Тинкербел, мене Зои премногу ми личи на Старбакс!! Кога ја видов сликава можеби 2-3 минути мислев од каде ми е позната .. и ми текна. Која сличност во лицето, леле.
Јас сум просто поласкана и запрепастена...... Браво човеку!!! Дали личам....нека оценат тие кои ме познаваат лично
ЛилБејби. Не знам колку личи ама јас кога и да ја читам ја замислувам како Кејт Хадсон. Дали оти некаде прочитав дека ја сака и нон-стоп во глава ми е ликот на Кејт. Исто по мислењата ја замислувам така позитивна, насмеана, откачена како Кејт . Хипстер Есперанса Смајли АнаКаренина
Ах, бев скоро плава порано, со прилично долга коса, ама сменив имиџ од пред некое време. Сега сум со кратка коса до раменици, во темно, темно кафена боја. Носето ми е многу слично и имам малку подебели веѓи. Формата на ликот ми е малку позаоблена. Имам поинаков нос и помала уста, а формата на ликот ми е тука некаде. Веѓите ми се подебели и во малку поинаква форма. А бојата на косата ми е потемна. И не сум пегава Вака многу мани ви најдов
Знам дека еднаш го спомна истово, и пак јас ќе ти одговорам истото, ќе плачев од среќа ако личев на Кејт верувај ми. И морам да ви признаам, мислам дека Кејт ми е некоја близначка заборавена на другата страна на светот, искрено. Имам многу заеднички карактеристики, што во однос на физикусот, што во карактерот. Но, она што го немаме заедничко е косата и бојата на коса. Мојата е права, и е темно кафена, но летово ќе правам освежување со посветло кафена, па може ќе дојдам до нејзината боја, што ми е желба ... Туку БлекСвон еве друга замисла на тебе:
Ама важно погодив дека си личете во повеќе работи , сега косата е најмал проблем . Инаку со Лив имаме заеднички црти. Устата ни е речиси иста, ако не и сосема иста. Само што јас имам поизразени образи и имам зелени очи. Косата исто не ми е црна ама се на се, има некои сличности .
Па не баш. Кoсата ми е пократка и ми мава на црвено малку, и устата чинам и носот ми се поголеми И најбитното не се гледа очите. Ама дефитнивно би носела ваква маица и наочари, така да убава замисла имаш за мене, благодарам. Јас те замислувам вака Сaмо со поинаков нос.
Хмм, има некои сличности. Очите ми се зелени, устата ми е таква и за носот си погодила дека ми е поинаков . Ама некако формата на лицето не ми е баш таква и веѓите ми се поинаку обликувани. Косата природна ми е ваква слична нијанса ама сега фарбана ми е посветла. Фала сепак за замислата .