Тенот, формата на лицето и устата се погодени иначе имам потемна коса и малку подебелки веѓи од девојчево. Фалаа ines.h јас тебе вака те замислувам погодив нешто така случајно или слабо
Хмм,устата е скоро иста,бојата на косата исто (само мене ептен малце ми е потемна),и носот истотака е сличен...очите и веѓите не (јас имам покрупни очи и потанки веѓи) леле да,посебно на сликава потсеќам на неа,бидејќи во поледно време и јас ја носам така косата со патец....и очите ни се скоро исти Фала ви и на двете за обидот
Од кога се канам да напишам, ама од кога Роси постираше слика во „Модни критики“ со една сукња мислам беше кафено-крем, точно не се сеќавам сега, со косата на една страна пренесена и дефинитвно мислам дека личи на:
Тенот ми е дури за нијанса-две потемен, до толку мермерна не сум Устата погодена, сигурно и бојата на косата, мислам дека ни е сличен и обликот на очите. Само шо имам потемни веѓи и не толку правилен нос 8ка
Теодора? Нумериа? Менди Лејн, само по блонди? Руби, само потемна бринета? Мимс, со потемни очи и нијанса потемна коса, малку пополни усни?