Паааа може да заличува да... на моменти, и зависи како сум застаната, формата на веѓите е многу слична, очите ми се покрупни, помалечок нос имам и устата не ми е баш таква... ама стварно добар обид! Фала многу
Мене Лилит ми личи на Меган Фокс и точка! Личела или не - незнам, а не ме ни интересира - муабетот ми беше, дека секогаш кога ја читам Л. во глава ми се мота слика на Меган.
Oва е Пирамидката Спојлер И следнава слика ,кога ја видов ме потсети на неа,баш со таква коса ја замислувам Ова е Магнолија А ова Сесилија
Anneyy - воопшто не, во нитуедна црта на лицето ниту боја на лицето не потсетувам на девојкава Ели25 - косата е таа отприлика, односно беше ако ја земам во предвид бојата - да не ме зезнеше Лореалон и сега сум потемна Инаку таква ми е баш периодов, од што не можам да ја смирам, таква шашава бушава издувана раздувана, аман! Инаку останатите црти не ми се тие, фала сепак, со косата малку повеќе ме погоди А ти?! Спојлер Не дека конкретно нејзе физички ја имам во главава кога ќе те загледам тебе, но замислата на нежна, кршлива а сепак мила насмевка ми е врежана во главава за тебе, м?
Јас па Пирамид кога и да ја читам ја замислувам како Сиена Милер,можеби грешка е но таква слика за неа имам во глава.
^^ хаха баш ме изненади. Паааа, право да ти кажам, имам повисоко чело. Бојата на косата е тука некаде, но мене ми е малку пократка фризурата. Чичек има каде-каде покрупни очи од моите, имам полна усна, но не е слична на оваа. Денсинг квин, дали имаш нешто слично со Мајли Сајрус???
Ели послаба сум во лицето, со изразени јаболкници и горната усна ми е потенка. ти? А девојката во погледот ме потсеќа на Теодора
Па бојата на косата ние тука некаде должината не, имам такво мало носе и поголеми усни и темно кафеави очи.
Пирамидке, уште да бев плава,ќе те разочарам црнка сум си А во насмевката има нешто ,може да се каже дека само во нејзе наликнуваме Сега ќе мора друга слика да си создаваш за мене
Магнолија,ич не личам ,може малку во косата зошто така ми е навиткана по малку природно Инаку сум многу ситна во лицето и имам кафеави очи Тенкс
Е добро ме потсетивте на Пирамида, леле секогаш кога ја читам во глава ми се врти слика од Џорџина Спаркс (ја пишав така зошто не знам како се вика глумицава во приватен живот), секогаш, таква ја замислувам. И еднаш на плоштад видов девојка што личи на девојкава и мислев да не е Пирамида
Ме насмеавте девојки, секоја со дијаметрално поинаква замисла за мене. Не Плавушице, не сум ни таков тип, имам поостри црти на лицето. Во суштина имам мрднато специфична фаца, на никој не личам, озбилно Плавуша, јеси ли ти ово?