Епа вака, барав ваква тема на форумов но не најдов ако има иста ваква бришете. Пред скоро 3 години прв пат ми дојде...мислам беше крајот на Декември 2009. Знам беше пред нова година. Тогаш имав 5-6 дена и тоа беше прво и последно. Од тогаш веќе немам добиено ни еднаш. Постојано имам болки во стомакот, незнам дали е поради тоа или е нешто друго. Понекогаш се појавува некоја кафена или темно црвена лигава материја на гаќичките или пак понекогаш се појавува и една точка крв на хартијата за WC. Незнам што да правам. Ве молам помагајте. Бев на гинеколог ми рекоа дека е во ред, но тогаш имаше помалку од 1 година како ми доцнеше. Сега се направија веќе 3 години незнам што да правам.
Бев 2 пати на гинеколог и 2 пати ми го кажаа истот нема потреба од анализи се е во ред. А мене страв ме фаќа. Ајде разбирам се случува по неколку месеци да не дојде ај и по 1 година ама 3 години се претерано. Незнам што да правам ако може некој да ми предложи некој добар гинеколог или ако има некој сличен проблем нека каже што се случило од што било. Иначе имам 14 години.
Малечка си, можеби е до хормоните, можеби тек навистина ќе добиеш. Ама да не нагаѓам, најубо посети гинеколог чим имаш болки,кажи каква е работата. Друго чаре нема, ние не можеме да ти помогнеме.
Ane-99, за овој проблем ќе ја седнеш дома мајка ти ....се надевам упатрна е. И фино лепо со мама кај гинеколог.
Јас ти препорчувам фино лепо со мајка ти под рака и да си отидеш на друг гинеколог. Ние тука може да измишљаме што може да биде и зошто може да ти доцни, но гинеколог кој ќе се заложи малце за твојот случај ќе ти каже најдобро. Побарај да ти направат испитување на хормони. Ама барај ти сама, дури и ако ти рече гинекоголот дека се е во ред на ехо. Јас ова во секој случај го поврзувам со хормоните, затоа што за мене не е нормално 3 години да не добиваш, кога веќе еднаш си добила. Пиши ни што си направила.
Послушај ги советите од девојките кажи и на мајка ти дека си премногу загрижена и дека сакаш пак да одиш на гинеколог смени го оди кај друг види што ќе ти каже твоето здравје е во прашање не е тоа туку така подобро да се спречи отколку да се лечи се надевам дека се ќе биде во најдобар ред
Ане, и мене ми се случи слично нешто. На 11-12 години ми дојде за прв пат, крварев ден-два и престана. Потоа ми дојде тек на 14 години и од тогаш ми е редовна. Мислам дека нема за што да се грижиш, зашто еве - барем јас сум немала никакви проблеми.
Аман де, со тие ваши заплашувачки совети. Ане не е никаква голема грижа. Ете си била на гинеколог ти кажале да не секираш, ќе ти кажам и јас. Додека вистински не ти почне циклусот редовен се случува се. Растеш. се развиваш ... Во пубертет си, хормоните работат. Опушти се, ќе почне вистинскиот циклус кога ќе дојде време. И тогаш може да има промени, период на немање додека се среди во редовен тек.
Ане а зошто со мајка ти заедно не одите на гинеколог.Ако си девица нема да те прегледува вагинално,ќе ти направи ехо...можеби ќе ти даде совет да испиташ хормони.Период од 3 години е навистина голем за да не се уреди до сега.Ако си слабичка можеби покасно созреваш.Во секој случај не е лошо да си направиш една контрола.
немој да се секираш и да се плашиш,тебе менструацијата сеуште не ти е среденаимаш само 14 год,и јас прв пат добив на 14 год,па еве ме сега здрава ,жива и секогаш ми е точна,сепак разговарај дома со мајка ти