1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми дава лажна надеж

Дискусија во 'Сингл' започната од malecka.16, 8 јануари 2010.

  1. Unaa

    Unaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0

    Претпоставувам дека имаш 15/16 години или мање. Исто и тој.

    Немој да попуштиш пред него, не ти треба таква личност. Знаеш како ќе заврши целата ‘ваша‘ приказна? Ќе те смува, ти ќе леташ ќе бидеш пресреќна па он така фино ќе те спушти доле со тоа што ќе те стави на беден игнор. И ти од медови, во бедови ќе си навлезеш. По некое време ќе смува и некоја твоја другарка и тебе тоа ќе ти падне премногу тешко и ќе се разочараш.
    Што да правиш? Стави го ти на игнор. Прај се важна, гајле ти е. Не се смеј на неговите шеги, мрчи му, не му прави нему муабет. Тоа ќе му смета. Верувај. Затоа што тој е навикнат ти да се топиш во негова близина. Скрши му го филмот па работите ќе тргнат во твоја полза. Ќе се посвети на тебе, кога ќе сфати дека не може лесно да те има.

    На машките секогаш им е послатко она што потешко го добиваат, тоа е веќе докажан факт ;)

    Со среќа :hai:
     
  2. strawberry555

    strawberry555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Уффф лелее навистина целата сум збунена ....
    Иако е тешко ке пробам да го направам ова што ми го велите, ха :worried: всушност сите мои другарки ми го велат тоа :)
    фала девојкии :*
     
  3. B.B.B

    B.B.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Момчето има 21 год,има женска долго одат,се запознавме преку насите одители т.е. на 1 мај се запознавме.Тогаш само помислив дека е симпатичен али преголем за мене.
    Пред некое време една вечер се враќавме заедно на неговиот мотор,цело време ме држеше за раце,ме бакнуваше по дланката додека возеше,а пред тоа цел ден ми се смешкаше зарем флертувал со мене ?
    И сега после месец дена се најдовме на фејсбук и тој постојано ми пишува.Најпрвин ме прашуваше дали ми се допаѓало возењето со него,па дали би се возела пак со него ова она и сакал сега на 7 август пак ако идам со моите да се возам со него.А битно е што има женска.... :?: Што се случува? Каде води сево ова :?:
    ПОМОШ!
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Нели е преголем дечкото да треска вакви глупости. Извини ама ако сака нешто нека премине на главното, а не ти се допадна ли возењето на мотор, сакаш ли пак? |( А и штом има женска за озбилно повеќе од јасно е што се случува. Сака само пролазна авантура и толку.
     
  5. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Според мене ти дава лажна надеж.
    СоветПлус.
    Стави се на местото на девојката, како би ти било тебе така да ти направат, разговарај со него дека сакаш да сте само другари.
     
  6. TeodoraBeba

    TeodoraBeba Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Веќе долго време сум 'single' откако раскинав со бившиот,но сега почна да ми се допаѓа еден и тоа многу но кога првиот пат го прашав дали сака да има нешто помеѓу нас , тој сакаше да размисли,а во тоа време мојот бивши повторно сакаше да бидеме заедно и јас се согласив на тоа пошто мислев дека сеуште го сакам,но ние повторно раскинавме.По некое време му се извинив на дечкото што ми се допаѓаше и се беше ОК.Бевме мн добри другари,но се гледаше дека и двајцата сакаме нешто повеќе од тоа.Излеговме една вечер и разговаравме за се,но и се смувавме...И јас тогаш помислив дека ке биде нешто повеќе само од излегување за една вечер,пошто ми збореше за тоа дека ако бидеме заедно,како ќе се гледаме кога тој ке оди за Ск на факс,дека ке му биде тешко,а ако раскинеме на крајот на летото потоа нема да можеме да бидеме другари (тое е негово мислење ја не се сложувам).Јас таа вечер му реков дека се оставам на него,како сака тој така,но дека на мене мн ми се допаѓа и тој на тоа даде одговор така што ме бакна...Излеговме таа вечер и се беше ок.Но по таа вечер тој воопшто не зборува со мене.Му пратив порака дека треба да разговараме и тој ми рече ок ке ти пишам , но не ми пиша.И јас се изнервирав.Не знаев зошо не дојде да се видиме,но сега ми кажаа дека не можел да дојде од опр причини и дека тој не ми збори затоа шо ја не сум му зборела.А како ја да му кажам нешто кога тој не разговара со мене и мислам дека ми се лути , а нз за што...Молам за совет
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Девојче те мота овој. Ти го направил филмот, како ќе било, што ќе било и испарил |( Одењето во Скопје го навел само како причина од што немал што да измисли, а вистината е дека сакал само да си помине убаво, ама да не се обврзува. И не го гони толку (прочитав прва си го прашала за врска, прва си му се јавила...) зошто му ги креваш акциите, па изиграва фраерче. Не се нервирај, не пропаднал светот, ти на твоите 16 години треба да имаш десет резерви :)
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Многу ме нервира кога се случува ова. Да, го свиѓам, убав е. Ама он се однесува топло-ладно. Вчера цел ден ме замараше, а некогаш одговара со да/не. Еднаш ми вика Еј срце, морам да одам да јадам, те сакам. И јас му вратив само само чао :* Вчера читам јас на фемина и гледам ми пиша. Кога видов останав со отворена уста. Ми пишал: „Те сакам, те сакам, те сакам.‘‘ И јас иако го свиѓам му пишав само :* <3. Незнам што му е финтата. Ќе дознаам јас, знаете како се вика Кој чека ќе дочека. :) Туку, сакам ваши мислења да слушнам. :D :D :D
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Ова најискрено:

