Исповед 1.Празнословие и пцовки - многу ретко. 2 Лагата - мразам лажење, едино да откачам луѓе лажам дека сум зафатена и слично за други работи искрена до коска и во ситуации кај што не е паметно искрен да си. 3 Осуда и клевета - мн ретко, мразам оговарање. 4 Прејадување и пијанство - не, од мала возраст сум научена да јадам по малку во еден оброк а пијанство 5 пати се имам испијането и никогаш веќе ужас! 5 Мрзеливост - за спиење само. 6 Кражба - не. 7 Среброљубие и скржавост среброљубие да, скржавост не. 8 Подмитување - досега не. 9 Неправда и суета - мразам неправди, суетна понекогаш сум. 10 Завист - никогаш! Се радувам на туѓа среќа на туѓа несреќа сочуствувам. 11 Гордоста - да 12 Гнев - во некои ситуации. 13 Злопамтило - сум но простувам. 14 Разбојништво - не. 15 Магионичарство, гатање (гледањето) - никако! 16 Блуд - не знам 17 Прељуба - не! 18 Содомско - не. 19 Идолопоклонство и секоја ерес -не. 20 Немилосрдието, окружниот, суровите и оние што мразат- не. Ниту еден човек не може тестов да го помине.
Потопот бил пред 4300 години а хомоеректусот и неандерталците се послепотопни луѓе кои поради промeнетата клима и генетските мутации и земање во блиско сродство имале блага генетска деформација но биле луѓе не биле друга некаква си прелазна врста. Еве како според еволуционистите изгледал "неандерталецот" А како изгледа денешен човек од Абориџините во Австралија. Ова можда значи дека неандерталци сеуште постојат who knows
Значи во превод, грубо кажано околу 2200 години п.н.е. Што велиш, кога се изградени пирамидите во Египет?
Темава како што гледам не е за кој верува кој не верува, докази и сл. Конкретно е поставена. Она што мене не ми е јасно дали овие митарства се всушност гревови? Зошто гледам така е поставена темава, а веќе има таква.
Јас како што знам и она што се прави задуша 40 дена после смрт, е затоа што секое митарство трае по 2 дена, 20 митарства значи 40 дена.
Пирамидите се после потопот 500 600 години одприлика ако почниме да збориме за пирамидите ондак мораме повторно да се повикаме на библијата како извор бидејќи денешен човек со големина и конструкција како нашата нема шанса да ги изградил. Значи дефенитивно постоеле и џинови тоа е јасно како ден. https://www.ancient-origins.net/une...ient-egypt-part-1-lost-legacy-pharaohs-008739 Еве ти нешто и од небиблиска перспектива околу пирамидите
Молитвата е најбитна кога по смртта душата можеби минува низ овие царини, граници...Светите Оци не се едногласни по ова прашање. Но,за самото учење постојат сведоштва,иако оние кои се против сметаат дека премногу им се дава значење на демоните во судењето кое е сепак само во надлежност на Бога. Некои велат дека митарствата се аналогни со чистилиштето кај католиците, а неоспорно е дека за слично патување на душата се говори и во најстарите египетски списи.
Иако се поврзани со гревовите, митарствата се всушност граници. Кога душата го напушта овој свет,на патот кон небото,минува низ поднебесје....тука царуваат демоните кои ја напаѓаат душата и на секоја од наведениве 20 граници таа се присеќа на секој свој неисповеден грев. Борба за душа. Ангелите и помагаат наведувајќи ги најзините доблести и добри дела. Помага многу и молитвата на оние кои на земјата се молат за душата која патува. Во зависност од она што ќе претежне,душата се сместува во рајот или пеколот.
Според еволуционистите пред 60 милиони години изумреле. Според Библијата постоеле и пред и после потопот заедно со човекот но поради изменетата клима условите за живот не биле погодни за нив и изумреле набрзо пoсле потопот. Еволуционистите користат скроз погрешна метода на датирање на фосилите бидејќи и климата и атмосферата биле изменети после потопот никој незнае како изгледале пред потопот па затоа фосилите им покажуваат старост во илјадници и милјарди години што не е вистина.
Конкретно не се именувани како диносауруси но се споменати како морски чудовишта и земни зверови што недвосмислено се мисли на нив https://www.openbible.info/topics/dinosaurs
Ќе заглавам ко што гледам по царини. Шала на страна ама ич неќам да оптеретувам мозок размислувајќи за некои вакви недокажани работи. Како и да е, долга е листата, не верувам да има безгрешни.
Пцовки, прејадување на нервна база, суета уф, ерес-широка категорија. Ако верувам во бог кој е еден за сите, без оглед на вери-еретик ли сум? Не е лоша листава, како потстетник да си ги увидиме слабите страни и да работиме на нивно елиминирање. Светот би бил подобро место тогаш и дури сме на овој свет, нели?
Каков гугл, каква Алекса, каков chatGPT еве Бог ни го прати @Wideperpetual на Фемина на помош. Спојлер: . There, fixed it for you. Спојлер: . Не. Јудео- христијанско гледиште (и некој би рекол пропаганда). Исус не пробуваше упорно да ги потсети на ова, ниту упорно да им го повторува ова до степен на хипноза додека не го прифатат како вистина, туку да ги издигне над ова. Односно склони сме кон грешење, но и способни за издигнување над тоа. На секој е да бира за себе. Тоа е човечката природа. Тоа е и Христовата порака, со се разлика во конотација (помеѓу христијанство и јудео-христијанство). И за оддалечување од божјите закони исто така може да се каже и за христијани и јудео-христијани. Спојлер: . И за тоа време имала доволно време и воља да направи измени во Библијата како и секој друг тиранин во негова корист со сокривање информации и знаење што не идат во нејзина корист за (интернационална) контрола над масите и психолошка манипулација над исти дека сето тоа е потребно, неј нужно и за нивно добро и спас (на душа). А да и дека е единствен пат и начин (до Бога) однсоно стварање зависност на масите од неа(црквата) од веќе наведени причини. А да и играње Бог успат, тоа е примамливо за егото на секој тиранин (ово пат и буквално). And the rest is as they say history. Ова се историски настани,затоа и има докази. Исто како што и се егзекутираин луѓе и народи во име на Јахве и барање негово прифаќање од исти. Исто како што според стариот завет и Јахве го одобрува ова, како и робовладетелството. Спојлер: . Не, те прави фанатик она што и по дефиниција сите фанатици ги прав фанатици, односно верување и убеденост дека само твоето мислење е исправно и не прифаќање било какво поинакво/спротивно мислење и гледиште. А и не е лошо темата да се остави за она што е намената, за другото си има тема веќе (веќе го напишав, долг е постоов за преместување во соодветна тема).