Мис на светот 2011 (Miss World 2011)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lux, 6 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не го гледав шоуто пошо многу многу не ме засега. Ја видов победничката овде на Фемина и баш ко барбика ми е. Ептен е слатка.
    А нашата делува курвесто. Тапа е, не ја бива.
     
    На Beauchamp и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
  3. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Зарем до толку нашиве незнаат англиски? :|


    And I'm dreaming to come .. :fubar:
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Леле, значи не ми се верува колкав срам е ова. БАРЕМ преведувач да земеле, да не се срами вака.

    Сестра ми поубаво англиски знае од неа...Кога веќе одиш бре на ваков натпревар,спреми се барем половина од онолку колку што треба навистина да се спремиш.
    Колку и да е убава, а не е баш лепотица нашава ама ајде, кога гледам вака да зборува, абе веднаш одбивна ми станува!
    Можела некое речниче да разлиста, да изгледа една серија, АКЦЕНТОТ барем да го фати,а не како прв пат во животот англиски да зборува...

    Срамота е ова, срамота! :x
     
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ми го зема зборот.
    Како може до толку да незнаат или ако веќе стварно немаат појма неможат да научат две три реченици правилно да кажат?
    Некако сите што ги праќаме слабо англискиот.
    Да не се бира по таков критериум? :^) |(
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Kако мала обожавав да гледам Мис на светот. Знам после тоа неколку години ми се изгуби интересот и не го следев многу. Годинава го изгледав и навистина рејтингот за мисици (во вистинска смисла мисици) е сведен на минимум. Девојките беа со обична убавина. Немаше некоја со специфична-вонвременска убавина, која ќе се издвојува од другите и по која ќе ја памтиме. А такава убавина се бара, според моите критериуми за мис на светот.
    Покрај тоа се бара истата девојка да е хумана, солидно образoвана, да поседува харизма и донекаде добри ораторски способности - да го познава англискиот јазик (кој е светски јазик и срамота е денес да си нај-нај во нешто, а да немаш поима од овој јазик). Да зрачи со убавина и за гледање и за слушање.
    И за мене девојката од Африка беше најубава од сите. Победничката е убава, да. Но навистина е доста од таквото пласирање на еден ист вид убавина. Светот е голем.
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И со Стефани исто беше.. Ви хев хард комјуникејшн.

    А и незнам на кој начин ги бираат? Никаде ништо нит се кажа ни се чу дека ќе има избор. А убави девојки има. Можеби не до толку, ама од оваа поубави - ДА.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    I have nineteen years old. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Ох леле не и е лесно, дефинитивно. Со оглед на тоа колку е проста (да ми извините, ама навистина е, срамота е да не знаеш три реченици да сврзеш на англиски. Колку и да не знаеш англиски барем за ваков натпревар ќе се потрудиш на памет да научиш што треба да кажеш, не вака цела земја да ја срамиш) и со оглед на тоа што не е ништо посебно, успех е што стигнала до 111 место. Требало да изберат друга девојка со специфичен, невообичаен лик.
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^Уште па ако малце повише се сконцентрираш да ја чуеш ќе сфатиш дека не вика nineteen(19) него ninety(90).
    Очај. :D
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Прво - честитки за победничката. :clap: :clap: :clap:

    Нашава - дала изјава дека веќе ПОСТИГНАЛА УСПЕХ со самото тоа што ЗАМИНАЛА НА ИЗБОР ЗА МИС НА СВЕТОТ. Значи, не е битно што ќе биде таму, битно е таа да се ПРОШЕТА и ПРОМОВИРА.

    Е, тоа е нашата грешка.
    Забораваме на народот и на Македонија.
    Се заборава дека ПРЕТСТАВУВАШ ЗЕМЈА.
    Ти си ОГЛЕДАЛО на таа земја.
    Ти си ПРЕТСТАВНИК.
    Не си пратена таму за шетање, сликање и уживање. :tmi:

    Второ - Кој ја пратил девојкава??? Не можел да ја пушти на мини курс по англиски, курс по однесување, манири, држење пред камера, позирање.......ИТН.??? :^)

    Хоби - читање книги, хаха, е јакото хоби (читај: книгите од на факултет :lol: )
    И таа фама со кучето, литл доги, аман, хелоууууу :D

    Некоја пишала, била сиромашна, па греота е, ај сега да замижиме....
    Па што ако е? :?:
    Колку од нас се богати??? Па ај и нас нека не жалат, ај и нас нека не` погледнат малку.
    Сиромашна била и победничката. Ама, сама се пробила. И заслужено победи.
    Не е битна имотната состојба. Или го бива претставникот или не!

