Немаме некои сличности со Селена, можеби формата на косата, но бојата е поинаква, а и мене ми е подолга. Сепак, фала за замислата.
Имам кафени очи и темна црна коса, но да имам темен тен. Очите ми се крупни, но нејзините се вистина крупни, полна ми е устата да. До некаде можеби за конструкцијата на лицето, но не баш видов тука слики што повеќе личат на мене за други девојки само сепак ти благооодарам јас утре ќе те побарам тебе А ти благодарам за убавите зборови
Еве ја ФБИ Не знам, многу ми одговара Лив за ликот на ФБИ што си го имам створено, иста ваква ја замислувам само со кафени очи. Мислам дека има некоја мистериозна убавина и баш специфичен изглед. Еве ја Старфиш Нежен, мил изглед, убава насмевка, секогаш обрнува внимание на детали, педантен, чист изглед. Старфишке Алба те доловува онака како што те замислувам 102% И еве ја кумата Мерлинка Специфичен изглед кој самиот по себе зборува колку е шармантна мила и духовита со мааалку саркастичен поглед.
Во обликот на лицето Свитхарт ме погоди. Формата на очите ја погоди Багуфче, бојата Ливинг. И бојата на косата Ливинг , Пинк ја погоди мојата идна боја на коса, а СкајАнгел мојата природна. Должината е како во замислата на ФБИ. Веѓите Ливинг ги погоди. Стандардниот поглед ми е како што Искра си знае, насмевката ми е опширна како што Кенди си претпостави, инаку имам мали усни како Искра што кажа. Такви луди пози како Боа што замисли ми се идеални за сликање, а очилата ми се во план за изнаоѓање. Се на се, Свитхарт најблиску ме погоди, а Ливинг ме издаде.