболени деца.
    Имате за секоја година акции на организација на JULIA MORLEY.

    Ама изгледа наместо да ги гледате годините колку пари донирале, вие пак ќе си отворите Катар и ќе си викате wow види, леле стварно?
    Човечка стандардна особина, се воодушевува на убавото и заборава дека позади луксузот врие од сиромаштија. Ама луксуз си е луксуз. |(
     
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Јасно ми е тоа што го кажуваш дека има милиони луѓе во светот кои што немаат што да јадат, а тука некој си гради висобуџетни објекти. Тоа било, е и ќе биде така за жал, но тоа не значи дека сега не треба да градиме. Цинички ми е кога Ким Кардашијан која е никоја и ништо заработува милиони само затоа што ќе се појави негде. Не мора Мадона да заработува милиони од полачасовен нејзин настап. Роналдо, Кака и не знам којти таму немора да зимаат милиони годишна заработка. Повеќе мие ова цинички одколку изградба на некој објект, тој објект ќе го изградат еднаш за секоаш, а фудбалериве со години зимаат милионски палти. Зошто они не би зимале некоја нормална плата, а милионите да се даваат на луѓето кои немаат ништо или да им изградат фабрики и домови каде би работеле и живееле тие луѓе. Ова е цинички, а не изградба на нешто. Повеќе бенефиции ќе имаат неколку илјади луѓе од овие објекти одколку Ким што ќе си добие милиони за нејзина фотографија од свадбата само за неа. Да, ќе се потроши огромна сума за овие стадиони, затоа што се градат навистина ептен модерни, светски, досега не видено.... нови технологии, нови идеи итн, тоа покажуа дека светот иде напред, сигурно нема да градат обични веќе видени стадиони. За големата сиромаштија во светот проблемот лежи многу повеќе на други места, а не во изградбата на објекти.

    За ова со мисиците браво, тоа е во ред што целата организација на мис на светот се трудат да собираат средства за луѓето кои што немаат. Тоа e за поздрав, поштуем.

    Како и да е ова навистина тема за која можеме со денови да филозофираме, јас си го пишав само моето мислење.
     
    На rossonerka и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    За девојкава што победи немам зборови. :x Едноставно преубава.Преубава.
    Уште кога гледав на телевизија од прв поглед таа ми беше фаворит.Се одвојуваше од сите.Заслужена победа.Ќе ми беше криво таа да не победеше. :)

    Инаку за нашава-КАТАСТРОФА!
    Најголема утка. :| Да ја видам по улица нема да ми остави никаков позитивен впечаток,а не уште да се натпреварува за мис на светот.Има милион далеку,далеку поубави девојки од оваа во државава.
    Навистина не знам по кој критериуми ги одбираат кај нас девојкиве,дали си работат паричките или пак македонциве имаат толку лош вкус.Ама ќе да е ова првово.
    Навистина е жално и тука да работат протекции.Наместо да гледаме да ја претставиме државава во најдобро светло,ние.... :x

    А ако била од сиромашно семејство тогаш не знам што да речам... :?:
     
  19. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Значи како и да е Венецуелката беше најубава. А шо е работава шо секоја година се погрди и погрди жени има на избориве за мис на светот??
     
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Мене лично, победничката ме бендиса.
    А, нашава на Мисс отиде?..м?...Емиии, ас се извињавам ама тази песен е блгарска :worried: ( е муабетов)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.