Јас да си кажам - нем аништо заедничко, освен можеби должината на косата. Русокоса е, малку покрупна, оваа е сучка, а ни цртите на лицето не се тие.
Лин немам ништо заедничко со девојката. Имам долга црна виткана коса, пополни усни од ова, црни очи и темен тен. Имам усни како сликата за Мисс што ти е. Лин Савана
Не личам баш(кога ќе ја покријам устата можеби сепак малку личам ), помладолика сум, ама косата ми е ваква кога ке се испеглам инаку природно ми е брановита. Очите ми се зелени, а формата тука е погодена. Може да се каже дека имам слични веѓи. Ај пак да пробам за тебе: (само косата црна, лицето долгнавесто) Савана:
Хахахахах Марама ама ме изнасмеа Мене ми личи малку во погледот, ама косата не ми е толку виткана, помали очи и поголема уста а веѓите ми се исто такви криви
Уф, баш ме инспириравте да рагледувам слики од модели и да визуелизирам . По напорно разгледување од некој половина час, одбрав топ 5 слики кои ме потсеќаат на некои форумџики. Па, се надевам дека нешто од нешто сум погодила. Нумеро уно- Сесилија. Девојкава ми има створено слика на некоја сензуална убавина (најверојатно поради корисничкото име). Во секој случај, мора да е ултра тренди. Можеби нема толку темна боја на коса, но сепак мислам дека не е плава . Па СесилиЈо, еве како приближно те замислувам. Нумеро дос- Карина. Во главава ја замислувам како нежница. Складни и нежни црти на лицето, медова боја на коса и совршен тен со светли очи и полна уста. Едноставно речено- совршенство Трес- Мерлинка. Ај погодете зашто ме потсеќа на сексиљава плавуша??!!! Ултра згодна и ненормално сексиљава. Се разбира плава коса со полни и сензуални усни и темни очи... Кватро- Кендица, нашиот слаткиш. Девојка со природна убавина. Со крупни кафени очи, полни усни, екстремно згодна и многу природна. Синко- Марамка. Во главата те замислувам баш вака. Исти очи, усни и коса. Ако грешам- корегирај