1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мит

Дискусија во 'Образование' започната од Xepp, 8 април 2012.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Па вака не видов ваква тема и ако има се знае клуч.
    Овде можеме да споделиме митови...
    Имам за домашно да напишам некој мит барав нешто по нет ама не најдов, ајде ќе ве замолам да ми помогнете. :$
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Зависи каков мит сакаш? Имав јас Митологија предмет , пиши ми во лп ќе ти пратам некој
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Леле јас мислев за Универзитетон МИТ приватниот е отворена темава :rofl:
     
    На Ema.Sk, Sephora и antonina им се допаѓа ова.
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Во линкчето подолу имаш раскажани митови за: Дедал и Икар, Тантал, Сизиф, Орфеј и Евридика, Ахил, Одисеј, Едип и митот за златното јаболко.

    Мене лично најмногу ми се допаѓа митот за Сизиф. Дали дека тоа беше првиот мит кој го дознав или нешто друго, незнам. :D

    http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... _8922.html

    И во споилер, за Плачковица и Охридското езеро. :)
    Зошто Плачковица? Затоа што во плачковичкиот крај,низ векови, се прераскажува една легенда за кралот Александар и за неговиот престој кај некој крал од тој регион, кој наводно имал свое кралство, кое се викало Паонија. Двајцата кралеви се состанале во Светиот Град,кој се наоѓал на платото од
    планината Плачковица. Вотој Свет Град Александар и неговиот домаќин Липиј разговарале какода продолжат добрите односи меѓу тие два народа во добро и во лошо.Се договориле да си помагаат во сите нешта кои се од доменот на државните односи. По таквата спогодба иразбирање, на радоста и не
    мало крај, а таа се пренела и во народот, така што по един ци почнале како и кралот да плачат и да ронат солзи ра досници. Врз основа на оваа случка, и поради тоа што се излеале многу солзи, се фор мирал поток - рекичка, кој тогашните мештани го нарекле Плачковица, а пак, на планината и го промениле името во Плачковица, имиња кои останале до денес. Постои и друга легенда во која
    се зборува за името на планината Плачковица. Спо реднеа, татко му на Алек сандар
    III, кралот на Маке донците,Филип II го донел синот на планината Плачковица, која пред тоа имала друго име,кај некоја жена која знаела да лекува за да го излекува од преголемото плачење,кое го обземало идниот крал на Македонија. Таа жена живеела во градот на Плачковица кој се викал Свет
    Град. Откако го донеле принцот Александар во при дружба на татко му, кралот Филип
    II, и и кажале на жена зашто се работи, таа им од говорила дека детето е сосема
    здраво, а плаче затоа што во себе поседува пре голема
    енергија и на тој на чин морада се ослободува од неа, при
    што им рекла да не се возбудуваат, треба да го оставатна мира и дека наскоро, штом ќе почне да оди, ќе пре станесо плачењето и му предвдела дека ќе стане голем цар и ќе ја надмине славата на татко му. Кога ова го слушнал Филип II, кој бил во при дружба на месниот крал Липиј, кој пре стојувал во Светиот Град на Плачковица, одрадост се рас плакал како инеговиот домаќин, и по нивното пла чење името на планината и го замениле и ја нарекле Плачковица.

    Предание за Охридското езеро

    Местот кај што е денеска Орицкото Езеро ,во старо време било поле со најубави ливаге.
    Близу до градо Орид имало едно изворче многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора да се заклопува како некоја кутија,што да нема влакно од кај да излези,нити да влези внатре.Градо Орид бил како некое село , и бидејки немало во градот чешма ,нити пак бунар си леале вода од изворчето,орицките жени, секоја жена што ке залеала вода од изворчето, требила убаво да го затвори капакот.Не оти за да стои чис изворо,ами еден насиет ,што му бил оставен на жените и на мажите од дедо=прадедо, да го затвораат изворот,оти, ако не го затворат,ке избрзни водата и ке му го удаи сето поле ,можеби и селото.Знаејки оричани тој стар насиет, со голем мукает го отварале и го затварале изворот, чунки сите верувале оти , ако го остават отворен капако , ке избрзни водатан и за вистина тоа и нашло.

    - Од што се страшиш и се плашиш, тоа ке те најди , што рекле стари м да тоа и нашло и комшиите - наши оричани.
    Се нашла една глупаа невеста што си налеала вода една вечер и од мрза, али од будлаштина незина не го затворила изворот со капако.Штом се нашол изворот од устина надвор, та си текол текол целата нок и се исполнило сето поле, станало цело блато.

    Кога се обзорило отишле жени да си леат вода и што да видат.сето поле се удаило од водата од изворчето! И не могле веке да се приберат да си залеат од изворчето отворено,и ја нашле која невеста била ,ама што да је направат, олди битии ,тоа веке се стори и неможело да се отстори , ОД ден на ден растела водата , растела дури се сторило цело езеро. како што гледаме и денеска .што е најголемо езеро.

    (Превземени се од silenceforum.com)