Епа јас не те знам од фејсбук, ама еве ќе пишам: Се надевам погодив барем малце. А, за мене имате некаква претстава?
Фала за обидот. Не личиме воопшто тргнувајќи од обликот на лицето, па до косата и носот. Ти? ЕДИТ: Глоси оваа од твојот пост во погледот и косата наликува на тебе и на мене богами
Lux, еве јас ќе погодувам. Кога и да те читам, си имам ваква некоја слика за тебе.. А кога сум веќе на темава, еве што слика имам за другите. Кога ја читам Oxymoron, стално ми иде слика на некоја со бушава, пуцвал коса . Појма неам зошто. Phyramid, страшно многу ,,ме потсеќа'' на Џенифер Анистон. Незнам, можда ќе да е до аватарот од неа што го имаше порано, па јас сум си стаила некоја слика во глава.. A кога ќе ја видам kravce низ темиве, ми иде некоја слика од Emma Stone, најверојатно поради еднаш песната што ја имаше постирано од Еasy A - во некој од нејзините постови, кога Ема ја пее pocket full of sunshine . Додека Дани-чап, многу, ама стварно многу ,,ме потсеќа'' на Викторија Бекам . Врска немам зошто, ама ете...
Еленушке не личаам, јас сум поцрнкаста и со поинаква фаца. Анабела па вака малку ко да потсеќа на мене, ама едно 50% потсеќа, косата најмногу си ја погодила едно 90% мене ми е бушава исто само со малку покрупни локни
И мене Оксиморон ме потсеќа на девојка со бушава коса, ама црна! Вака нешто: Ама нели како што кажав, црна коса, црни веѓи и очи. И поинаков (подолг) облик на очи, некако бадемести. Заборавив, и потемен тен.
Anna-Banana немој бе вака ќе си умрам на лице место ..кај ја најде оваа една емоција и е секогаш закачена на лицено а и многу ми е антипатична