1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми ветуваше дека ќе ја остави

Дискусија во 'Канта' започната од parachute, 12 ноември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. parachute

    parachute Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Излегував со човек кој беше во врска и ми ветуваше дека ке ја остави верував во тоа ден пред да се вери и до тогаш излагавме и ден пред да се вери ми зазвони на телефон и ништо не ми кажа што можи да му значи титкањето??Едно единствено прашање кое никако неможам да си го одговорам...
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Па сега, тоа е.
    Ти ветувал, не го исполнил ветувањето.

    Само децата веруваат на ветувања.
    А ти си сакала да му ја растуриш врската, баш ти одговара никот си сакала ако со падобран да се спуштиш во нивната врска, ама падобранот за жал не ти се отворил и сега си демек потполно уништена.

    Девојко, немој така.
    Сите знаеме дека немаш право да се лутиш.
    А тоа со титкањето, може по грешка било, нема потреба да се измачуваш со тоа
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ништо, што може да му значи. Се верил, има ли зошто уште да си го тупиш мозочето. Не потклекнувај, ако се јави само кажи му дека тој веќе одбрал. Човекот си е таков сака да си игра. Затоа не се замарај. Продолжи си со животот.
    Може звучи сурово, знам. Но тоа ти е вистината.
     
    На parachute му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Со титкањето сакал да ти каже да не му се лутиш “сеуште мислам на тебе“ -значи во наводници, и да си тука за него кога ќе му се присака со тебе.
     
    На parachute му/ѝ се допаѓа ова.
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Е па човекот се верил... Подобар одговор на твоето прашање амин... :^)
    Па сега ти ако се тешиш дека едно титкање ќе смени нешто тоа е друга работа. Драга моја знам дека звучам грубо но стварно не знам што е задоволството да бидете втори виолини. Човекот ќе се жени со таа девојка и ти треба да го оставиш и да си продолжиш понатаму. Искрен совет. :!:
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Девојко ти си прифатила да бидеш втора. Него му одговарало тоа. Сигурно си знаела колку е сериозна врската штом дошло и до веридба. Така да нема што да бараш совет. Ако не ја оставил на почеток , а ветувал верувај нема никогаш. Инаку титкањето не значи ништо, може било грешка или демек помислил на тебе. А од кај дозна дека се верил ако не сте се чуле? Абе девојки зошто се лажете?
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    хмммм.... па девојче жал ми е за тебе ама тоа е. Животот продолжува, за машко не се тагува. Тој сигурно ја сака неа или пак не може да си дозволи да ја изгуби од различни причини. Не вреди да тагуваш, звонењето нека не те замислува, ако пак ѕвони игнорирај го. Што вреди да останеш во контакт, тој веќе си го зацтрал животот. ајде, има многу други, гледај покрај тебе да ги имаш луѓето што те створиле и што те носат на прав пат!

    а ова што сите те критикуваат дека си се вмешала во врската, нека не те повредува, секоја може да се најде во таква ситуација!
     
  8. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Од секогаш сум се прашувала како некоја девојка може да излегува со машко кое си има девојка.. не му е доволна првата или не му дозволува некои работи па ајде ке бара некоја која ке му ги исполнува недозволените работи и ке и дава лажна надеж и ветувања. Не си требала да дозволиш на некој да си му втора и да си му по потреба всушност. Ако ништо друго како можеш да веруваш во неговите ветувања кои сега ти ги прави на тебе, оди и со тебе а си има девојка? И да ја оставил девојката како би можела да му веруваш на тој човек понатаму кога гледаш дека ја изневерува сегашната девојка? Што ке ти прави пак на тебе ако си му станала девојка..
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    ....А да му влезеш на свадба и кога матичарот ќе рече дали има некој против ти да си завршиш работа....
    Глеј од двете страни има добивка....ти и тој копукот заедно зошто се заслужувате в крај (срам да ви е!), зошто ти ја демнеш врската, а тој дека е копук што џоле во пантолони не може да го чува!
    А другата добивка е што девојката на која и двајцата и се подсмевате, ќе се спаси од тој кретенот, и нема да се осуди на лажен живот!
    ЦЦЦЦ....пак уште имаш надеж.....
     
    На parachute и marama им се допаѓа ова.
  10. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    види во денешно време само да си машко и за друго ич да не се секираш лажат изневеруваат и пак се фини добар глас ги бие :devil: ако го сакаш биди со него времето поминато со него ке ти даде на знаење колку е крут плиток си игра со тебе и треба да го ,мразиш
     
  11. parachute

    parachute Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    стварно незнам а за тоа некои што ми викате дека јас сум крива јас вопшто не се наоѓам крива само ете незнам некои така тоа го толкуваат ако не ме сакаше ич немаше да ме моли три месеци за првото излагање и секој момент што ке ја немаше неа да го врви со мене и да го посветува целосно на мене макар и да се 5 секунди во прашање само сакав да знам мислење ШТО МОЖИ ДА Е ЗНАК ТИТКАЊЕТО??? се додека не го најдам и не напрам муабет со него а како и да е еден ден кога и да е мора да ме сретни нема бегање :)
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Аман бе девојче зарем немаш гордост?
    Тој се верил,си имал врска за озбилно а јас уште ќе се занесувам,па дури и ќе го барам да ми даде објаснуање.Навистина неможам да го сватам ова.Тој ако бил тој маж,што толку те сака ќе ти кажел и немало да ти дава празни ветувања.Зошто едноставно не продолжиш напред,тоа што било -било ни најмалку не го оправдувам твоето однесување,што си барала со него а знаеш дека е во врска.Те молел тој три месеци,те молел затоа што сакал промена пред да рипне во тавче,а ако си дозволиш тоа може и понатаму да продолжи,како што може да заклучам уште си збудалена по него.Неверувам дека ќе го одбиеш ако сака така да продолжите,па што има врска тоа дали е женет или пак во врска,неверувам дека ти менува нешто.Можам само да те прашам како ќе ти биде тебе да си на местото на неговата вереница?
     
  13. parachute

    parachute Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ех...ама не сум :) како и да е тоа е тоа идеме даље :)
     
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Девојче одговори ми искрено, без никакви препукувања.

    -Се гледате кога него ќе му се присака.
    -Во врска е, која е во префаза на брак.
    -Ти ветува нешто кое што нема да го исполни штом не го исполнил досега.
    -Изневерува некого, кого ти не го познаваш и не знаеш каква личност е.
    А ти единствено нешто што се прашуваш е зошто не ти титка? Запрашај се и за некои други работи, не само тоа...

    Искрено незнам што бараш совет од девојчињата тука... Штом си се одлучила да пишеш сигурно го читаш форумов каде што верувам си прочитала дека 80% од форумџивкиве имаат антипатија према ова ти што го правиш, така да сигурна сум дека си знаела што одговори ќе добиеш. Нека не те чуди што сите те најдоја ТЕБЕ крива.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.