Очите се тие, носот е тој, устата и веѓите ми се само малку подебели и косата ми е посветла. Тенот е тој. Фала Скај. Еве слика за тебе.
Немам зелени очи ама обликот на очите ми е сличен ,обравчињата погодени. Само што така не се сликам јас
Ред роуз 97,само кај устата и обликот на очите имаме сличности само моите се кафени.Имам кафена долга коса права носот ми е долгнавест тенок и не толку округло лице малце поиздолжено Сепак ти благодарам Еве како јас те замислувам Погодив нешто?
Блиску си. Само очите ми се потемни и малку со син сјај косата не ми е толку виткана а бојата е потемна и лицето ми е малку пошироко. Обиди се пак. Благодарам.
Ангелче стварно личи на мене малава во косата и во очите ама нејќам да носам такви рокерски ствари другото ок си е
Кое чувство на визуелност го имам, абе тоа чудо некое е Е да, малку со боите секогаш забегувам , ама во суштина тука некаде сум
Eeee Ози За оваа викав, од Индија филмот што е Иста Оффи Хипи очите ептен си ми ги погодила, ама немам веќе шишки , и носето ми е многу помалетко од ова