    Има мноогу поубави девојки, ама како што е кај нас се` наместено, тешко која од нив ќе се пријави на конкурс.
    Многу сме далеку ние од вистински избор за било каква МИС. :!:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Абе дали знаевте дека има Мис на Македонија?
    Дали знаевте која ќе учествува?
    Дали знаете кои други учествувале на мисот наш?
    Кои се придружнички?
    Потсетете се последниве години кои девојки само не претставуваа, ако памтите секако, а тешко да памтите зашто ниедна не остави впечаток.
    Кај нас победуваат девојки кои се пријателки на глупачата Лидија Велковска.
    Истата таа прави еден избор, кој полошо е организиран и од еден Мис лето, мис пролет, мис 69 :D
    И да нашиот избор Мис се организира 2 недели пред девојката да се прати во Лондон.
    За 2 недели што да ја научат?
    Ништо.
    Тие и така ја праќаат оди прошетај се и дојди си.
    Добро е и што облека и нашле.

    Лидија Велковска си организира избори за убавина каде она бира другарки и ги организира без медиумите и јавноста да се вклучени. Значи таа девојка е Мис Велковска, не Мис Македонија.
    Така да убавите девојки се паметни што не се пријавуваат на ваков избор.

    Мис Венецуела победила лани 2010та во Венецуела.
    Еве ја на тој избор
    [​IMG]

    И 2011та
    [​IMG]

    И фотосесија во меѓувреме
    [​IMG]

    Има 22 години, дипломирано на човечки ресурси, работела во некој медиум во Венецуела.
    Преубави црти има, преубава насмевка, баш дама ми е!
    Не знам што се фативте за тенот, јас ептен сакам латинки потемни.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Еве ја ,,лепотицава,, наша на некоја вечера пред изборот, фустанов и е тотална утка. Не викам дека другиве се нешто вау, ама можеле да и најдат некое поубаво мoделче на нашава....

    [​IMG]
     
  14. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Нашава е тапа затапена,Боже ми опрости...Слаааабо со англискиот,слааабо.
    А девојкава што победи,убава е,да,али на прв поглед кога ќе ја видам,единствено што ми боде очи се заби,заби и заби.
    Од финалистките,фаворит ми беше претставничката на Шкотска. Преубава,нежна девојка,според мене,заслужуваше место во првите 3.
    http://www.youtube.com/watch?v=8UqIoVdJ7ZM
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто мори Весне кучето го спомнуваш.....Требаше способности да се покажат, СПОСОБНОСТИ, а не дека имаш куче и дека се вика бла бла.... Жал ми е, ама навистина. И сите тие грозни коментари. Точно е дека бев изреволтирана и бурно изреагирав кога видов која е Мис Македонија, но луѓе каква таква сепак наша е, Македонка е..Имаше многу грди цури таму, ама никој како нас не плука по своето.
    И убаво рече Росонерка мислам, дека другиве година уназад се спремаат, вежбаат и 300 глупости. А нашава само ја пуштија сама на себе. Ма мрш у пизду матер Лидијо, кокошке искубана. Зар не и е жал да ги брука девојчината, не се они криви што не имаат соодветен третман, баш како и спортистите во Македонија. Ебати државата ебати ја.
     
    На A-j-a, barbie-hilton и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    Вчера во еден разговор случајно дознав еден неофицијален податок дека ракометарите на Металург имаат плата од 3-5,000 еур. Епа колку треба да бидат третирани????


    Вреди ли да се пцуе и плука по државата :?: По Лидија плукај колку сакаш , твое си е, но кога плукаш по државата плукаш на сите нас.
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас сирота денес дознавам дека имало наптревар за мис на светот.

    Абе знаете како, најлесно во животот е да си ова:
    [​IMG]

    Aма се забораваат многу, многу работи. Прво за успех не е доволно само да имаш талент или да си убав во случајов. Треба да го вежбаш тој талент, треба да се надоградуваш и усовршуваш. Исто како талент за математика, некој го има, но треба да изреши 15 математики за да може да се каже дека ја познава математиката.