    Е да бе! ТЕ САКАМ на мижи да те лажам не бива. Искрено.... има појма фраеров што значат тие два збора?
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    НЕ!
    Затоа и не верувам. Да се викаше така лесно те сакам, до сега... :x
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    4.623
    Значи дечки дечково имаше женска, но раскинаа. Во моментот кога раскинаа таа не беше тука, туку во странство и сеуште е. Ние излагаме два месеци, секој ден. Но некако се чуствува дека бившата не му е целосно избришана. Но за овие два месеци многу се зближивме, значи ептен. Ден без да се видиме не можиме да замислиме. Но доаѓа време за тој да тргне факултет, а јас гимназија. Значи ќе оди у Скопје :( Страв мие. БИ сакала да сме во врска, и да имам доверба. Што да правам? Да не е само лажна надеж сето ова?
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Како забележуваш дека уште мисли на бившата, дава некои посебни знаци?
    Добро е штом излегувате често и сте се зближиле, тоа според мене е добар знак за понатаму, за иднина со него. Ама овие денови внимателно следи му го однесувањето, за да видиш дали навистина вреди.
    И штом сакаш врска, ако си похрабра можеш да почнеш да му правиш муабет во врска со тоа, ама индиректно, па види како ќе реагира, иако јас мислам дека нема каде да брзаш.
     
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    4.623
    епа поминавме една цела вечер зборувајќи за бившата. и можам да почуствувам. сепак ќе оставам времето да покаже што и како ќе биде.
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    состави самото време нека покажи дали можи понатаму без неа а ти и не се замарај многу со тоа гледај да му биде убао со тебе и да е срекен и насмеан а бившата како дошла така и ке си оди од неговиот живот
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.274
    Пол:
    Женски
    Драга лејди,подобро да биде искрен со тебе,отколку безбожно да те лаже!Ти на сето ова си неблагодарна,значи остај работите да течат спонтано,ќе збори за бившата,ќе збори ,ќе му прекисне,ќе видиш.
    Кое го викаш ти лажна надеж :^) ?
    Опуштено девојко,смири се,Скопје не е преку светот,ако се засакате и ако двајцата сакате врска,далечината нема да биде голем проблем .
    Остави на времето,да се запознаете убаво,да се изјасните и двајцата кој што сака,ако не вбидне ништо,секој по свој пат :!:
     
