Ова е Хајди во мојата глава дефинитивно. Знам дека два пати пробав, ама ова ќе си остане. Совршено се поклопува според мојата имагинација и фантазија.
Лилитка ме знае изгледа штом толку ме погодила Срцка си Лилитке жити се А јас за тебе ваква слика отприлика имам
Не личиме Другарка ми баш сега ми испрати една слика, многу сум и личела на девојкава. Еве ја сликата..и да, може да се каже дека си личиме
Браво бре Сеси,мора да ти кажам дека најблиску си од сите Значи суканици,како и толку китки во косата нема да имам никогаш,ама у фаца озбилно личам со девојкава,само јас имам зелени очи и устата ми е мааалку пополна.
А јас мислам дека на Георгина и е омилена песнава! http://www.youtube.com/watch?v=-2WNkkeKZlY И сега знам секој импулс ќе те чини,смислуваш зборови кратки ама фини,ти значам јас само во евтини тарифи. Ако ти значам,јави се на фиксен,ако ти требам барај ме фиксен! Аааа умрев! Инаку,Карина само косата...а ЛивингГлам...морам да признаам дека најблиску ме доловила,девојките се слични,ама ако ги закомбинирам ептен јас ќе испаднам,ма да очите ми се специфичен дел од фацата,ни двете не ме доловуваат,ама сепак...и дете потсетуваат на менe. Ај да не ве мачам,уште еден едит...потсетувам најмногу на девојкава на профил пикчр што ми е,затоа си ја ставив,ама ова само кога сум нашминкана,инаку продавачките во продавница ме прашуваат кое одделение сум! Најсериозно хахаха...
Јаоооо жено си ме убила у поим со песнава значи Па ми беше хит неделник бре,само сеа се префрлив на овие посабајлечки во автобусите на ЈСП што ги пуштаат,репертоар Шемса и другови во комбинација со некоја запотена мишка или реа од тазе изџвакан лук...мммм убаини царЦки Иначе ваков колоритен,разноврсен и богат текст одма предлагам да се земе у предвид за најновата реклама за Македонски телеком
Хахаха... НЕ личиме со Ели, но се познаваме. Во стилот на облекување можеби, лицето не. Порано слично се носев, дури и многу по-`опуштено` , сега сум каде каде по-едноставена. Порано ги сакав дречливите бои - сега пастелните, И стилот на облекување ми е променет (си дојде со годините ), Спојлер паметот не ми е , но сеуште уникатен и впечатлив. ps. порано кога бев плава сите ме давеа дека личам на Бритни Спирс И што е уште по трагично имам некои слики на кои навистина многу потсеќам...сеуште ги коментираат за тоа на ФБ.
Hipica (океј сега мала е сликата,ама потполно исто те замислувам) Wild.Child кога ги видов сликите веднаш помислив на нив
Кога ќе помислам на било која форумџика, веднаш ми текнува на аватарчето нивно, и тоа она од првите. Оффи ја замислував баш како што е на сликите (во "Модни критики за храбри феминки"). А кога ја видов онаа Гордана од Куманово, 21 години мислам беше, на идолот ја имаше ако ви текнува, на прв поглед веднаш ме потесети на Хипи .
Хипи, сега барав на you-tube и не можев да најдам. Инаку, девојчето има плава коса, и беше фатена. Не знам како да ти ја кажам поточно. На некој ако му текне нека ми помогне .
Женскава од рекламава ми личи на Мартина-срцуш и Сања Лазања, заедно со дечко и. http://www.youtube.com/watch?v=JecFX_gz ... re=related