Мис на светот 2011 (Miss World 2011)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lux, 6 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    What the hell? :^)

    Ај што не знае англиски, мене ниту убава не ми е. Има некоја остра црта, ич не ми е ниту симпатична, а уште помалку харизматична.
    А за победничката само пофалби, навивав за неа :rock: Многу ми беше слатка, нежна, преубава е. А освен тоа и скромна. Не за џабе мама вика: Абе во Венецуела се најубавите жени! Секогаш испраќаат невидени убавици.
     
  2. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Се согласувам дека нашата претставничка стварно е за никаде.Венецуела заслужено си победи,имаше и други стварно убави девојки,но сепак Венецуела си заслужи :)
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не викам да го омаловажуваме нашето, ама форумов и темава се за да си го кажеме мислењето, па сигурна сум дека во секоја држава има бар една тема за Мис на светот и дека на ниво на држава не би рекла баш дека сите ја фалат и ја возвишуваат претставничката. А ај ако не пошто е македонка да кажеме се најдобро за Весна, а има толку многу недостатоци? Повторувам, не викам да ја праиме од ***** подоле, ама нема ни што да ја преценуваме кога си има толку многу недостатоци што кога би пишувала for and against essay многу повеќе има негативно да се каже за неа. Тоа си е реалноста, нема што да се лажеме тука.

    И стварно мислам дека треба да се воведе некое пробно интервју меѓу нашиве и претставничката во наредните години, по претпоставка прашања што би ја прашале кога ќе отиде на изборот, онака чисто да се увиди колку не знае, и што не знае нека и помогнат јазичари. Барем на тоа поле да не се срамиме! Не дека јас знам англиски, и да не знам пак ќе сметам дека една Мисица демек, треба да знае да сврзе неколку реченици ако ништо друго бар граматички точно кажани. Не бараме којзнае какво излагање, многу ќе и дојде тоа. Да си ги пуштиме нозете колку што ни е долга чергата.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Ја изнагрдивте Лидија.
    И скроз оправдано! :!:
    Ама дека таа ги брука девојките??? :?:
    Ако знаеш како стојат работите кај нас, ако си свесен дека нема да можеш да се `носиш` со таа манифестација на светско ниво, и знаеш каква е Лидија - не се ни пријавувај, немој да се брукаш! :x

    Ама, кажав, нашево е шетање и себе промовирање...Кога ти плаќаат други, па и јас ќе одам.
    А, впрочем, ќе бидам и јака фаца у град. Јухууу :D
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Наместо да ја поддржиме нашата претставничка, ние ја плукаме.
    Истото се случува на секој избор, не само за мис, туку општо, и за евровизија на пр.
    Абе секогаш, ама баш секогаш за нас нашите се најлоши.
    А не треба да е така.
    Колку и да се лоши, грди, чудни ние треба да ги поддржиме. Па ако не своите кој сакаме да ги поддржи?!
    Конкретно за Весна: девојче од село, тешко се пробиваше, ама одеше до кај што можеше лично од себе. Зад неа финансиски не стоеше никој...
    Беше мис на Македонија.
    На изборот за мис на светот ја пратија тук така, без спремања, без ништо.
    Е па каква сакаме да биде?
    Каков само беше нејзиниот фустан... А како на победничката. Неспоредливи беа.
    Што можеше таму да прави? Што правеа сите тоа и таа...
    Секој со својата фаца.
    Шетала, се сликала... Е па манекенка бе луѓе, за тоа. За модна писта, за насмевка, за позирање.
    Колку што знаела, како што знаела направила.
    И пред да скокните дека ја бранам, да појаснам: не ја бранам.
    Ако сакав да ја бранам поинаку ќе пристапев кон темава.
    Само малку реално да гледаме, ова е Македонија, овде ништо не е како што е во високо развиените европски земји. Нашите барања од претставниците кои одат навакви и слични избори би требало да си ги прилагодиме на стандардот наш, македонски...и на можностите.
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Потполно се согласувам со WhiteAngel. Не го гледав ни изборот,ни знаев која не претставува.Само јас секогаш стојам зад тоа нашите се најдобри без разлика на се.Дали ќе победат или изгубат тие се наши,а мислам дека прво треба да се сака своето.
     