  16. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .... :emo: ...мене ова ми се случува веќе една година..се беше убаво за да одеднаш дечкото поретко почна да ми се јавува,ги немаше честите скајп и фб комуникации,по тел исто,јас обично прашвам оти е така..негов изговор беше дека сум грешка јас дека се е ок, ги увеличвам работите....и малку помалку се се проретчи на недели и месеци...по пораки 1 на 2 недели ме сака до небо,јас сум слепата и глупавата шо не ја гледам нашата љубов,полно жени се љубоморни ,сите ја гледаат љубовта само јас не... :^) .празни зборој и фрази,упорно сакав да му докажам дека не е во право,сакам на старо да си сме...ама без резултат.. ;( .дури после една година си признав иако од порано бев свесна дека тој си игра со мене,дека е женкар,се посветува на други жени и затоа нема време за мене,дека не ме заслужува,...... :^) сеуште ме бара повремено ко ке му текни и кога има време,ама јас се на игноре клавам..и пак сум јас кривата,јас сум таа шо бегам од него и шо неќам контакт поблизок...не знаам само уште колку време ќе се мачиме вака...јас сум на крај на сила со скршено срце и душа од ова топло /ладно..ми се гади од се шо е машко............ :devil:
    :emo: калимеро работа....нема правда..... :emo:
     
  17. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Значи вака..ми треба Огромнааа помош колку што е можно побрзо!
    Се запознав со еден дечко негде средина на септември а го меркам од почеток на школска година..преку другарка од клас(иначе нејзин бивш али коа била мн помали) он ме аддна на фб и после тоа одма самиот дојде да се запознае со мене. После тоа јас една недела не се поздравувам со него, некако мн се срамев и он тоа го знаеше но после тоа се опуштив..После негде 2 недели од дешавкиве и рекол на другарка ми дека сака со мене. Е сега тоа се деси се на крај на септември,а еве веќе е ноември и уште се неаме смувано. Муабет по школо секој ден, и на фб коа ќе се укл. (пошто не се укл. често :^) После тоа некој му кажал муабет за мене, како јас сум се пуштала на сите машки по школо, а тоа си нема благе везе |( :P . Тоа мн ме изнервира само заради тоа што јас се дружам со деца од 4та год (иначе сум 2ра, а он е 3та) и јас фино лепо се му објаснив и он рече дека не верува во ништо такво, бидејки и за него збореле свашта!- пред една недела правев муабет со него face to face за тоа да ми каже нашто сум. Ми рече нешо као демек, јас тоа што сум рекол кје биде али моментално иам еден проблем што ме кочи :?: :devil: понатаму не прашував пошто глупо ми беше некако... :?: негов и мој другар ми вика да не секирам пошто рече дека мн добро го знае и дека кје биде сигурно али не знам...Размислувам да се откажам и да бидам онак "не ми е гајле" фазон али и нејкам да го испуштам од друга страна..Сите ми викаат да не отказувам само да ја применат тактиката топло-ладно (која веќе ја применувам и делува успешно и сам доаѓа кај мене) но сепак не сум сигурна лажна надеж е или..????? Ве молам за вашите мислења итноо! :hai: :worried: :?:
     
  18. BlueRose

    BlueRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Е девојки и јас имам проблем со дечко што ми дава лажна надеж. Се запознавме со него преку еден другар и ме адна на фб и почнавме да си зборуваме. Од септември па навака муабетите зачестија и не поминува ден,а да не збориме,па дури и излегувавме заедно. Пред некоја вечер ми се јави,ме праша каде сум.. и дојде :) е сега..проблемот е што јас бев со другарки.. и испадна да се знаеле со едната од нив.Тој ми кажа дека дошол да ме види мене, а цела вечер со неа зборуваше и си се штипкаа.. и не ме ни погледна... и дознав дека тие требало да се муваат некад,ама ништо не испаднало. Ептен отфрлено се почувствував таа вечер и станав поладна... а тој се однесуваше како ништо да не се случило. Во нервоза го ставив на оффлине на чет,и дознал.. и ме прашува што е проблемот?Не знам што да одговорам.Можеби сум љубоморна и ги преувеличувам работите... ама цел муабет што сме го правеле,паѓа во вода доколку повторно му се вратат емоциите за другарка ми (п.с. не ми е многу добра другарка). Што да правам? :worried:
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Па шо го вртиш?
    Тој дошол тебе да те види,па што ако се знаеле со другарка ти?
    И велиш цела вечер си правеа муабет со неа,си се штипкале,а тебе те отфрлиле.
    Јас не гледам тука дека момаков има емоции за тебе,можеби онака сака само да те смува.
    Мани го на игнор и најди си друг дечко.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Ако препрочиташ што напиша и самата ќе сфатиш дека не те заслужува, па ти треба да бидеш таа што ќе ги полудуваш момците,таа што ќе играш топло-ладно и ќе не знаат на што се,а не да дозволуваш они тебе да ти го свртат умот. Батали го бе златна