    Така е и со девојчево. Јас сум сигурна дека доколку се имаше сет на професионалци, девојчево можеше да постигне многу поголем успех. Што, другите земји да не имаа поубави девојки? Прво Венецуелката, ајде не мора Венецуелката, таму веќе не е хумано тоа што го прават, било која друга земја, дури и нашите соседни земји, ги спремаат девојките. На нивните лица работат фризери кои изнавиделе секаков тип на коса, шминкери кои знаат да нашминкаат а девојките да не се познава дека се шминкани, стилисти кои знаат да ја истакнат секоја убавина на девојката, луѓе кои им покажуваат како да се смеат, како да гледаат, како да ги држат рацете, како да одговараат на прашањата. Постојат специјални доктори кои со помош на хемија можат кожата и лицето да го изменат за 180 степени. Ние немаме доктори, не дај Боже човек инфаркт да го удри нема доктор да го спаси, нема ни саглам просторија и чисти чаршафи за тоа, не па такви доктори.

    И што очекуваме, преку леб погача? Е тоа во светот на бајките само, реалноста е далеку поинаква.
    Ги гледам другиве девојки, па знаат бре како да остварат комуникација со апаратот, знаат како да се постават. Нашево се нема сликано професионално, ќе оди таму ќе победува такви девојки...
    Не е работата само да се хејта, уаааааааа грдааааааа, вакваааааа такваааааааааа, работата е што ние да пратиме ете некоја девојка што ќе ги задоволи критериумите на масата за убавина, пак нема ништо да направи, од погоре спомнатите причини.

    А ова за хуманоства колку само ме нервира. Зошто по пропорција за секој ивент што ќе се направи, добро искеширан се јавуваат луѓе кои прашуваат зошто парите не се дале во хуманитарни цели. Зошто по пропорција само богатите треба да донираат? Хуманоста може да се искаже и на поинаков начин. Ние што не сме мултимилионери колкупати сме донирале 50, 100, 150 денари за нешто? Исто како што за милионерот пола милион не е ништо, и за нашиот стандард 50 денари не се многу. Мислам смешно е да бараш од некој да е хуман, кога ни ти самиот не си. Има една приказна, кога се градела некоја црква во некој град, градоначалникот рекол дека обавезно за секој граѓанин е да донира по некој денар, во спротивно ќе оди во затвор. Поминале многу луѓе и оставале нормално пари, се дури на ред не дошла жена која била целосно во партали, неизмиена, неискапена, слаба... И фрлила само некој цент. Тогаш попот рекол оваа жена даде најмногу, сите го поклонија нивниот вишок, само таа даде се што имаше. Така да ако секој од нас даде по 50 денари од вишокот, гладни деца нема да има.

    Честито нека и е на победничката, а нашава нема што да се коментира, таа е последната дупка на кавалот. Треба многумина повисоко од неа да се сменат за да може модел да просперира.
     
    На WhiteAngel, Gordana10, BeYourself и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам, но една личност во мојата фамилија е спортист, и тоа многу битен за Македонија, па ни скршен денар не зема а за условите за да спортува воопшто не ни спомнувам бидејќи се катастрофа. Зборувам од искуство затоа те молам немој да ме цитираш. Благодарам
    Он топик, гледав неколку видеа и од мис и ми падна во очи бугарската мисица. Па добро, не е сама Весна, цела Бугарија плука по нивната, ја прават неписмена, се мислат како баш неа од толку бугарки...Значи не била само кај нас таква ситуацијата.. Не дека ме радува тоа, ама кога ќе видиш, политиката го зазема првото место секаде во светот, а не вистинските вредости.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Симпатична е оваа победничка не да не, ама само толку :$ . Друго е што позади неа стои цел тим и работи на нејзината убавина т.е разубавување, придржување на одредени пропорции, правење убава насмевка, манири....
    Незнам зошто, ама кога ќе чујам МИС на светот веднаш ми текнува на Мир во светот (мото на секоја мисица) и :D :D :D . Да, освен што со договор се вржани за некое илјадарче кое претходно треба да го изработат за хуманитарни цели, нешто друго јок. Абре ниедна од нив не стаса далеку т.е искачи на Месечина :) а ниедна не ни паметам.
    Па така и ова наше гревче кое го излажале. Ок, убаво искуство и сега ќе знае дали ќе продолжи и понатаму со тоа хоби бидејќи цел и е да стане успешен бизнисмен women како што разбрав.
    Епа колку вложуваме толку ќе добиеме ;)
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    О, Боже мој. Оваа нашава нема појма од англиски бре. :o Абе, јас знам подобро. Бруки.

    И да, Венецуелката ми е баш убава. Башка и убаво гласче има, онака, милозвучно. :D
    Па, што дека видеото не и е на англиски? Барем звучи подобро.

    Иначе, еве ја венецуелката
    http://www.youtube.com/watch?v=IEmw75ovKAI
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.