Порано ноктите ми беа невидена катастрофа, ми се делеа, кршеа и што ти не. Е сега во тој период пиев апчиња од пивски квасец (ја ги користев ко демек за побрз раст на косата) и од тој период ми се нема случено да ми се делат, во тој поглед ми се супер. Пробај, можеби ќе ти заврши работа. Има тема на форумов за пивски квасец, прочепкај ја и види какви искуства имале другите девојки.
Го имав истиот проблем и имав пробане се и сешто но ништо не ми помогна се додека не го открив лакот од Impala за потхранување и зацврстување на ноктите и од тогаш немам проблеми со делење на ноктите,убавезноо да го пробаш навистина помага
а за што помага миењето со четка за заби со паста? инаку и јас порано ги грицкав ноктите но еве веке има осум месеци откако престанав и си имам убави,долги нокти а за лупењњто на ноктите помага маслиново масло-го спречува лупењето и ги зајакнува ноктите....
Јас никако не верувам во тие производи од Avon и остали козметички компании. Мислам дека се џабе трошење пари, без ефект. Според моето искуство, како најефикасни против делење нокти, се покажаа Мерц дражеите. Чинат околу 550-600 денари. И освен тоа што се против делење на нокти, воедно се и против опаѓање на коса и за сјајна кожа. Содржат бета каротен и Б комплекс, фолна киселина, витамин А, неесенцијалната амино киселина - цистеин и биотин. Покажуваат видливи резултати.
моментално си ставам од аура третман за зацврснување на слаби нокти има некоја преубава нијанса и може да го користиш и како лак и како подлога, не ми се до толку слаби ноктите ама знам некогаш да си ставам кога ке ми текне
Па кога ги миеш со паста тие побелуват а со лимон се зацврстуват...Може да направиш маска од лимон и паста за заби и да ја нанесеш оставеш и измиеш
И јас имам ваков проблем... и никакви лакови од авон , орифлем не помаагаат. Добри ти се ноктите додека не го излупиш лакот, а проблемот си останува. Затоа гледам секогаш да ми се налакирани макар со безбоен, ем не се забележуваат белите остатоци од лупењето. Иначе од братучетка имам слушнато за некој таблети витамински не знам за што биле (и ги дале после породување), ама кога ги пиела ноктите и станале многу цврсти што и едвај ги сечела
Долги нокти Феминки помагајте!!!Многу се нервирам, имав големи нокти а сега мали Многуу мали!! Ве молам помош како побргу да пораснат?-Само не со апчиња или лекови алергична сум на нив
Моиве нокти се дипломирани парти брејкери, значи знаат да ми се испокршат и испоизлупат баш тогаш кога највеќе ми требаат нокти и имам најголем мерак да ги тинтрам - па не е фер. Ми беа ужасни, кратки, излупени од секаде, ама им го најдов лекот. Си купив безбоен лак, ги налакирав - ми трае веќе 4 дена и верувале или не, ама ноктиве ми пораснаа како луди. Немам поим дали ќе да е до лакот, ама пребрзо е бре жени, поспоро ми растеа кога бев налакирана со обичен или пак онакви, без ништо, а и не ми се лупат/делат, чудо некое. Нема штета доколку се проба со безбојниов, може навистина помага да не се лупат или јас само си замислувам !?
Го купив од локална парфимерија, 30 или 40 денари. Ќе ставам и сликичка, ама да ти кажам право, не ми е баш толку веројатно да е стриктно од лакот, отсекогаш било така, и со оние другите безбојни кои ги имам купувано - ефектот беше ист. Ама вреди да се проба, не е скап. Спојлер од линијата на Оливиа лакчињата е.
Многу зависи и од витамините во организмот, сум приметила кога јадам повеќе овошје односно кога внесувам повеќе витамини и да не се грижам многу за ноктите тие ми се цврсти и убави
Јас знам еден рецепт кој го прочитав од весник и барем 2 месечно го правам (бидејќи имам цврсти нокти)....во кутиче од еурокрем се става жешка вода и две големи лажици сол...се меша и се остава водата да се излади малце додека не стане млака...ноктите се држат во водата 15 мин...овој рецепт можете да го употребувате и секој втор ден ако ви се премногу кршливи,ви се лупат или ви се оштетени.
Јас проблемот го решив со тоа што почнав да ги турпијам ноктите со метална турпија и од време на време да ги премачкувам со рицинусово масло.
Јас уште од летоска како бев на одмор и солената вода партал ми ги направи ноктите. Сеуште ми се разлистуваат а не се некои меки и кршливи. Само упорно ги мачкам со безбоен лак и ги враќам во живот полека полека
Тогаш проблемот е од внатре, значи на организмот му фалат некои витамини. Пробај со редовно пиење б-комплекс или пивски квасец. Јас пијам б-комплекс и не ми отвара дополнително апетит, а за пивскиот квасец не знам... Исто купи си и витамин Е има во аптека, црвени таблетки се
од кога знам за моите нокти секогаш се тенки и кршливи и се делат крвта ми е супер и кога поЧнаа ептен многу да ми се кршат и делат бев кај матичната и ми препорача витамини АЦЕНТРУМ и Б-комплекс бидејќи од ацентрумот се дебелее не сакав да земам бидејќи беше летен период си пиев б комплекс и сега ми се ОК
кршливи нокти имам мн кршливи нокти и неможам како секоја девојка да имма долги нокти ...и мн ми се лупат ако може некоој совет да ми кажете да не ми се кршат ноктите