јас пробав се значи се разни производи авон орифлеим и што уште не и не ми се зацврстија(освен ноктите на палците) и сега можам да ги пораснам и да имам два големи нокти и осум џуџиња така да си ги надградив за матура ми стоеја 2 месеци и сега ако сакам долги си купувам вештачки и готово..немам нерви сега да се замарам со нив..ги замразив..
и јас мака мачам со ноктите но пиев апчинја мерц и многу ми помогнаа 500ден се 60 таблети се пијат по две на ден тие се за нокти коса и кожа! кај мене имасе резултати после 2 недели
Мене ноктите ми се многу меки и лесно се кршливи дури и кога се облекувам малце ке ми запне на облеката и веднаш се крши Со се имам пробано и со гел и лак за зацврстување и Дикла крем за нокти но не ми помогнаа.И користев крем од Аура и навистина ноктите ми пораснаа но веднаш се кршат и не знам веќе што да правам.Ве молам за совет
Јас моиве нокти ги измив со четка за заби со паста и и ставив прозирен лак и сега растат Да не ги урочам
Ноктите редовно ми се делеа бидејќи ми се природно меки и кршливи, дури и кога ќе ги скратев продолжуваа да се делат надоле. По големиот број на пофалби за лаковите на Аура, го купив лакот за зацврстување на слаби нокти. Сега по неколку недели употреба, не сум забележала да ми се дели некој нокт, а и ми се видливо поцврсти. Во Тинекс е околу 110 денари, не знам за другите продавници, но во секој случај не е воопшто скап. На кутивчето пишува дека го спречува листањето и пукањето на ноктите, ги пополнува нерамните површини на ноктите, го забрзува нивниот раст и им дава цврстина и еластичност. Според мене, вреди да се проба.
Јас ја користам кремата на Аура по цел ден се шлапам после секое миење раце =) на ноктите само...и стварно ми пораснаа и не се скршија овој пат =) сеа сакам и лакот да си го земам..а имало и некои ампули за нокти исто од аура треба да ги sирнам и нив...
Само мене овој лак дополнително ми ги суши ноктите... .Сега ми пораснаа што ми пораснаа,не ми се делат толку,ама знаете како пораснаа?!Ко лопатки се,широки!Да се чудиш!
ДИКЛА. Само овој крем ме спаси. Додуша откако престанав со употреба повторно ми се делеа, но не толку како претходно. А причините треба да се бараат во недостаток на витамини, минерали... И оставете ги еден период без лак. Одморете ги. Кај мене тоа успева
Имав страшно меки нокти, се виткаа дури, ама најмногу ми се зацврстија од еден кремза раце и нокти од авон, еден бел, само бела тубичка, ништо посебно. Од кога го користев него немам никаков проблем
порано имав многу убави нокти , цврсти ми беа.али почнав да користам зацврстувач и тогаш ми беа уште поцврсти. и престанав да го користам и од тогаш почнаа да ми се кршат да се листаат не можам да ги опраам.
Имам многу меки нокти...Кога ке пораснат ми се виткаат ептен и не знам како да ги средам. Некоја која може да ме советува??
Ох и мене ми се делат ноктите, што се не пробав и нема спас ! Онака се фини кога растат, ама кога ке пораснат ете ги ооооп ! Баш тогаш кога си задоволен од величината на ноктите тие почнале своја политика -.- И така сега си ги турпијам често кога ги растам, за да не ми се двојат, али тоа е послино од мене !
Топло ви го препорачувам третманот од Аура за кршливи нокти. Порано ми беа тенки како ливчиња, ми се делеа и кршеа, а откако почнав редовно да го користам многу ми се зацврстија. Го имате во поголемиве маркети околу 200 денари мислам дека е.
Како да си ги пораснам ноктите побрзо без да ми се делат? разбрав дека по употреба на дикла кремата пак се делеле така да не планирам да ја купувам...