Мислам дека е еден од најпогодените обиди, ако не и најпогодената личност на која личам, само јас немам толку хоризонтален облик на лицето, малку поиздолжен имам. И не ми е баш таква устата, ама многу ни е слична. Имам малку покрупни очи, веѓите се тие скроз, должината, формата, бојата на косата е баш таа само што имам малку понастрана патец и ми е права. Браво Маглонија
Втората дефинитивно не, ќе кажам за првата...имам многу посветол тен, ама таа на сликата е сончана. Вака на прв поглед можеби и личиме, ама дел по дел не толку. Имам потемна и пократка плава коса од неа, и поинаква форма Поинаква форма на веѓи и покрупни очи. Обликот на лицето отприлика е тој, не скроз, ама отприлика да. Устата ми е слична, само мојата е малку пополна и помалечка и од нејзината и од на Џесика Симпсон. Имам поголеми гради и отприлика тоа е фала многу
Косата ми е таа од прилика, но природна Таласеста, инаку секогаш ми е пеглана и малку подолга ми е .. Веѓите се тие од прилика. Очите НЕ имам зелено-сини очи. Устата е таа од прилика ..Аааа да Имам и такво ланче Фала ти смајли што си се сетила на мене Јас тебе вака те замислувам мал микс од три девојкии Насмевката и усните од оваа девојка Косата должината како оваа девојка, само посветла И очите како оваа девојка Се надевам дека нешто погодив
^ морам уште нешто да се надоврзам на сликава за смајли што си ја имам створено.....страшно многу ме потсетува на едно девојче кое доаѓаше на мојата улица кај баба и , на поседок.....сега е права девојка кога ја видов пред некое време си реков ова може да е Смајли....плава висока, слабичка
Ани,душо си направила утка кај мене. Немам ништо заедничко се девојките. А тебе мило ми е што сум те погодила. Гоу,и јас си имам замисла за тебе само сеуште не можам да ја најдам соодветната слика
Прво фала што си се потрудила.. Формата на косата не ми е ваква, очите ми се покрупни и тоа доста покрупни од Бритни а бидејќи ми е слична на Џесика исто и од нејзините па отприлика истото ќе го кажам се на се не личам со девојките со тоа што формата на лицето ми е слична со оваа на Бритни, веѓите не баш вакви, носот ми е поинаков, устата поинаква.. и на Бритни и на Џесика Симпсон можеби некому од прва ќе му заличам со затворени очи но се на се, не личам на нив...
Teмава од интересна,каде што само Марли и уште една женска ја правеа прекрасна,сте ја отеретиле со муабети од кои ми се превртуваат цревава.Од молби,ај мене некој,до самоанализи каков си,ако ти се погоди убава девојката арно,задоволни се ко да е пропроционално со вистината и вашата душа,ако не се осеќа дозата на разочараност. Муабетот е ми личи на,јас ќе си стаам слика како јас те замислувам и ич не ми е гајле,не гледам на гравчиња што лепота си! Фала!