Докази. Религијата е за контролирање на маси. И то не е лошо. Некогаш сакаме да штитиме маса, особено порано кога немавме толку достапни информации како сега. Исто така е нешто длабоко кога некој верва и можи да е многу моќно од ментален аспект како снага и мотивација. И ова не можи да се негира. Во мое искуство, поморални луѓе биле тие кои не се религиозни и апсолутно генерализирам лично искуство зошто кога и да дам шанса испаѓало и с т о. Зошто земале во предвид проценка на реална ситуација и како да не повредат чоек, а не да имат strings attached оти книга му рече дека треба да е спротивно целосно не земајќи во предвид кој повредват уз процесот. Во мое искуство, сум видела поќе повредени луѓе од страна на луѓе кои не можат реално да ги земат сите варијабли во предвид. Пр. Геј дете едните го бркаат од дома и го конвертираат шо ќе наруши ментално здравје и среќа на детето посекако често завршувајќи со суицид (аМа То Е гРеВ, o gee, maybe don't push people over the edge), другите ќе се грижат за добросостојбата на то дете безразлика од нагоните шо ги има. А вакви пример - милион. И последно. Верата се осеќа со срцето, не со докази. Или ја осеќаш и имаш, или ја немаш.
Атеизам и морал vs. верски морал е друга тема, да не мешаме овде, ќе отидеме оф топик. Митарства. Да си верник не значи да си безгрешен. Нема безгрешен човек. Можеме само да го даваме најдоброто од себе, да се каеме искрено за грешките и да се надеваме на божјата милост. Сепак, никој не знае како ќе биде по смртта. Сум читала, направени добрини и молостина покривале некои гревови. Како и да е, верата по делата се гледа, а Бог е праведен во својот суд.
Да бе, бидејќи ти живееш од почетокот на човештвото и знаеш дека баш денес луѓето се најлоши. Зошто после се лутиш кога некој ќе те наречен религиозен фанатик?
Ако ме прави фанатик тоа што верувам во нешто што знам дека е вистина тогаш да фанатик сум бидејќи сум сум истражувал доволно на темава и знам дека е тоа така. А тој што верува само во науката а нема истражувано што мислат научници што се креационисти па да спротивстават две теории па да дојдат самите до заклучок која теорија е повалидна ондак океј од мајмуни сме настанале или од заеднички предок како што милуваат да кажат еволуционистите кога теоријата дека сме настанале од човеколики мајмун им пропадна во вода бидејќи немаат пронајдено ниеден фосил од некаква прелазна форма од мајмун во човек па мораа да ја менуваат тезата во "заеднички предок" за нивната фалшива теорија не се распадне како кула од карти
Ако мислиш дека Земјата настанала пред 6000 години, не само што си фанатик, туку си и прост и неедуциран. Да не е планетава рамна, исто така? И сонцето се врти околу неа?
Мешаш баби со жаби дека земјата е округла и дека кружи околу сонцето тоа е факт. Теоријата на еволуција и старост на земјата од 4.5 милјарди години не се факти доволно сум едуциран и уште од мал кога појма сум немал од религија идејата дека човекот преку еволуција настанал од бактерија ми била бизарна и смешна ако некому му е смешно дека сме настанале од Адам и Ева теоријата на еволуционистите е уште посмешна.
Човек, тврдиш дека Земјата е 6000 години стара. Јас не ги спомнав Адам и Ева, ти ги спомињаш. За таа приказна па да не коментирам, баш убаво е што според тебе сме настанати од инцест. Останатото го спомнав бидејќи во библијата се збори дека Земјата е рамна и дека врти сонцето околу неа (затоа Галилео е казнет од црквата).
Или не си ја читала библијата или не си разбрала нешто како што треба. Никаде библијата не тврди дека земјата е рамна плоча секогаш кога се зборува за земјата тоа е симболично и во метафора, тоа што бил Галилео осуден од црквата е приказна за себе објаснав погоре како владееше римокатоличката црква спротивно на христовите учења. Што се тиче Адам и Ева немаш никаков проблем од инцест и размножување во блиско сродство кога имаш два генетски совршени организми без генетски мутации и грешки и никаков ризик од деформирано потомство. Проблемот настанува после потопот кога климата и условите за живот на земјата се менуваат па оптоварени од земање во блиско сродство и мутирани гени почнале да излегуваат и деформирани потомства токму тие се "праисториските" луѓе што ги кажуваат еволуционистите како хомоеректусот и неандерталецот кои всушност биле луѓе со нарушена генетика поради земање во блиско сродство што подоцна експлицитно е забрането од бог. А за старост на земјата постојат книги и цели предавања не можам да објаснувам овде ако те интересира земи истражувај па сама заклучи во какви бизарни теории сме индоктринирани да веруваме уште од деца
Дури и да ми покажеш докази дека постои, нема да величам никаков бог кој убива луѓе. А ако он не убива, не ни спасува ни помага Значи е бескорисен.
Да де, кога ти одговара е метафора, кога ти одговара е вистината. Нивните деца како се размножувале? Па после, нивните деца? Итн. Пред колку години живееле тие - "праисториските" луѓе што ги кажуваат еволуционистите како хомоеректусот и неандерталецот?
Пошо многу си истражувал, нешто во истражувањава ти промакало. Па нареден пат би те советувала да излезеш на терен и да истражуваш. Еве за промена влези во некој природно-научен музеј и ќе видиш, богами, баајѓи докази
Според еволуционистите хомоеректусот пред милион години неандерталецот пред 200 илјади години според Библијата непосредно после потопот. Исто во блиско сродство и не е никаков проблем кога потекнуваат од два генетски совршени организми без рецесивни гени шансата за аномалии е непостоечка може да се создадат цели генерации на нови луѓе без никакви деформитети.
Кога е тоа? Ете, Земјата е од пред 6000 години, пред колку години се случил потопот? Пред колку години живееле неандерталците? Значи, неандерталците се создале кога мутирале гените поради промената на климата после потопот? Така е, да. Кога се нема реалистичен одговор, може да се измисли еден.
Кои тоа докази мислиш поточно? Докази за јавувањето на Бог на Мојсеј и само на Мојсеј? Одењето на Исус по вода? Девственото раѓање? Дискутираме на тема за верувања, по кој знае кој пат чил. Никој не може со сигурност да тврди ништо, само да е убеден во тоа (дека може со сигурност да тврди нешто). И зошто толку имаш потреба да ја претставиш/ докажеш библијата/христијанството/јудео-христијанството како една и единствена? Имаш потреба одхрана за (духовно)его (наместо за душа)? Тоа (гордоста) дел од митарствата ли беше чекај да видам? Зошто таква слика оддава ова.
Многу ме интересира како тоа си истражувал и на кој начин, од каде цврсти докази и факти за да викаш "знам дека е тоа така"
Тоа пробав на почетокот да му го објаснам. Религија е верба. Доказ е да ти докажам зошто 2+2=4 и како, а вера не се докажува, не за џабе и го дале тоа име. Или веруваш или не. Ако се докажувало до сеа ќе знаевме сите и сите ќе го сакавме тој еден бог создавател креатор и тако даље, немаше да има милион религии и кој како сака да си толкува работи.