Мислам дека на форумов му фалеше ваква тема. Свесни сме дека кај нас врие од ова.Значи од најмали работи до најголеми се фаќаат врски, се потплаќа се подмитува, се` до големи работи како убиства, сообрајќи каде сторителите или поминуваат неказнето или со минимални казни. 1.Дали сте биле сведок на корупција кај нас? 2.Дали сте да се смени Уставот (ама да напраиме нешо ако има консензус не само да дрндаме ) за некои закони? Ја да кажам мене преку Таска ми е веќе.Ама најсериозно. Не можам многу да разглабам на темава денес дека имам за учење за утре ептен.Ама реков дека ќе ја отворам и ја отворив. Ајде чекам идеи, мислења, може и од правни лица. Утре ќе се распишам јас
Се добро само се ќе биде џабе и само себеси ќе си наштетиме со нови закони/устави. И после некоја година ќе го смени било кој во своја полза. Све има на папир само. Тука некое време веќе нема држава. Ако сака да ја опраи некој ќе треба на сила, тоа е единствен начин.
Епа ајде бе У Казахстан, Владата им ја запалија, ние уште на Фемина и Фејсбук не можеме да се договориме што сакаме, а сите знаеме, подобар живот и МЕНТАЛИТЕТ ПОДОБАР. Ние во мозокот си имаме фалинки Знаеш дека имаш некој во полиција, во ДПИ, во УЈП, во МВР и ќе си правиш прекршочиња, се дур не дојде до сериозна работа Не знам како да ви кажам ама јас се нервирам бидејќи не дај Боже, на моја другар/ка, роднина, моиве па не дај Боже, може да им се деси нешто, и да пројде тек така. Не за друго, ќе го убијам (само ако се моите у прашање) и уште толку ќе су го дозаебам животот. Ако чекам на судовите..
До тука е дојдена работава не од сега.Сега само кулминираат работите во сите сфери. И знаеш кој е крив??Нашите баби и дедовци.Македонците се мирен народ,ќутел,трпел,само си викал да имам еден скромен живот и мир. Арно ама после икс години нивните внуци,правнуци се соочуваат со секакви проблеми. Си помислувам и викам поскапела струјата,не отруја со воздухот,не оставија без греење,имаме проблеми со кучиња скитници,здравството крш.И сега си викам од кај да почнеш со протести?И промени?Ние немаме проблем само со корупција.На оваа држава и треба еден рестарт.Да дојде некоја јака држава да не земе под нејзина закрила.Да не избрка сите од работа.Да воведе нови стандарди.Од ново вработување по квалификации.Една огромна чистка.Зошто тука работите се одамна навлезени во катастрофа.Не се оправда тоа така лесно.Затоа бегаат луѓето од тука,зошто се свесни до кој степен сме уништени.
Не се проблем законите, проблем е што не се спроведуваат од надлежните институции. Еден пример и едни од главните актери зошто сме кај што сме е и Јавното обвинителство. Баш некни излезе истражување по повод извештаи објавени од Европска комисија за напредокот на Македонија односно нивното не/функционирање во целост. Она што ми боде очи во статијата е што и така малиот буџет со кој располага обвинителство за гонење организиран криминал и корупција годинава е намален за две третини. Институцијата и така не дава резултати, не знам зошто и постои, така само за на хартија. Ќе нѐ лажат со правна држава, национализам, ЕУ, ќе ни прават театри демек едни против други а воопшто не планираат ништо да превземат околу ова, напротив уште толку ќе ја заташкат. Еве линк кој го интересира и зошто во скоро време нема да биде подобро овде. https://vistinomer.mk/javnoto-obvinitelstvo-funkcionira-so-samo-edna-tretina-od-predvidenite-kadri/ За судството и не ми се пишува, судиите се најголемите гробари на државава, само некако цело време се како недопирливи. Не знам до кога.
