Косата ми е за нијанса-две потемна, очите зелени ми се, а не сини Устата нешто слично и носето а и обликот на лицето е отприлика тој.Сепак немам некои поголеми сличности со девојкава
Фала Савана Не сум фарбана плава, туку имам природно не толку светла руса коса, имам слични очи со девојкава во бојата и формата како закосени а другото е различно
Кате21 Трендафилка Хипика само не толку црна Како бе така наоѓате девојки?!Мене на пример ме асоцираат на некои познати личности или имам претстава во глава каква што не можам да ја доловам или па ич не ни ги замислувам.
Лилит, не ги замислуваат, секоја чест на исклучоците, ама повеќето онака ставаат слики пишуваат пример девојка со плава коса на гугл и ја ставаат за онаа која кажала за нив. Така полека се изгуби магијата на темата
И мене ми заличи на мене да ти кажам И отпосле дури видов дека сум спомната Ја сејвував, ќе си ја чувам за нареден аватар
Офи, мило ми е што те погодив А ред, друг облик ми е лицето, косата пред некој месец ми беше иста и очите и веѓите ми се тие, друго не. Устата ја имам ставено во темата за уста , друга е. Со Ева повеќе си личам во телото, само моите гради се помали Фала во секој случај. Јас сеуште немам формирано слика за тебе, само знам дека си од Битола и имаш дечко
За сликата на Лилит еднаш кажав, во очичките и челото личам малку на Кетрин Хејгл, дури и во насмевката, тоа линиите кај образите исти, само што не се смеам никогаш зината. Сепак цртите ми се поинкау поставени И бојата на косата ми е таа сега, ја темнев па ја осветлував... А за неа во последно време си имам претставено некоја слика како онаа што води вести на Канал 5,една убавка млада, не можам да најдам слика
кога се зачленив, откако ја видов Лилит, т.е. нејзиниот аватар, ме потсетува на пејачката и сега секогаш кога ја читам, ја замислувам ваква
Карина, имам ваква моја слика слична со оваа поза Формата на лицето, носот, начинот на кој е нашминкана девојкава, и веѓите, исти такви ми се. Очите, бојата не, формата малку потенки ми се Ама за сериозноста на лицето, е тоа си го погодила бе Тенкју
Прочитав за темава во друга тема и баш ме заинтригира не сум многу долго на форумов за да ги забележам сите што се поактивни, ама сепак можам да дадам мислење за оние на кои што сум налетала Многу ме интересира како вие ме замислувате мене