  7. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Исто и јас се согласувам со двете мислења над мене. И стварно не ми се јасни коментарите аууу види ја оваa каква е грда. Добро знам дека има различни вкусови, фала богу, меѓутоа да изругаш некој одма така не е ок. Едноставно еве мене овогодинешната победничка не ми е по вкус, додека победничката од 2010 ми е прекрасна, па сеа не викам грда, ваква, таква. И еден апел до сите што мислат дека се неспоредливи со жените што учествуваа на изборов (и тоа добронамерен, да не ме сфати некој лошо) Девојки повелете пријавете се следната година, изборете се за повисоки места за да ја направите цела Македонија горда. Се разбира ако не ви сметаат коментари како оние напишани погоре.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.160
    Пол:
    Женски
    Себе промовирање? Па да бидеме реални секој си се промовира на вакв или таков начин,а па и да ви дојде некој на вас и да ви рече- Девојко си за на мис? Не, не јас сум фино девојченце има поубави од мене, барајте си. Ахам!
    Девојкава не ми е убава, но кога и се пружило шанса зошто да не оди? Не е таа крива што позади себе нема тим кој ќе ја подготви. Плус за фустанот, сигурно не го одбрала таа, туку некој креатор и го дал да го носи.
    Мене ни победничката не ми беше фаворит, јас ја сакав Порто рико. Во секој случај нашава беше поубава од онаа прва придружничка што е. Оваа година немаше многу убави девојки, еве на пример Италија ме разочара, Србија исто.
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Абе ајде. Што сме ние подолу од другите земји? Рудиментирани ни се фаците? Неаме вода у очи? Глупи сме? Преку глава ми е од вакви самосожалувачки мислења, редно е да се замени тоа „ах, кутро македонче“ и ако веќе толку сакаме да заличиме на земјите на кој им завидуваме, да почнеме и да одржуваме избори како нив.

    Гледаше некој Мис Македонија? Гласаше некој? Кој е критериумот за пријавување и зошто ваква гуска успеала да догура до титула? Да ја подржувам зошто е наша, како не бе. Кога ќе се одржи регуларен избор, со девојки што барем малку заликуваат на материјал за мисици, тогаш ќе поддржувам, макар и мене не ми се допаднала.
     
    На crazylady, Monna.Monna, girl.23 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Се сложувам потполно!!!
    Што туку со сила се деградираме? :^)
    Е, сега, за убавина и не се дебатира, има различни вкусови, овде повеќе се дебатира за целокупната појава на една учесничка.
    И да, ако имаме регуларен избор, подруго е, но вака од нигде никнала убавица? :?:

    И што сме подолу ако сме `заостаната` земја?
    Не станува овде збор за Наса истражувања, аман бе! Станува збор за убавица, која ќе поднаучи малку англиски, ќе се учи на смешкање пред камера, за позирање, ќе измисли некое хоби, ќе ја дотераат од глава до пети. Ако е ова тешко, не знам!!!??? :x

    А, за фустанот - можеби нема да е со сваровски кристали, ама може да се одбери некој прикладен, згоден модел!

    И каква врска има дека девојката била од сиромашно семејство?? Кое е тоа сиромашно семејство? На факултет е запишана. Ако е сиромашко, ни на факултет не ќе беше. Аман бе. Ако кој е богат од нас нека крени два прсти. Сите се знаеме какви сме, просечни, колку-толку имаме.
     
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Зашто мислите дека сте обврзани да сакате нешто само зашто е наше? Демек ако е нешто македонско мора по дифолт да го величиме и да викаме дека е најдобро на свет? Аман луѓе. Од нашава земја излегле и добри и лоши работи, повеќето лоши и тоа е факт и не планирам да си мачкам очи само за да ми речат браво, патриот си. Тоа што не чини ќе го плукам сеедно чие е, тоа што чини ќе го почитувам и поддржам, дури и да не ми се допаѓа.

    Имаме 3-4 светски познати манекенки од кои лично ниедна не ми е лепотица, но алал им` вера, секоја чест, горда сум и им` се клањам, ниедна од нас нема да постигне тоа. Ете таа е разликата, меѓу почит кон нешто, иако не ми е по вкус, и ругање на нешто што по ниеден основ не е квалитетно.
     
