^^ Па да ти кажам, право, и си заличувам малце со девојчево. Само помалечко усте имам јас, поситни очи и потенки веѓи.
Боа, не ми кажа дали нешто погодив? Инаку Росоњерка и мене по сликине од модни критики, многу ме потсетува на Каролина... Росњерке ти да не си Каролина, камуфлирана овде меѓу нас обичните смртници? А Горде ја замислувам вака
E до сега најмногу ме погодивте со девојкава од сликата и косата кога ми е пеглана само што шишките сега ми се малку израснати,а да така ми беа до скоро време настрана само веѓите ми се малку поразлични а онака си личам со девојчево до некаде,у ште пеги да имаше девојчево и се ќе беше в ред
Море срце многу убава ме замислуваш, ама не личам баш Очите ми се кфеави(а многу сакам зелени очи). Обликот на лицето ми е сличен, можеби има мала сличности во устата Сепак фала што ме замислуваш вака убава
ауууу ме откривте Ова се мои лични комбинации без помош на Цаци Паковска A Спаркс само на овој начин те замислувам A? Не верувам дека личам, али сакам да ми е ногата како на Блејк Aли еве ти личиш на оваа шпанска актерка
Малце пократка е косата, бојата е таа, а очите никако, ситни ми се и светли. Па и носот ми е орловски Втор обид за тебе?
specificone мислам дека не сум толку мила ти? Мерлин сега си ми некако најблиску устата ми е слична, очите исто, носот...
Марамке, ај кажи таму на народов фемински, нека не се мачи веќе, те разоткрив еве си, и не се буни, знам дека си таа, не ми превраќај