Во оваа слика најмногу си личеме. Спојлер Ист облик на лицето имаме, мене носот ми е малку нагоре напрчен, очите и на двете ни се како вдлабнати, бојата ни е различна, и косата ни е сосема различна. Не си прва што ми има кажано дека личеме.
Она што ми е навистина интересно во темава е дека сите девојќи ги споредувате со некои заносливо убави јавни личности. Нормално, сите сме си убави на свој начин, ама според таа општоприфатена дефениција за надворешна убавина и еден мал детал може да не одделува со километри од истата. А сите коментари се од типот - „иста боја на коса, очите ми се вакви, носот ми е малку поинаков...“ И кога ќе видиш, воопшто не си личите со личноста на сликата. Знам дека е само за забава, немојте да ме нападнете со сарказам и иронија.
Оооо Кимче,многу убава ме напрај А Горде не се дава,глава не кажува никако Јас личам во устата,обликот на лицето и носето тука е негде,а очите ми се сини,косата ако ја исправам,таква ќе ми биди Сега имам мааалце посветла боја на косата.А веѓите треба уште малце подолги
Обликот на лицето си го погодила Очите ми се мааалку поситни (уствари мене ми се ситни кога ќе се насмеам, а вака покрупни ми изгледаат). Насмевката и забите ни се многу слични. Носето ми е уникатно, никој нема како моето Имам пократка коса и во потемна боја. (и едно 5-6 минути се гледам во огледало окезена во истава поза, за да видам што си ми погодила )
Девојката од спотот на The Script - Hall of Fame ft. will.i.am многу ме потсеќа на Марама! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=mk48xRzuNvA
Се согласувам со Глоси во потполност и мене првиот пат кога ја видов девојката ми заличе на Марамка. Имаат слични црти.
На прв поглед можеби, но мислам дека освен усните немаме ништо друго заедничко. И со оваа на прв поглед можеби имаме нешто заедничко, формата на лицето и усните.