Вака, најсериозна сум сеа.Мора да превземеме нешто. Еве и вие што сте постари, кажете како да се прекине оваа селективна правда. Сите сме свесни дека кој име ќеш и познаници полесно ќе помине.Стварно не ефер, зошто некој со тоа што нема пари како Мијалков, Камчев, Боки13 итн да трпи уште толкави штети. За најбогатите у државава нема да го смениме тоа, тоа е факт. Или да се собереме и петиција, филтрација на се` у Мвр.Од полицајци до инспектори, началници, се` да се смени. Жими се ја лично да иам пристап до Премиеров би му отишла и се` би му рекла.Не е дека не се свесни. Или да ни` ја видат другата страна-бунт. Ама ова треба да има организација.Да се почне со нас на Фемина, па да шириме на Фејсбук Инстаграм.Мислам ќе има голем одзив, поготово од луѓето од пониските материјални слоеви бидејќи они се оштетени најмногу Не иде ова вака, дое време да се плашиш за животот. Мене не ми е ако умрам, ај и да умрам океј, ама зашто копилето да полежи малце и да искочи. Сеа ќе направам друга тема за сообраќајки
Овој проблем не е од вчера. Не се менува преку вечер. Задоцнивме како народ, потфрливме секаде и затоа ова е веќе нормално. Вака сите може да сме гласни, реалноста е дека треба надвор. Македонецот одамна е страдал од своите, не гледам разлика.
Убав закон си имаме, само треба да се спроведува и оние што работат на тоа да си ја одработат платата.
Добро, сериозно мислите дека можеме да направиме некаква промена во тоа? Не бе луѓе, така било секогаш, така и ќе остане. Јас лично сум најголем противник на тие работи и како сѐ функционира во нашата држава, ама тоа е. Нит до сега се почитувал некој закон, нит ќе се почитува, за тој што има врски. Како беше онаа, кај што има сила, нема правдина. Тоа е реалноста кај нас, за жал.
Можеме да направиме промена кај нас, лично. Да не фаќате врски, да не потплаќате, да не примате мито, да не 'заобиколувате' закони и процедури, и да пријавувате ако посведочите нешто од ова. Кога мнозинството ќе го достигне овој стандард, тогаш 'само од себе ќе помини'.
А што до тогаш? Што додека чекаме мнозинството да го достигне тој стандард? Не секоја работа може да чека. Јас се согласувам со тебе, дека треба прво од нас лично да почнеме, ама не е тоа така едноставно. Одам на доктор со мој термин, чекам саат време плус од закажаното, зошто некоја икс личност си влезе како на гости кај пријател да оди. Кај да пријавам за такво нешто? Кој ќе го реши тоа? - Никој. Нареден пат кога требеше да одам, а ми беше доста итно, морав и јас да барам врски и да частам ручек, за да завршам битна работа на доктор.
Не е виновен само народот што дава мито, ехее колку доктори сами бараат пари на рака за да те направат операција, па за породување трудница и што не, тоа е зачаран круг, и сестри бараат и чистачки за да ти поддадат чаша вода, ако не, не те погледнуваат. И ќе речете пријави, а кај да пријавиш бе, кога сите ко црева се исплеткани. Кадија те тужи, кадија те суди. Јавна тајна е и тоа како УЈП и ДСЗИ работат на терен, и го искорени некој тоа, не. Колку царинарници сами бараат пари под рака, шише пијалак и што не за да те царинат побрзо и побезболно. Кај нас не помага ништо веќе, ко кучиња пуштени од синџир се, секаде се отвараат врати со поткуп и со знаеш кој сум, на грото им успева, а на тие помалку среќните без пари и врски ќе им лупаат врата пред нос во секоја институција и ќе 'паѓа' системот. Ни во судството има правда, ни во образование, ни во здравство. И нема ништо да се промени ни со новите генерации, таа нова свежа крв во која се крстите, ви бега во странство, а и да е тука, пасивно си вегетира, и така во круг. Нема друго, мора некој да е дупката на Балканот
И тие се народот. Не се башка група. Сите знајме луѓе шо работат во државни институции. Роднини ни се, пријатели, познаници.... И од тој ист народ, избираме власт. И сеа... ако е таков цел народ, односно мнозинството, такви ќе се и политичарите. Пошто и тие од народот се. Не ни ги увезува никој ни докторите, ни полицајците, ни наставниците, ни судиите, ни тие шо работат по шалтери, ни власта... додај по желба Еволуција. А еволуцијата се движи со брзината на најспориот примерок. Ко не сме вируси.. па да мутираме на 6 месеци
Темава не треба да служи да дебата.. туку за креирање војка... и стрикно во напад. Толку е широка што во Македонија за најмала работа владее мито и корупцијаа што да земам да си пишам не мислење книга од 5000 страни ке напишам.