кршливи нокти секогаш нека ти се лакирани,никогаш не ги оставај без лак никогаш,на сестра ми така и се зацврстија,а имаше многу крсливи и слаби нокти и она.A сега има нокти чиниш надградба и се,големи,цврсти,поубави и од моите
мене до пред некое време ми беа мн меки ноктите..и ми се лупеа..ама во последно време поцнав да пијам витамин ц и б-комплекс..и секој ден пијам цеден сок од лимон..и сега ми се многу по цврсти и не ми се лупат толку
Моите ми се делат само кога ми се без лак. Затоа стално си ги лакирам и пу пу машала одлично ми се држат.
Ми се случуваше почесто порано,ама и сега знае да се деси мислам дека е од недостаток на некој витамин ако не се лажам це витамин,до сега не сум купувала некакви препарати за нега на ноктите само ги лакирам и така ги заштитувам.
мене многу ми се лупат ноктите, пробав секакви препарати за заштита но ништо не ми помогна, а кога ги лакирам уште полоши стануваат, така да не користам ништо, така ги оставив ако се зацврстат некогаш добро ако не ништо
Еден мал совет: кога ги турпијате ноктите, турпијајте го ноктот само налево или само на десно(на една страна влечете ја турпијата), а не лево-десно брзинско турпијање.Ќе ја заприметите разликата после 3-4 турпијање.
леле девојки давајте некој совет што да им правам, ништо не ми помага, ги турпирам во еден правец али пак таман ке ми пораснат ми се делат Eдит: пред неколку месеци го пробав лакот за листање од Aура и бетер ми се сеа. Cе препорачајте само тоа не..
i jas imav vakov problem i otidov vo apteka pobarav krema za nokti so mi ja preporaca edna drugarka se vika DIKLA i veruvale ili ne prvpat vo moi 20 godini uspeav da pustam nokti dolgi i prekrasni,zacvrsnati ko vestacki da mi se mn mi pomogna pozz
A после употреба на кремата не се лупат пак? пошто читав некоја феминка имаше напишано дека додека ја користела и биле океј ноктите али после коа престанале пак и се лупеле
Ај кажувајте некое чаре, ама по могуќност да е бабин лек, пошто ова моево не се трпи. До пред извесно време имав супер нокти, не ми требаше којзнае какво трудење околу средувањето, само си ги турпијав, средував заноктици и цепав. Сега веќе скоро два месеци мака мачам, таман малце живнат, и оп - пукаат, се кршат, се листат бетер од тетратки. А ужасно ми сметаат вакви куси и испокасапени, не сум имала толку кратки нокти од седмо одделение, верувајте. Ќе си пукнам од мака, немам фат кога ми се вакви искастрени.
E ист проблем делиме. Cега баш ги скратив и ги истурпирав и ги ставив во лимон може пола саат-40 мин ми беа во сокот и ги вадам кога гледам показалецот излупен Oва више не се издржува стварно.. Bе молам давајте нешто ефикасно..
Мислам дека еднаш имам пишано во оваа тема ама ајде уште еднаш, порано имав ваков проблем но мене премногу ми се делеја накотите и имав се пробано со додека една продавачка во една парфимерија не ми го предложи лакот на Импала за зацврстување на ноктите, значи само по три недели од делње на ноктите немаше ни д. Иначе лакот е 180 денари ама вреди за парите то сигурно е сега малце потешко се наоѓа.
И јас го имав истиов проблем.. Порано многу повеќе им се секирав.....Ставав Дикла едно време,ама немаше кај мене многу резултати...А може па и не ја користев доволно долго..Ама неможев јас толку догго да бидам неналакирана,зошто кога немав лак многу полесно можеше да ми се подскрши некој нокт,или да ми се излупи и уствари како за џабе да ја ставав кремава.... Прашав еднаш кај една козметичарка и ми рече дека најважно било да ми се почесто лакирани...И така си почнав пак да си ги лакирам...Сега можам да кажам дека ми се малку подобри од претходно,зошто се трудев периодов малку поздраво да се хранам.Само да ви кажам кога се лакирате не ставајте многу слоеви лак, зошто кога има повеќе слоја лак побрзо се лупи и кога ќе се излупи делче лак може да ви се излупи и слојот И добро е некогаш да ставате основа некаква под лакот. И нормално трудете се да пиете повеќе вода, да јадете повеќе овошје,да внесувате витамини и тоа е
Cи го купив ова чудо на Flormar 130 денари Спојлер E ако не го бива ни ова се откажувам и од нокти и од лакови и од се, ќе ви пишам резултати за неколку дена
Ај да ми кажете што витамини треба да внесувам за да ми се опраат ноктите. Играм сега со таа карта - може витамини ми фалат...
Hишто од Flormarот за џабе фрлени пари, криво ми е иначе Mишела, требаат B витамини, јас пиев пивски квасец ни тоа не ми помогна. 3а мене нема спас, за тебе незнам
Eпа алелуја! Мене ова почна да ми се случува откако прекинав да ги пијам. Ама сепак мислам дека оние вистинските б-комплекс се тоа што ни треба, во пивскиот квасец ги има помалку ако не се лажам. Јас ќе почнам да пијам комбинација од двете, па ќе кажам ако заприметам некаква промена.
Тој Дикла кремот освен во Зегин го има на друго место. Бев преска да си го купам од Зегин и тој на каса ми вика само во Сарај и во Ново Лисиче го има. Патот не ме води натака