    На SexyLady и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Не се работи само за девојката, побогу!!!
    Се работи за целата организација.
    Не беше ни Венецуелката лепотица, ама зад неа стоеше тим професионалци кои ја направија да изгледа така, кои со години се грижеа и ја учеа!!!!!
    Ете, за тоа се работи!
    Тоа во Македонија го нема!
    Весна е одбрана недела дена пред изборот, не 3 години однапред. На лицето на Весна не се работеше со години, ниту на телото, ниту на однесувањето.
    Видеото на Весна не беше сто пати преснимано!
    Тоа е проблемот! Во Македонија се немаат тие услови кои ги имаат мисиците од поразвиените европски земји.
    А ако вие можете без години припрема, без тим професионалци, онака сами од себе да победите на избор за убавина на светско ниво, повелете, пријавете се. |(
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Не е девојчето наше за ругање, туку оној кој организирал и ја одбрал неа...Таа претпоставувам си е убедена дека е најубава и дека перфектно говори англиски штом никој не се потрудил да и објасни дека не е баш така...
    Мене лично ни победничката (Венецуела) не ми е нешто посебно, ниту пак тие 10 или 15 што беа во финале на крај (само нив ги видов)...За пример ми е избор на мис Италија, цел го изгледав пред година или две, и тоа е веќе празник за очи...
     
    На crazylady и sesilija им се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Како и да е.... Со самиот избор Весна стана на некој начин јавна фаца.
    А, јавните фаци ги следат позитивни/негативни критики.
    Или стани имун на нив или отакажи се.
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Победничката е прекрасна, мене многу ми е мила, слатка, убава и згодна.
    За македонката - не ми е грда, но просечна девојка... можеби и малку под тоа. Навистина Македонија има многу убави девојки што може да просперираат и повеќе да се истакнат, ама како што сите знаеме, битни се врските, ништо друго... сега за нашава девојка навистина не знам дали е со врски или не, тоа не коментирам...
    Се губи меѓу светскине убавици...
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Јас баш и не сум упатена, ама колку земји учествувале штом нашава била пласирана на 111 место? :tmi:
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ли0несс да разгледаше поубаво во темава и на сајтов околу ќе видеше колку земји членки учествувале.
    Ете има и на сајтов објавено, прочитај си за подетални информации ако те интересира. ;)
    http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 1%82%D0%B5
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    А поедноставно ќе беше бројче да напишеше :) . И линков носи на ревијата на Victoria's secret. А навистина немам време да ја читам цела тема (сепак сум јас во години :P ) почнав ама се откажав после некое време. И си напишав дека не сум баш уптена...
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.903
    Пол:
    Женски
    Лионес имаше вк.113 учеснички.

    Го гледав изборот и ми се допадна победничката, Венецуелките навистина се убави жени.....иако фаворит ми беше девојката од Јужна Африка (не можам да најдам слика и да постирам).
    И Порториканката ми се допадна и Италијанката, тие ми беа фаворити.
    Мое мислење е дека претерано без исфорсирани Англичанката и девојката од Шкотска. ОК домаќин беше Англија, ама не мораа па овие две да влезат во финалето, во тие 15 девојки, доволно ќе беше само една од нив за да се комплетира улизувањето.
    А Филипинката ми личеше на трансвестит, многу некако коњеста и машкоданеста во фацата (не ме тепајте :lol: , се работи за вкус)

    Искрено за нашава не сакам да коментирам, и го гледав претставувањето и беше многу лигава, посебно за мама, тато и за кутрето, говорот и беше |( :puke: ....можеле барем да и` напишат кратко говорче што да каже.
    Ги следам избориве чисто информативно, ми се допаѓаат тоалетите, може да се извлече добра идеја за некоја свечена прилика да си сошијам.
    Не навлегувам во полемики за тоа како би можеле порационално да се искористат парите потрошени на изборов, на тоа нека мислам учесничките и организаторите кои се залагаат за World peace :x
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денеска е 11.11.2011 и според тоа што нашата мисица беше 111 очигледно ја чека блескава кариера на моните писти. Па нели предвидуваа нумеролозите дека од овој ден светот ќе се изменел на подобро :) :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.